Мајка!

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
„Мајка!“
200п
РежисерДарен Аронофски
Продуцент
СценаристДарен Аронофски
Настапуваат
КинематографијаМатје Либатик
МонтажаЕндрју Вајзблум
Студио
ДистрибутерParamount Pictures
Премиерасептември 5 2017 (2017-09-05) (Венеција)
септември 15 2017 (2017-09-15) (САД)
Времетраење121 минути[2]
ДржаваСАД
Јазиканглиски
Буџет$30 милиони[3]
Бруто заработка$44.5 милиони[3]

Мајка! (оригинален наслов: Mother!, стилизиран како mother! )[4] е aмерикански психолошки хорор филм од 2017 година во режија и сценарио на Дарен Аронофски, во кој настапуваат Џенифер Лоренс, Хавиер Бардем, Ед Харис и Мишел Фајфер. Заплетот следи млада жена чиј спокоен живот со нејзиниот сопруг во нивниот дом е нарушен со доаѓањето на мистериозна двојка.

Мајка! бил избран да се натпреварува за Златен лав на 74-тиот Меѓународен филмски фестивал во Венеција, каде премиерно бил прикажан на 5 септември 2017.[5] Филмот се прикажал во САД на 15 септември 2017, во дистрибуција на Paramount Pictures, и заработил 44.5 милиони долари ширум светот. Иако филмот добил позитивни критики од критичарите, неговите библиски алегории и описот на насилството предизвикале контроверзии.[6]

Заплет[уреди | уреди извор]

Во куќа неодамна изгорена во пожар, Тој, признат поет кој се бори со сериозна писателска блокада, става кристален предмет врз една витрина. Куќата потоа одеднаш изгледа реновирана. Во креветот, мајката се буди, се прашува гласно каде е Тој. Таа почнува да гледаа нешта низ куќата што ја вознемируваат, вклучувајќи и визуелизација на чукање на срце внатре во ѕидовите.

Еден ден, доаѓа човек и бара соба. Тој лесно се согласува да го прими дома. Следниот ден, сопругата на човекот исто така пристигнува и останува во куќата. Мајката е фрустрирана од гостите, додека Тој сака тие да останат бидејќи му биле обожаватели и бидејќи машкиот гостин бил на умирање. Сепак, гостите пренападни во куќата случајно го кршат драгоцениот кристален предмет врз витрината.

Двата сина на двојката доаѓаат во куќата и да почнуваат да се тепаат заради наследството. Постариот смртно го повредува неговиот помлад брат и побегнува. Мајката останува сама во куќата, и открива нафтена печка сокриена зад подрумските ѕидови. Синот на луѓето починал. Десетици луѓе пристигнуваат во куќата по смртта. Потоа повеќе луѓе доаѓаат и се однесуваат лошо и дрско. Мајката ги брка сите надвор. Лута е на поетот дека во куќата примил луѓе и бидејќи ја игнорира. Потоа имаат секс.

Следното утро, му најавува дека е бремена. Вестите го прават среќен и инспириран да пишува. Неколку месеци подоцна, таа се подготвува за раѓањето на детето. Изданието на поемите експресно е распродадено. Мајката подготвува вечера за да прослават. Во меѓувреме, група на фанови ќе пристигне во домот. Потоа надоаѓаат повеќе. Нивното однесување е девијантно. Ја кршат куќата и крадат. Издавачката, Хералд, учествува во лудилото. Вооружени мажи со пиштоли пристигнуваат и се формира култ на посветени фанови кои почнуваат да изведуваат обреди.

Мајката е со породилни болки. Тој ја пораѓа во неговата работна соба. Хаосот надвор малку се смирува и толпата бара да го види бебето. Таа одбива. Кога заспива, Тој сепак ѝ го зема бебето и ѝ го дава на толпата. Толпата го убива бебето. Скршена од болка, мајката се пробива низ толпата каде гледа како толпата јаде од неговото месо. Бесна, ги напаѓа нарекувајќи ги убијци, оди во подрумот и ја опожарува куќата, градината и дрвјата.

Мајката иако изгорена преживува а Тој е неповреден. Тој бара да му ја даде љубовта што ѝ останала за него и со голи раце ѝ ги отвара градите, вадејќи ѝ го срцето. Од изгореното срце, излегува нов кристален предмет. Тој го мести на витрината. Изгорената куќа повторно се обновува. Во креветотот, нова мајка се создава и се буди, прашувајќи се гласно каде е Тој.

