Прејди на содржината

Џенифер Лоренс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џенифер Лоренс
Роден(а)Џенифер Шрадер Лоренс
15 август 1990(1990-08-15)(34 г.)
Луисвил (Кентаки), САД
Занимањеглумица
Активен период2006–сегашност

Џенифер Шредер Лоренс (англиски: Jennifer Shrader Lawrence, родена на 15 август, 1990) е американска глумица. Нејзина прва голема улога како главен глумечки член на ТБС' The Bill Engvall Show (2007–2009) а таа потоа се појави во независни филмови како „The Burning Plain“ (2008) and „Winter's Bone“ (2010), за коишто таа доби номинации за Оскар, Златен глобус, Сателитска награда, Награда за независен дух и Screen Actors Guild Award за најдобра глумица. На 20 годишна возраст таа беше втората најмлада глумица што некогаш била номинирана за Оскар за најдобра глумица. На 22 годишна возраст, со нејзината изведба во романтичната комедија „Во добро и зло“(2012) освои Оскар, Златен глобус, Screen Actors Guild Award, Сателитска награда и Награда за независен дух за најдобра глумица меѓу другите признанија, правејќи ја најмладиот човек што некогаш бил номиниран за два Оскари/Награди на Академијата за најдобра глумица и вториот најмлад победник за најдобра глумица.

Лоренс е исто така позната во играње Raven Darkhölme / Mystique во филмот X-Men: First Class, улога што ќе ја повтори во X-Men: Days of Future Past во 2014.Во 2012 г. таа се здоби со меѓународно признавање за улогата како хероината Кетнис Евердин во The Hunger Games, адаптација на најдобро продаваниот роман на Сузан Колинс. Нејзината изведба во филмот и донесе значајни критички пофалби и ја обележи како најголема акциона хероина на сите времиња. Така што изведбата на Лоренс ги предизвика Ролинг Стоунс да ја наречат „најталентираната млада глумица во Америка“.

Ран живот

[уреди | уреди извор]

Лоренс е родена и израсната во Лусвил, Кентаки. Нејзини родители се Карен (родена во Кох), која се занимава со раководење на детски камп, и Гери Лоренс, кој некогаш бил сопственик на градежна фирма, Лоренс&Партнери. Таа има двајца постари браќа, Бен и Блејн. Таа глумеше во локалниот театар, и на 14 годишна возраст одлучи да се занимава со глума, убедувајќи ги нејзините родители да ја однесат во Њујорк за да најде агент за таленти. Пред успехот во Холивуд, Лоренс одеше во средото училиште Камерер во Кентаки. Матурираше две години предвреме со просек 3.9 за да ја започне глумечката кариера. Додека растела и во периодот на глумата, Лоренс работела како помошник медицинска сестра во детскиот летен камп што го раководела мајка и.

2006–09: Почетокот на работата

[уреди | уреди извор]

Лоренс никогаш не посетувала часови по драма или глумење. Таа ја започна својата кариера со комедијата Шоуто на Бил Енгвал, глумејќи ја Лорен Пирсон, најстарата ќерка. Напишано и смислено од страна на Бил Енгвал и Мајкл Лисон, шоуто е сместено во предградието на Денвер и го следи животот на „Бил Пирсон“(глумен од Енгвал), семеен советник на чие сопствено семејство добро би му дошла мала доза на советување. Серијата беше емитувана во септември 2007 г. и беше откажана по три сезони. Лоренс ја доби наградата за најдобар млад изведувач во телевизиска серија за нејзината улога во шоуто.

Лоренс имаше улога како гостин во серијата The Devil You Know, Cold Case, Medium, и Monk.[14] Во 2007 г. Лоренс имаше аудиција за улогата на Бела Свон во „Самрак“, но сепак на крајот улогата и беше дадена на Кристен Стујарт. Подоцна, Лоренс изјави дека и било „мило“ тоа што не ја добила улогата поради преголемото внимание што Стујарт го добила од медиумите од улогата.

Во 2008 г.се појави во мала улога во филмот Garden Party како Тиф. Тоа е во режија на Џејсон Фриленд. Истата година, Лоренс се појави на големото платно во дебутантскиот филм на режисерот Гуљелмо Арига, The burning Plain, спротивно на Шарлиз Терон и Ким Безинџер. Нејзината изведба во филмот ја заработи наградата Марчело Мастројани за најдобар млад нов глумец/глумица на Венецискиот филмски фестивал во 2008 г.. Сепак во 2008 г. Лоренс ја имаше главната улога во друг дебутантски филм во режија на Лори Пети, семејната драма The poker house, спротивно на Селма Блер и Клои Грејс Мортез, каде глумеше како Агнес, млада девојка жртва на злоупотреба. Лорен доби награда на филмскиот фестивал во Лос Анџелес за исклучителна изведба за нејзината улога во филмот. Таа се појави во спотот за песната „The Mess I Made“, од албумот на Losing Sleep од 2009 г. од Parachute.

