Малцински извештај (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Малцински извештај (англиски: Minority Report) е американски филм од 2002 година, во режија на Стивен Спилберг. Главните улоги ги толкуваат: Том Круз, Колин Фарел, Саманта Мортон, Стив Харис, Макс фон Сидов. Филмот, кој е снимен според делото на Филип К. Дик, освоил четири награди „Сатурн“: за најдобар научнофантастичен филм, за најдобра женска споредна улога, за најдобар режисер и за најдобро сценарио.

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се случува во 2054 година, кога полицијата е способна да ги апси убијците уште кога идејата им се раѓа во главата. Таа го постигнува тоа благодарение на тројца надарени луѓе, кои се способни да ги предвидат нештата. Меѓутоа, еднаш, како осомничен за идно убиство се јавува шефот на специјалната полициската единица (го игра Круз), иако тој воопшто не ја познава жртвата. Тој е решен да ја испита работата и да ја докаже својата невиност.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Возбудлив трилер со неочекувани пресврти“, Антена, број 878, 24.4.2015, стр. 3.