Охридско-струшка дополнителна ударна бригада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Охридско-струшка дополнителна ударна бригада
Активнасептември 1944 - 29 октомври 1944
ЗемјаМакедонија
Видбригада
Големина520 борци, само 20 вооружани
БиткиЗавршни операции за ослободување на Македонија
Команданти
Истакнати
команданти
Стево Врбица

Охридско-струшка дополнителна ударна бригада — бригада на НОБ во Македонија.[1]

Историјат[уреди | уреди извор]

Бригадата била формирана на почетокот на месецот септември 1944 година. Бригадата била основаа во селото Велмеј, Охридско, поточно на планината Караорман. Командант на бригадата бил Стево Врбица, кој бил назначен на таа функција на 29 октомври 1944 година.[1]

Бригадата била составена воглавно од невооружани борци, односно вкупниот број на борци изнесувал 520, а само 20 биле вооружани. На 6 октомври 1944 годи на, поголем број од борците влегле во составот на Шестата македонска ударна бригада. Во тој период помал дел од борците на оваа бригада биле упатени кон Горно Врановци, за да добијат оружје.[1]

По самото основање на бригадата, челниците извршиле основна обука за ракување со оружје на тие лица кои не биле вооружени во селото Велмеј. Во селото, за време на обуката, им се приклучиле Црвеноамејците, кои избегале од германските затвори. Бригадата вршела диверзантски акции на патот Охрид-Струга, а под нејзина контрола бил патот од Мислешево до Охридското Езеро. Бригадата ја нападнала Струга на 3 октомври 1944 година.[1]

Бригадата била расформирана со наредба на Штабот на 48 македонска дивизија на 29 октомври 1944 година. Борците биле припоени кон Првата и Петнаесеттата македонска ударна бригада.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 д-р Марјан Димитријевски „Македонската војска 1944-1945“, Скопје, ИНИ, 1999 г., стр. ​138-139

Поврзано[уреди | уреди извор]