Минхен (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Минхен
(Munich)“
Munich 1 Poster.jpg
Режисер Стивен Спилберг
Продуцент Кетлин Кенеди
Сценарист Тони Кишнер
Настапуваат Ерик Бана
Даниел Крег
Киаран Хиндс
Метју Касовац
Жанр драма , трилер, акција
Музика Јоџ Вилијамс
Дистрибутер Dreamworks Pictures
Времетраење 168 мин.
Држава  САД
Јазик англиски
Буџет $75,000,000


Минхен (англиски: Munich) е драмски филм режиран од Стивен Спилберг од 2005 год. кој раскажува за масакрот на израелските спортисти на Олимписки игри во Минхен 1972 год. и тајната на одмаздничката операција која ја наредила израелската власт. Приказната зборува за група убијци, кои ги предводи бившиот агент Мосада "Avner" (Ерик Бана), кои ги пронаоѓа спортистите. Филмот е номиниран за пет Оскари.

Преглед[уреди | уреди извор]

Филмот е заснован на книгата на канадскиот новинар Џорџ Џонас, Vengeance: The True Story of an Israeli Counter-Terrorist Team. Самата книга е темелена на исказите на Јувал Авива, кој тврди дека бил агентот Мосада. Во книгата Авивовата приказна главниот лик е наречен "Авнер". Книгата на Џонас најпрвен е екранизирана како телевизиски филм од 1986, Sword of Gideon, со Стив Бауер и Мајкл Јорк во главни улоги, во режија на Мајкл Андерсон.

Филмот е сниман на разни локации на Малта (кои требаа да ја прикажат Тел Авив, Бејрут, Кипар,Атина и Рим), Будимпешта (која требала да ги замени Лондон, Рим и Париз и германскиот аеродром Фурстенфелдбрук), Париз и Њујорк.

Во американските кина филмот помина доста лошо, заработувајќи околу 43,5 милиони долари, што било околу три четвртина од буџетот (75 милиони). Меѓутоа, филмот релативно добро поминал во Европа, со 130,346,986 долари.