Скитер Дејвис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скитер Дејвис
Скитер Дејвис на настап во 1972
Роден(а)Мери Френсис Пеник
декември 30, 1931(1931-12-30)
Гленко, Кентаки, САД
Починал(а)септември 19, 2004(2004-09-19) (возр. 72)
Нешвил, САД
СопружникКенет де Пју (в. 1956; раз. 1959)
Ралф Емери (в. 1960; раз. 1964)
Џои Спампинато (в. 1987; раз. 1996)

Скитер Дејвис (англиски: Skeeter Davis; родена како Мери Френсис Пеник; 30 декември 1931 г. ― 19 септември 2004 г.) ― американска пејачка и текстописец на кантри-музика, која пеела и поп-песни како што е „Крајот на светот“ од 1962 година. Музичката кариера ја започнала како дел од групата Davis Sisters додека била тинејџерка во доцните 1940-ти. Подоцна групата потпишала со RCA Victor. Во доцните 1950-ти, станала соло-пејачка.

Скитер Дејвис е меѓу првите жени што станале големи ѕвезди во кантри-музиката како соло-пејачки. Нејзината музика влијаела врз Теми Винет и Доли Партон, а музичкиот критичар од Њујорк Тајмс, Роберт Палмер ја опишал како „извонредна кантри/поп-пејачка“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]