Радост

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Смеата, како кај овие деца од Бангладеш, е типична при искажувањето радост.

Радост — чувство на среќа, задоволство и добро расположение предизвикано од некој успех, пријатен настан и сл.[1] Жарко Требјешанин во своето дело „Речник на психологијата“ ја дефинира како „една од примарните емоции што се јавува кога доживуваме нешто пријатно, добиваме нешто што силно сме го посакувале или сме ја постигнале целта кон која сме се стремеле. Радоста ќе биде поголема ако желбата е посилна и подолготрајна, и ако остварувањето на целта е пропратено со тензија и потешкотии. Чувството ќе биде посилно и ако постигнувањето на целта е многу важна за личноста и ако неочекувано ја остваривме. Чувствувањето на радост е секогаш пријатно, но интензитетот може да варира од чувство на благо задоволство до нескротливо задоволство“.[2]

Разлика од другите слични чувства[уреди | уреди извор]

Иако често се употребуваат како синоними, постои голема разлика меѓу радост и среќа. И двете чувства се позитивно доживување, но радоста е постабилно чувство и се негува внатрешно во самата индивидуа. За разлика од среќата, радоста трае подолго и не е врзана за надворешни околности. Радоста се јавува кога личноста ќе стане свесна и ќе се помири со тоа која е и како е; а среќата е поттикната исклучиво од надворешни фактори и се заснова на други луѓе, нешта, места, мисли и настани.[3]

К.С. Луис прави јасна разлика меѓу радоста, задоволството и среќата: „Понекогаш се прашувам дали задоволствата не можат да ја заменат за радоста“[4] и „Тоа го нарекувам Радост, овде наведен како технички термин, и мора јасно да се разликува и од Среќата и од Задоволство. Радоста (според мене) има карактеристика, една и единствена што им е заедничка, а тоа е фактот дека секој што ја доживеал ќе ја посака повторно... Се сомневам дека некој што некогаш ја искусил, ако е во негова моќ, ќе ја замени за сите задоволства на светот. Но, сепак Радоста никогаш не е во нашата моќ, а Задоволството е пречесто“.[5]

Причини за радост[уреди | уреди извор]

Аријана Хафингтон, ги испитуваше причините за радост, поттикнувајќи ја преку разни условувања.[6] Условувањата биле поврзани со активности кои стимулираат некои неврохемикалии како допамин.[7] Според Хафингтон, активностите кои предизвикуваат позитивен неврохемиски одговор се произведители на радост и се извор на добрина.

Ингрид Фетел Ли ги проучувала изворите на радост. Напиша книга „Радост: Изненадувачката моќ на обичните нешта во креирањето на извонредна среќа“;[8] и одржа говор на ТЕД на оваа тема - „Каде се крие радоста и како да ја најдеш“.[9] Низ студиите за дизајн, открила дека радоста се крие во шарените предмети, голем број предмети, тркалезни предмети и поткренати предмети.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Значење на радост“. Македонски гов мк.
  2. „Што е радост“. Психотерапеут. 05.03.2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Fearnley, Rachel. „Joy vs Happiness“. Psycologies.
  4. Surprised by Joy: The Shape of My Early Life. (p. 169) Houghton Mifflin Harcourt. Kindle Edition.
  5. Surprised by Joy: The Shape of My Early Life. (p. 18) Houghton Mifflin Harcourt. Kindle Edition.
  6. Huffington, Ariana. „Joy Triggers“.
  7. Jiang, Daniel. „Getting High Naturally - Happiness on Demand“. Happyness By Design. Посетено на 7 September 2020.
  8. Lee, Ingrid Fetell. Joyful: The Surprising Power of Ordinary Things to Create Extraordinary Happiness.
  9. Lee, Ingrid Fetell, Where joy hides and how to find it (англиски), Посетено на 2 October 2020