Хавиер Бардам
Мишел Фајфер
Ед Харис
Актерската екипа на филмот Мајка! составена од Џенифер Лоренс, Хавиер Бардам и Мишел Фајфер

Актерска екипа[уреди | уреди извор]

Теми[уреди | уреди извор]

An idyllic painting of the Garden of Eden
Џенифер Лоренс изјавила дека сетингот е врз основа на рајската градина.

Лоренс рекла дека филмот е алегорија: "Го опишува насилството и мачењето на Мајката Земја... Јас ја претставувам Мајката Земја, Хавиер, чиј лик е поет, претставува форма на Бог, создавател. Мишел Фајфер е Ева а Ед Харис е Адам, тука се Каин и Авел а сетингот понекогаш наликува на рајската градина."[7]

Аронофски рекол дека извичникот на насловот "го одразува духот на филмот" и одговара на "извикот" на крајот. Називот на ликовите се прикажани во мали букви, освен Тој.

Печката која се појавува низ целиот филм го носи симболот Вендехорн за кој се верува дека го претставува "содејството помеѓу вечните закони на природата, кои дејствуваат во согласност едни со други." Еден од необјаснетите елементи на филмот е жолтиот прашок кој секојдневно го пие ликот на Лоренс, за кој Дејли Бист предлага повикување на расказот на Шарлот Перкинс Гилман, "Жолт тапет"[8].

Продукција[уреди | уреди извор]

По филмот Ное во 2014 година, Аронофски започнал да работи на филм за деца. За време на тој процес, излегол со нова идеја. Сценариото за Мајка! го завршил во пет дена, многу побрзо од вообичаениот интензитет.[9] Филмот користи сонливо-логичен наратив, за што Аронофски ја дал следнава забелешка:

"... ако се обидете да го одвртите, тој како да се распаѓа. Тоа е психолошки уплав. Не би требало премногу да го објаснувате."[10]

Кастинг[уреди | уреди извор]

Џенифер Лоренс, наводно, била во разговори да се приклучи на филмот до октомври 2015 година.[11] Од јануари 2016 година, Хавиер Бардем, исто така, бил во преговори,[12] а до април Домнал Глисон, Мишел Фајфер, Ед Харис и Брајан Глисон биле додадени на актерската екипа.[13] Во март 2016 година, било соопштено дека и Кристен Виг ќе игра во филмот.[14]

Снимање[уреди | уреди извор]

Снимањето на филмот започнало на 13 јуни 2016 година, и завршило на 28 август, 2016 година.[15] Пред почетокот на главната фотографија, актерите вежбале три месеци во магацински простор, во кој период Аронофски бил во можност да "добие чувство на движење и движење на камерата и да научи од тоа." Во овој период, Лоренс била релативно опуштена, па Аронофски рекол дека како резултат на тоа тој "не успеал да ѝ го запознае карактерот, сѐ додека не започнале со снимањето[16]."

Музика[уреди | уреди извор]

Мајка! е првиот филм на Аронофски без вклученост на композиторот Клинт Мансел.[17] Филмот првично добил оригинална музика од Јохан Јохансон, но по гледањето на 90 минутната груба монтажа на филмот, Аронофски и Јохансон се согласиле дека нема да ја користат целата оригинална музика. Тие експериментирале со музика во само неколку моменти со користење на нова минимална музика фокусирана на звучниот дизајн создаден околу звуците на куќата. На крајот излегле со вториот избор, и Јохансон својот труд го споил со звучниот дизајн на Крег Хениган.[18]

На одјавната шпица, се појавува кавер верзијата на Пети Смит на нумерата "Крајот на Светот" на Скитер Дејвис.[19]

Прикажување[уреди | уреди извор]

The cast and director sitting at a long table
Актерите и режисерот Дарен Аронофски на прес-конференција во текот на Филмскиот фестивал во Венеција во 2017

Филмот првично бил закажан да биде прикажжан на 13 октомври, 2017,[20] , но бил преместен на 15 септември 2017.[21]

Неговата светска премиера била на 74-тиот Меѓународен филмски фестивал во Венеција, каде бил избран да се натпреварува за наградата Златен лав. Тој бил прикажан и на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто во 2017.[22][23]

На 7 август 2017, била прикажана првата официјална најава за филмот.[24]

Заработка[уреди | уреди извор]

Мајка! заработил 17.8 милиони долари во САД и Канада и 26.7 милиони долари на други места во светот со вкупна заработка од 44.5 милиони долари, наспроти продукцискиот буџет од 30 милиони долари.