2010–12: Пробивот

[уреди | уреди извор]
Лоренс на 83тото доделување на Оскарите

Главната улога на Лоренс во „Winter’s Bone“ на Дебра Граник што доби награда за најдобра слика на Санденс филмскиот фестивал во 2010 г., генерално се наведува како изведба што ја проби неа. Таа ја отсликува улогата на Ри Доли, седумнаесет годишна девојка од планините Озарк која се грижи за нејзината душевно болна мајка и нејзиниот помлад брат и сестра. Ри подоцна открива дека нејзиниот татко ја ставил нивната куќа и земјиште како гаранција за да се појави на суд пред да исчезне, и сега семејството се соочува со иселување. Изведбата беше високо прифатена од филмските критичари. Дејвид Денби пишувајќи во The New Yorker, изјави дека филмот би бил незамислив со некој помалку харизматичен да ја игра Ри. Петар Траверс од Ролинг Стоун исто така зборуваше високо за неа и истакна дека „нејзината изведба е повеќе од глумење, тоа е збир на невреме. Очите на Лоренс се патоказ до страдањата на Ри. По добивање на признанија за нејзината изведба, Лоренс ја доби наградата на Државниот одбор за преглед за најдобра пробивна изведба. Таа беше номинирана за Оскар за најдобра глумица на 25 јануари 2011 година, со што стана третата најмлада глумица што била номинирана за оваа категорија до денес., и исто така била номинирана за Златен Глобус, Screen Actors Guild Award, Награда за независен дух и Сателитска награда, меѓу другите.

Лоренс се појави во Бивер, темна комедија со Џоди Фостер и Мел Гибсон. Филмот е снимен во 2009 г. но помина подолг период во застој поради контроверзии. На 6 мај 2011 г. беше пуштен во етерот. Таа исто така глумеше во независен филм „Like Crazy“, што премиерно се појави на Санденс филмскиот фестивал. Следната година, беше најавено дека Лоренс била поканета да се приклучи на Академијата за филмска уметност и науки.

Во март 2011 г., на Лоренс и била понудена улогата на Кетнис Евердин во филмот „The Hanger Games“, основана на најпродаваниот роман со истото име од Сузан Колинс. И покрај тоа што е љубител на книгите, на Лоренс и требаше три дена да ја прифати улогата бидејќи првично беше исплашена од големината на филмот и што ова може да значи за најзината слава. Таа беше подложена на обука за да влезе во форма за улогата, вклучувајќи каскадерство, стрелаштво, качување по карпи и планини, борба, трчање, паркур, пилатес, и јога. Филмот беше објавен на 23 март 2012 г. и го постави рекордот за третиот по големина викенд на отворање на сите времиња, правејќи рекордни 152.500.000 $ за три дена за филм што нема продолжение.

Фактот што „The Hunger Games“ се покажа како хит по билетарниците со женска главна улога претставува еден драматичен пресврт за филмскиот жанр-акција бидејќи е меѓу „топ 200 најпродавани филмови во историјата (350$ милиони и над), и ниту еден од нив не е граден околу женска глумечка ѕвезда“, и Лоренс е првата што го оспори тоа. „Forbes“ изјави дека „Никој што го има гледано „The Hunger Games“ ќе се посомнева во способноста на Џенифер Лоренс да ја игра главната ѕвезда во акцијата.“ Таа е моментално најпродаваната акциона хероина на сите времиња.

Иако филмот генерално доби позитивни критки, Лоренсовиот портрет на Кетнис Евердин беше најмногу пофален од Тод Мекартни од „The Hollywood Reporter“ велејќи дека Лоренс ја отелотворува Кетнис, „исто како некој да може да ја замисли од романот“ и „го зацврстува“ цел филм „со импресивна гравитација и присуство“, и за крај нарекувајќи ја „идеалната глумица на екранот“. Кенет Туран од „Los Angeles Times“ изјави дека Лоренс е „најдобриот можен изведувач на Кетнис и е клучниот фактор во правењето ’The Hunger Games’ заплеткана популарна забава со силен наративен пат што го задржува нашето внимание“. Филмскиот критичар Роџер Иберт од „Chigaco Sun-Times“ исто се согласи дека „Лоренс е цврста и убедлива во главната улога“.

Лоренс на 70тото доделување на Златен Глобус.

Во Јуни 2011 година, таа ја играше улогата на негативецот Мистик заедно со Џејмс Мекавој и Мајкл Фесбендер во X-Men: First Class, претходник на останатите X-Men продолженија. Ликот Мистик на Лоренс, е помлада верзија на ликот кој го глуми Ребека Ромин во претходните X-Men филмови. Лоренс повторно ќе ја глуми таа улога во новото продолжение, X-Men во 2014: Days of Future Past.Таа глумела заедно со Макс Териот и Елизабет Шу во трилерот на Марк Тондереи, House at the End of the Street, кој излезе во септември 2012. Таа првично требаше да го игра „О“ во филмот „Savages“ од режисерот Оливер Стоун, но се повлече поради несогласувањата околу распоредот. Во ноември 2012, Лоренс ја играше улогата на неодамна останата вдовица Тифани Максвел во филмот на Дејвид О. Расел „Во добро и зло“, адаптација на романот со исто име, од Метју Квик, наспроти Бредли Купер и Робер Де Ниро. Таа доби бројни позтивини критики за нејзината изведба во филмот, со тоа што Ричард Корлис во „TIME Magazine“ напиша, „Причината да се остане е Лоренс. Само 21 кога филмот беше снимен, Лоренс е таа реткост од млада глумица која што глуми, која што е, возрасна. Мрзлива и сензационална, таа позајмува една зрела интелегенција за секоја улога...Џенифер Лоренс е таа светла точка во ова секојдневно сценарио.“

