Петар Стојковски-Бабец

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Петар Стојковски)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 1930
Битола
Починал 15 јули 2010
Битола
Националност Македонец
Занимање глумец

Петар Стојковски - Бабец (Битола, 1930 - Битола, 15 јули 2010) бил македонски актер и режисер.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Стојковски е роден во Битола во 1930 година. Основното училиште го завршил во родниот град, во училиштето „Св. Кирил и Методиј". По завршувањето на основното училиште се запишал во битолската гимназија каде работела силна драмска група на која Стојковски веднаш и се приклучил. Прва негова улога во Народниот театар во Битола како професионален актер е улогата на Милован во претставата „Фамилијата Бло" од Љубинка Бобиќ. Потоа следуваат уште многу други, како тие во претставите „Швејк во Втората светска војна" од Бертолт Брехт, „Дундо Марое" од Марин Држиќ, „Мистер Долар" од Бранислав Нушиќ, „Монсерат" од Е. Роблес, „Чорбаџи Теодос" и „Бегалка" од Васил Иљоски, „Глувечка патека" од М. Ѓарваш, „Арсеник и старите тантели" од Џ.О. Кесерлинг, „Вук Бубало" од Б. Ќопиќ и др. Дела кои ги има режирано се : „Педаче", „Сенката на господинот Вип", „Убавица и ѕвер", „Волшебникот од ОЗ", „Пипи долгиот чорап", „Трите волшебни кучиња" и многу други. Се пензионирал на 15 јануари 1993 година, додека починал на 15 јули 2010 година во Битола[3].

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ivan Ivanovski (1988). Plodovi na vremeto: teatarski kritiki za dela od makedonski avtori: Zbor i misla. Kultura. 
  2. Ivan Ivanovski (1983). Na svoja počva: makedonskata drama na profesionalnite dramski sceni vo Makedonija; Sovremeni makedonski avtori. Kultura. 
  3. „Во Битола почина актерот Петар Стојковски-Бабец“ (на македонски). Алфа Телевизија. четврток, 15 јули 2010, 13:24. http://www.alfa.mk/default.aspx?mId=44&eventId=25097. посет. 8 декември 2010 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]