Во Северна Америка, филмот бил прикажан истовремено со Американски убиец и бил проектиран да заработи 12-14 милиони од 2,368 кина за време на премиерните викенди.[25] Тој заработил 3.1 милиони на својот прв ден на прикажување. Стигнал до само 7.5 милиони долари, завршувајќи трет по заработка и означувајчи го најлошото деби за филм во кој Лоренс ја игра главната улога. Deadline.com лошата заработка ја припишува на неговата контроверзна приказна, погрешните реклами, и оценката "F" на CinemaScore.[26] Во својот втор викенд, филмот паднал на 56.3% со заработка 3.3 милиони долари, завршувајќи шести според заработка.[27]

Повикувајќи се на ниските приходи и на CinemaScore, Аронофски разочаран изјавил: "Имате такви луѓе кои во основа веруваат во моќта на iPhone бидејќи можат да комуницираат на 35 милиони луѓе додека да трепнеш, но тие сепак не веруваат во науката."[28] Тој исто така изјавил:

"Ова е удар. Целосен удар... Сакавме да направиме панк филм и да допреме до вас. А причината што сакав тоа да биде е затоа што бев многу тажен и имав многу страв и истото сакав да го изразам."[29] 

Бојкот на филмот имало и по политичките коментари на актерката Џенифер Лоренс во интервју за филмот. [30]

Домашно видео[уреди | уреди извор]

Мајка! бил објавен во дигитален HD формат на 5 декември 2017, и бил објавен на Blu-ray и DVD на 19 декември 2017. [31][32]

Одговорот на критиките[уреди | уреди извор]

Мајка! добил главно позитивни критики од критичарите, кои ја пофалиле режијата на Аронофски и изведбите на Лоренс и Фајфер.[33][34][35] На Rotten Tomatoes, филмот добил позитивна оценка од 69%, врз основа на 295 критики, со просечна оценка од 6.8/10.[36] На Metacritic, филмот имал просечен резултат од 74 од 100, врз основа на коментарите од 50 критичари, означувајќи "генерално поволните критики".[37] Филмот добил овации за време на премиерата на Венецијанскиот филмски фестивал.[38] Публиката на CinemaScore на филмот му дала просечна оценка "С" на скала од А+ до F.

Овен Глиберман од Варајети, во неговите позитивни критики за филмот, напишал: "Секако одете на" Мајка! " и уживајте во неговиот тобоган на чуден егзибиционизам. Ама плашете се, многу да се плашите, само ако сте со надеж да видите филм толку искрено вознемирувачки колку што е отворен.".[39] Петар Траверс од Ролинг Стоун му доделил на филмот 3.5 од 4 ѕвезди, опишувајќи го филмот и Аронофски како "уметнички плач од неговото расипано срце" и "дело на визионер". Тој, исто така, го пофалил филмот за алегориската нарација и за изведбите на Лоренс, Бардем и Фајфер.[40] Во Чикаго Трибјун, Мајкл Филипс изјавил: "Дарен Аронофски испорачува инкриминирачка критика на договорот меѓу уметникот и музата, како што и тој признава, со „старомодна патријархална едноставност.".[41] Пишувајќи за Гардијан, Питер Бредшо на филмот му дал 5 ѕвезди, велејќи, "Тоа е филмска детонацијата, фантазмагоричен ужас и црностриповен кошмар кој става наркотична игла директно во стомакот."[42] Бен Крол на IndieWire му дал на филмот А−, истакнувајќи дека "преплавен со религиозни и современи политички слики, алузискиот филм на Дарен Аронофски нуди можност за голем број на алегориски толкувања."[43] Во есеј за Холивуд Репортер, Мартин Скорсезе рекол:

"Тој беше толку опиплив, убаво снимен и одглумен — субјективната камера и POV обратните агли, секогаш во движење ... звук дизајнот, кој доаѓа до гледачот од аглите и води  длабоко и подлабоко во кошмарот ... неразвиената приказна, која многу постепено станува сѐ повеќе и повеќе вознемирувачка како што филмот се движи напред. Ужасот, мрачната комедија, библиските елементи, предупредувачката приказна — сѐ е тука, и тие се елементи на севкупно искуство кое ги впива ликовите и заедно со нив, гледачите. Само вистински, страстен режисер може да направи ваков, под чиј впечаток сум се уште со недели откако го изгледав."[44]

