Милован Витезовиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Milovan Vitezović.jpg
Роден 11.09.1944
Витезовиќи кај Косјериќ
Националност Србин
Познат писател


Милован Витезовиќ (Витезовиќи кај Косјериќ, 11 септември 1944) — српски писател и универзитетски професор. Пишува песни, романи, есеи, критики, афоризми, филмски и ТВ сценарија. Објавил околу педесет книги во преку двеста изданија; застапен е во преку педесет антологии на српскатае и светската поезија, проза, книжевност за деца, афоризми, фантастика и телевизиски драми. Книгите ги објавувал на германски, аенглиски,унгарски, француски, италијански, словенечки, македонски, руски, романски и грчки јазик. Преведен е и објавуван во периодиките и антологиите на полски, чешки, летонски, унгарски, француски, шведски, хебрејски, кинески, бугарски и албански јазик.

Афоризмите му се објавувани во низа европски весници, од хамбуршкиот Стерн, до московската Недеља, преведени и на грчки, романски, хебрејски, шведски, италијански... Витезовиќ е еден од ретките српски современици, чија книга била забранувана, па дури и спалувана во своето прво издание; се работи за збирката афоризами Срцето ме е отчука (Срце ме је откуцало). Негови сатирични текстови честопати се објавувивани во Јеж. Автор е на многу телевизиски драми и серии, текстови за театарска изведба и филмски сценарија. Телевизиски филмови снимени по неговите сценарија прикажувани се на европските телевизии ОРФ и ЗДФ. Серијата Вук Караџиќ му ја донела Европската наградау за телевизија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Податотека:Kljajević Vitezović.jpg
Божидар Кљајевиќ и Милован Витезовиќ 2013 година

Роден е во Витезовиќи кај Косјериќ на 11 септември 1944 година. Се школувал во Тубиќ, Косјериќ, Ужице и Белград; дипломирал на Филолошкотфакултет, отсек општа книжевност, потоа и на Факултетот за драмски уметности, отсек драматургија. Бил оперативен уредник во во Книжевен весник српски Књижевне новине; во младинската ревија Сусрет омладине, радботел како уредник за книжевност до 1969 година, а од тогаш како уредник на гласилата Чивија. Функцијата уредник на играната серија на РТС ја имал од 1977 до 1991 година, кога станува главен уредник на Уметничко–забавниот програм на РТС, благодарејќи на своите блиски врски со режимот на Слободаа Милошевиќ. Член е на Здружение на книжевниците на Србија и српскиот ПЕН центра; зборува и пишувае за Национална ревија, магазин за национално нааследство на Србија. Кога во воената состојба во текот на НАТО бомбардовањето добил наредба да направи список на луѓе од Уметничката програма за присилни одмори и изгледно отпуштање, го пратил списокот само со едно име– Милован Витезовиќ. Зато е суспендиран, сменет и испратент на принуден одмор, кој се одолжил со години. На Академијата за уметности повикан е да предава Филмско и ТВ сценариосо звањето доцент од 2001 година. Сега е таму со звањето редовен професор на Катедрата за драматургија. Управниот одбор на Здружението на книжевници на Србија го предложило на 30 март 2012 за дописенг член на Српската академијна науките и уметностите, но не и изабран. [1]

Како надворешен уредник за капитални дела на Заводот за учебници и наставни средства учествувал во подготвување на дела на Павле Поповиќ, Богдан Поповиќ, Јован Скерли, Милан Кашанин и девет томови на Стојан Новаковиќа. Еден е од подготвувачите на Собраните дела на Симе Милутиновиќ Сарајлија (Бачка Паланка).

Награди[уреди | уреди извор]

Добитник е на бројни награди од кои се најзначајни: Змаеви детски игра Змајеве дечје игре (1978 год.), Големи базјашки повељи Велике Базјашке повеље во Букурешт 2005 година, Кочиќевата награда Кочићева награда (2005 год.) во Република Српска, Златно Гашино перо (2006 год.), награда Гласот на јавноста Меша Селимовиќ Меша Селимовић друго место (2000 год.).

Бил кандидат за Антологијата на најдобри светски сатиричари која е објавена воСАД 2007 година.

Во Нови Сад, јуни 2007 године му припаднла честа да го добие Змаевиот поетски стап и да ги отвори Змаевите детски игри, наголем фестивал за детско творештвовоЕвропа.

Добитник е на руското одликување "Златен витез". Примен е во редот на руски Витези на словенската духовност , култура и уметности.

Екранизација на неговиот роман Лајање на ѕвездите Лајање на звезде ја освоила престижната домашна награда Златна новосадска арена и наградата на фестивалот во Херцег Нови.