Петар Траверс од Ролинг Стоун исто така изјавил дека Лоренс е некој вид на чудо. Таа е некултурна, непристојна, забавна, трапава, секси, енергична и ранлива, понекогаш се во иста сцена, дури и во истиот здив. Ниедна листа од Оскарот за најдобра глумица не би бил комплетен без енергичната Лоренс на чело. Таа го просветлува екранот" Таа ја освои наградата Академија , како и Златен глобус за најдобра глумица за нејзината улога.

2012-денес: Престојни проекти

[уреди | уреди извор]

Во 2012 година, Лоренс ја замени Анџелина Џоли во депресивниот трилер на Сузан Биер, „Serena“, основан на романот со истото име од Рон Реш. Таа ќе ја игра улогата на една нестабилна жена наречена Серена која што дознава дека не може да му роди деца на сопругот и е задолжена да ја убие жената што му роди на нејзиниот сопруг незаконски син пред нивниот брак.

На 10 септември 2012, Лоренс почна да работи на адаптација на вториот роман од триологијата на „The Hunger Games“, „The Hunger Games:Catching Fire“, којшто е закажан да биде објавен на 22 ноември 2013.

Во октомври 2012, Лоренс беше најавена како новото лице на Диор. Таа се искачи на првото место на списокот на „AskMen“ за топ 99 Најпосакувани жени за 2013 година.

Во 2014 година, Лоренс повторно ќе ја игра нејзината улога како Мистик во „X-Men: Days of Future Past“ со Џејмс Мекавој и Мајкл Фесбендер. На 15 февруари 2013 беше најавено дека Лоренс ќе глуми наспроти Кристијан Бејл, Бредли Купер и Ејми Адамс во „Untitled David O. Russell/Abscam Project“ во врска со 70тата ФБИ операција „Abscam“. Таа исто така ќе глуми во третата соработка на филмот режиран од Дејвид О. Расел насловен „The Ends of the Earth“.

Лоренс ќе ја игра Жанет Валс во филмската адаптација на најдобро продаваниот мемоар на Валс „The Glass Castle“.

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Лоренс живеела во Њујорк првите неколку години од нејзината кариера, но сега живее во Санта Моника, Калифорнија. Таа излегуваше со британскиот глумец и коѕвездата на „X-Men:First Class“ Николас Хулт од 2011 до 2013 година. Во однос на нејзиниот приватен живот, Лоренс изјави, „Не сакате врската да ви биде во печатот, но во исто време, а ова е само теорија, колку повеќе се трудите да ја одржите во тајност, толку повеќе медиумите ќе се обидат да ја разоткријат.“

Филмографија

[уреди | уреди извор]
Година Наслов Улога Забелешка
2008 Garden Party Тиф
2008 The Poker House Егнес
2008 The Burning Plain Маријана
2010 Winter's Bone Ри Доли
2011 Like Crazy Сем
2011 The Beaver Нора
2011 X-Men: First Class Мистик
2012 The Hunger Games Кетнес Евердин
2012 House at the End of the Street Елиса
2012 Silver Linings Playbook Тифани Максвел
2013 Serena Серена Пембертон.[1]
2013 The Hugner Games: Catching Fire Кетнес Евердин
2013 American Hustle Мари Ваенберг
2014 X-Men: Days of Future Past Рејвен Даркхолм/Мистик
2014 Dumb and Dumber To Млада Фраида Фелчер Пост-продукција
2014 The Hunger Games: Mockingjay - Part 1 Кетнес Евердин Пост-продукција
2015 The Hunger Games: Mockingjay - Part 2 Кетнес Евердин Пост-продукција

Телевизија

[уреди | уреди извор]
Година Наслов Улога Забелешка
2006 Company Town Кеитлин Непродадена ТВ пилот епизода
2007 Not Another High School Show Испаничена девојка Непродадена ТВ пилот епизода
2006 Monk Маскота Епизода: "Господинот Монк и големата игра"
2007-08 Medium Клеир Чејс Епизода: "Малиот мамин помошник"
2007 Cold Case Аби Бредфорд Епизода: "Еден долар, еден сон"
2007-09 The Bill Engvall Show Лорен Пирсон 31 епизода
2013 Saturday Night Live Домаќин Епизода: "Џенифер Лоренс/The Lumineers"
  1. „Toby Jones talks working with Jennifer Lawrence again in 'The Falling' – IFC“. Ifc.com. April 18, 2012. Архивирано од изворникот на 2012-05-05. Посетено на May 22, 2012.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]