Рекс Рид на филмот му дал нула ѕвезди во Њујорк Обзервер и напишал дека и покрај добрата кинематографија, се двоумел дали да го прогласи за Најлош филм на годината или, уште подобро, за Најлош филм на векот. И други критичари инсистирале дека Мајка! е метафора за нешто, иако не се сосема сигурни што е тоа."[45] Ентони Лејн за Њујоркер напишал дека "неговото трпение било при крај од овие глупости."[46] Во "Вашингтон Пост", Ен Хорнадеј на филмот му дала 2 ѕвезди, велејќи, "Дури и магнетните сили Лоренс не можат да го спасат филмот "Мајка!."[47]

Признанија[уреди | уреди извор]

Награда Категорија Добитник Резултат
Камеримаж Златна жаба Матје Либатик Номинирана
Асоцијација на филмските критичари од Хјустон Најдобар дизајн на постер Номинирана
Здружение на Филмски Критичари од Лас Вегас Најдобар хорор / научна-фантастика Мајка! Шаблон:Draw
Меѓународен Филмски Фестивал Miskolc Најдобар филм Дарен Аронофски Номинирана
Филмски Критичари од Ново Мексико Најдобра актерка Џенифер Лоренс Победничка
Здружение на филмски критичари од Северен Тексас Најдобра актерка Џенифер Лоренс Номинирана
Здруѓение на филмски критичари онлајн Најдобра фотографија Мајка! Номинирана [48]
Кружок на критичари на Феникс Најдобра мистерија или трилер Мајка! Номинирана
Венецијански филмски Фестивал Златен Лав Мајка! Номинирана