Книжевна работа[уреди | уреди извор]

Како раскажувач, текот на дејството води неосетно, спонтано и со многу хумор прилагоден на ситуацијата; делата се одликуваат со развиенафабулом, анегдотска нарација, потполно доловена атмосфера на времето за коесе зборува. Опсегот на теми со кои се служи Витезовиќ многу е поширок, од историски личности и настани, преку измислени ликови од нашето време, па до младешки четива кои претставуваат хроника на младост на сите нас. Во своите дела пружа не само увид во животот и светот на ликовите, туку и сликана различните предели давајќи општаслика на просторот и времето. Трудовите на Милован Витезовиќ завзеле место во школската лектира, исто така и во германската средношколски читанки. Како гост-уредник во Заводот за учебници и наставни средства, во едицијата на капитални изданија ги уредил избраните дела на БогданПоповиќ, Јован Скерлиќ, Милан Кашанин и Стојан Новаковиќ. Составил неколку антологии, меѓу кои и Антологијата на современите српски сатирични приказни( Антологију савремене српске сатиричне приче)(1979).[5]

Неговиот роман „Чорапите на кралот Петар “ ( „Чарапе краља Петра“ ) 2013 година преведен е на италијански јазик.[6]

Романи[уреди | уреди извор]

  • Шапката напрофесорот Коста Вујиќ (Шешир професора Косте Вујића)
  • Лајање на ѕвездите (роман) (Лајање на звезде) (28 изданија)
  • Милена од Кнез Михаилова ( Милена из Кнез Михаилове)
  • Света љубов (Света љубав)
  • Ајдук Вељко Петровиќ (Хајдук Вељко Петровић)
  • Европските години на кнез Милош (Европске године кнеза Милоша)
  • Чорапите на кралот Петар (Чарапе краља Петра)
  • Симфонијата Винавер (Симфонија Винавер)
  • Синѓелиќ се помирилсо сонцето (Синђелић се са сунцем смирио)
  • Принц Растко
  • Булерлеска во Париз (Булерлеска у Паризу)
  • Кога невен бил сонце (Кад је невен био сунце)
  • Госпоѓица Десанка (Госпођица Десанка)

Ајдук Вељко Петровиќ (Хајдук Вељко Петровић), Европските години на кнез Милош (Европске године кнеза Милоша) и Чорапите на кралот Петар (Чарапе краља Петра) се историски романи на чија градба Витезовиќ работел речиси дваесет години.

Книги со афоризми[уреди | уреди извор]

  • Срцето ме отчука (Срце ме је откуцало)
  • Мозочни капки (Мождане капи)
  • Мисларица
  • Луд драг камен (Луди драги камен)
  • Човече, налути се (Човече, наљути се)
  • Витешки кодекс

Десет одабрани афоризми[уреди | уреди извор]

  1. Партиските книшки најчесто се носат во паричник! (Партијске књижице се најчешће носе у новчанику!)
  2. Кој пее зло не мисли. Кој мисли не му е до песна! (Ко пева зло не мисли. Ко мисли није му до песме!)
  3. Во мрачните времиња храброст е да себиде светилка! (У мрачним временима храброст је бити свитац!)
  4. Паднал за татковината од природнасмрт! (Пао је за отаџбину природном смрћу!)
  5. Не вреди да се сврти лист. Книгата е иста! (Не вреди преврнути лист. Књига је иста!)
  6. Во лагата се кратки нозете, но не се гледаат од говорницата! (У лажи су кратке ноге, али се не виде иза говорнице!)
  7. Лесна им била црната татковина! (Лака им била црна отаџбина!)
  8. Мислим, значи,се сомневам дека постојам! (Мислим, дакле, сумњам да постојим!)
  9. Жените честопати не знаату што сакаат, но ги остваруваат своите намери! (Жене често не знају шта хоће, али остварују своје намере!)
  10. Гулабот на мирот е превртувач! ( Голуб мира је превртач!) [7]

Други дела[уреди | уреди извор]

Поезија за деца, собрани дела: Антологија на југословенската поезија за децу (I- IV) (Антологија југословенскепоезије за децу (I- IV)), Зелен глушец (Зелени миш), Со убавото сонцеодликувани (Лепим сунцем одликовани), Све боје света... (Све боје света...)

Телевизијске драме и серии[уреди | уреди извор]


Текстови за театарска изведба[уреди | уреди извор]

  • Диско
  • Тесно време (Тесно доба)
  • Го ускладувал луд збунетиот (Усклађивао луд збуњеног)
  • Добре дојдовте.. (Добро дошли..)

Сценарија за филм[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „За дописне чланове САНУ предложено 18 књижевника“ (ср). Радио-телевизија Републике Српске. 30. 3. 2012. конс. 31. 3. 2012. 
  2. „СПЦ одликовала Витезовића“ (ср). Радио-телевизија Републике Српске. 22. 2. 2012. конс. 23. 2. 2012. 
  3. „Миловану Витезовићу Орден Светог Деспота Стефана“ (ср). Радио-телевизија Републике Српске. 21. 2. 2012. конс. 22. 2. 2012. 
  4. Патријарх Иринеј одликовао Милована Витезовића („Политика”, 2. фебруар 2017)
  5. Лексикон "Ко је ко у нашем хумору, сатири и карикатури", Ошишани јеж. 1998. pp. 33.
  6. „Чарапе краља Петра“ на италијанском („Вечерње новости“, 24. децембар 2013)
  7. Избор из књига: Срце ме је откуцало (први пут 1969), Срце ме је откуцало (други пут 1978), Мождане капи (1980) и Мисларица (1982)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]