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Film Releases“. Variety Insight. конс. March 27, 2017. 
  2. „MOTHER! (18)“. British Board of Film Classification. конс. September 12, 2017. 
  3. 3,0 3,1 „Mother! (2017)“. Box Office Mojo. конс. November 14, 2017. 
  4. Lesnick, Silas (February 6, 2017). „Darren Aronofsky's Latest Set For Fall Release“. конс. February 7, 2017. 
  5. Tartaglione, Nancy (July 27, 2017). „Venice Film Festival Sets Lido Launch For Aronofsky, Clooney, Del Toro, Payne & More As Awards Buzz Begins – Full List“. конс. July 27, 2017. 
  6. Smith, Kyle (September 14, 2017). „Jennifer Lawrence’s Grotesque Spoof of the Nativity“. National Review. 
  7. White, Adam (September 16, 2017). „Mother! explained: what does it all mean, and what on earth is that yellow potion?“. The Telegraph. конс. September 17, 2017. 
  8. White, Adam (September 16, 2017). "Mother! explained: what does it all mean, and what on earth is that yellow potion?"The Telegraph.
  9. Riseman, Abraham. „Darren Aronofsky Doesn’t Want You to Know Anything About Mother!“. конс. 7 September 2017. 
  10. Brooks, Xan. „Darren Aronofsky on Mother! - ‘Jennifer Lawrence was hyperventilating because of the emotion’“. конс. 7 September 2017. 
  11. Kroll, Justin. „Jennifer Lawrence in Talks to Star in Darren Aronofsky’s Next Film (EXCLUSIVE)“, „Variety“, 13 октомври 2015.
  12. Kroll, Justin. „Darren Aronofsky’s Film Starring Jennifer Lawrence Lands at Paramount (EXCLUSIVE)“, „Variety“, 11 јануари 2016.
  13. McNary, Dave. „Domhnall Gleeson, Michelle Pfeiffer Join Jennifer Lawrence in Darren Aronofsky Drama“, „Variety“, 15 април 2016.
  14. Busch, Anita (March 23, 2017). „Kristen Wiig In Negotiations To Star In ‘Where’d You Go Bernadette?’“. конс. March 26, 2017. 
  15. „What’s Shooting“. конс. September 3, 2017. 
  16. Riseman, Abraham. "Darren Aronofsky Doesn't Want You to Know Anything About Mother!"Vulture
  17. Cabin, Chris (October 11, 2016). „Darren Aronofsky Teases Details of His New, Enigmatic Drama; Won't Be Collaborating with Clint Mansell“. конс. October 28, 2016. 
  18. Noone, Greg. „Inside the Dreamy Nightmare of Mother!’s Music-Free Soundscape“. 
  19. Pearis, Bill (September 14, 2017). „Patti Smith played the ‘Mother!’ premiere @ Radio City, plays SummerStage tonight (win tix!)“ (en-US). конс. 2017-09-21. 
  20. Donnelly, Matt. „Paramount Pulls Brad Pitt’s ‘World War Z 2,’ ‘Friday the 13th’ Reboot From Schedule“, „The Wrap“, 6 февруари 2017.
  21. D'Alessandro, Anthony (July 21, 2017). „‘Suburbicon’, ‘Mother!’ Move Up; ‘Cloverfield’ Stomps To February – Paramount Release Date Changes“. конс. July 21, 2017. 
  22. Fleming Jr, Mike (July 25, 2017). „Toronto Film Festival 2017 Unveils Strong Slate“. конс. July 25, 2017. 
  23. Kelley, Seth (July 31, 2017). „Watch Jennifer Lawrence in Ominous First Teaser for Darren Aronofsky’s ‘Mother!’“. конс. August 8, 2017. 
  24. Foutch, Haleigh (August 7, 2017). „Full 'Mother!' Trailer Reveals Darren Aronofsky's Horror Film Starring Jennifer Lawrence“. конс. August 10, 2017. 
  25. „Can ‘Mother!’ or ‘American Assassin’ Poke a Hole in ‘It’ Box Office Balloon?“. September 12, 2017. 
  26. D'Allesandro, Anthony. 'Mother!’ Dies With ‘F’ CinemaScore And $7.5M Start As ‘It’ Becomes Biggest September Release Ever With $218M+ Cume“. конс. September 17, 2017. 
  27. D'Allesandro, Anthony (September 24, 2017). 'Kingsman: The Golden Circle’ Ropes $38M+; ‘Ninjago’ Dulls Sword To $21M; ‘Friend Request’ A Loner With $1.8M“. конс. September 24, 2017. 
  28. „Director of Hollywood Bomb Blames Americans Rejecting ‘Science’ for Flop“. September 25, 2017. конс. September 27, 2017. 
  29. Darren Aronofsky Responds to 'Mother!'s' "F" CinemaScore“, „The Hollywood Reporter“. (на en)
  30. „Jennifer Lawrence Suggests Storms Are 'Mother Nature's Rage'. September 8, 2017. 
  31. „Mother! (2017)“. конс. 14 November 2017. 
  32. „MOTHER – 4K Ultra HD, Blu-ray and DVD Release Date“. конс. 14 November 2017. 
  33. Wilkinson, Alissa (September 15, 2017). „Darren Aronofsky’s Mother! is an explosive retelling of creation in fire and blood“. Vox. 
  34. Page-Kirby, Kristen (September 15, 2017). „Jennifer Lawrence finally gets to show off her ‘Mother!’ of a talent“. The Washington Post. 
  35. Bastién, Angelica Jade (September 18, 2017). „Michelle Pfeiffer is the MVP of Mother!“. Vulture. 
  36. „Mother! (2017)“. Fandango. конс. October 11, 2017. 
  37. „Mother! reviews“. CBS Interactive Inc. конс. September 18, 2017. 
  38. Ulivi, Stefania. „Mostra di Venezia 2017: Diluvio di fischi su «Mother!», il film più atteso con Lawrence e Bardem è un flop“ (Italian). 
  39. Gleiberman, Owen (September 5, 2017). „Film Review: 'Mother!'. Variety. конс. September 17, 2017. 
  40. Peter Travers (September 13, 2017). 'Mother!' Review: Darren Aronofsky's Virtuosic Thriller Will Make Your Head Explode“. Rolling Stone. конс. September 17, 2017. 
  41. Michael Phillips (September 13, 2017). 'Mother!' review: Trouble in paradise, starring Jennifer Lawrence“. Chicago Tribune. конс. September 17, 2017. 
  42. Bradshaw, Peter. „Mother! review – no gob left unsmacked in Jennifer Lawrence's anxiety dream of horror and dismay“, „The Guardian“, 5 септември 2017. (на en-GB)
  43. Ben Croll (September 5, 2017). „‘Mother!’ Review: Darren Aronofsky’s Audacious and Rich Cinematic Allegory Is His Most Daring Film Yet“. Indiewire. конс. September 15, 2017. 
  44. Scorsese, Martin (October 10, 2017). „Martin Scorsese on Rotten Tomatoes, Box Office Obsession and Why 'Mother!' Was Misjudged“. The Hollywood Reporter. конс. October 28, 2017. 
  45. Reed, Rex. „‘Mother!’ Is the Worst Movie of the Year, Maybe Century“, „Observer“, 15 септември 2017. (на en-US)
  46. Anthony Lane (September 25, 2017). „Mother! Review“. The New Yorker. 
  47. Anne Hornaday (September 14, 2017). „Mother! Review“. The Washington Post. 
  48. Neglia, Matt. „The 2017 Online Film Critics Society (OFCS) Nominations“. NextBigPicture. конс. December 18, 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]