Доли Партон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Доли Партон
Доли Партон ја прифаќа Liseberg Applause наградата во 2010.
Роден(а)Доли Ребека Партон
јануари 19 1946 (1946-01-19) (77 г.)
Питман Сентер, Тенеси, САД
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
  • глумица
  • филантроп
  • биснисменка
Активен период1956–денес
СопружникКарл Дин (в. 1966)
Потпис
Страница
dollyparton.com

Доли Ребека Партон (англиски: Dolly Rebecca Parton; родена на 19 јануари 1946 година) ― американска кантри пејачка, текстописец, филмска глумица и бизнисменка. Прво била успешен текстописец за други пејачи, а во 1967 година Доли Партон го објавила својот деби албум Hello, I'm Dolly. По овој албум имала успешни години во музиката (како соло пејачка и во низа дует албуми со Портер Вагонер). Во текот на 1970-тите честопати била на врвот на топ листите, а нејзините албуми имале голем комерцијален успех. Успесите продолжиле и во 1980-тите. По малиот пад во 1990-тите, во новиот милениум продолжила со успесите.

Доли Партон, со кариера од преку 50 години, го носи епитетот „легенда на кантри музиката“. Доли Партон продала преку 100 милиони плочи ширум светот, а нејзините албуми од Здружението на индустријата за снимање на Америка (RIAA) се сертифицирани со златен, платинест и мулти-платинест тираж. 25 нејзини песни се искачиле на прво место на топ листата од Билборд за кантри музичка што е рекорд за пејачка (заедно со Риба Мекентајр). Има рекордни 44 албуми кои се пласирале меѓу првите 10 албуми на топ листата за кантри албуми, а во последните 40 години има 110 песни кои се нашле на топ листа. Доли Партон компонирала преку 3.000 песни, меѓу кои се и: „I Will Always Love You“ (песна која два пати била на прво место на американската кантри топ листа, и меѓународен поп хит во изведба на Витни Хјустон), „Jolene“, „Coat of Many Colors“ и „9 to 5“. Како глумица, имала улога во филмовите Од 9 до 5 (1980) и Најдобрата мала јавна куќа во Тексас (1982), за кој била номинирана за Златен глобус за најдобра глумица, како и Вештачки дијамант (Rhinestone) (1984), Челични магнолии (1989), Директен разговор (1992) и Joyful Noise (2012).

Доли Партон освоила 11 Греми награди од 50 номинации, меѓу кои е и наградата Греми за животно дело; освоила десет награди од Здружението за кантри музика, меѓу кои и пејач на годината и таа е меѓу седумте пејачки кои добиле Награда пејач на годината од Здружението за кантри музика; пет награди од Академијата за кантри музика, меѓу кои и пејач на годината; четири награди од People's Choice; и три Американски музички награди. Исто така, е во мала група уметници кои барем еднаш биле номинирани за награда Оскар, Греми, Тони и Еми. Во 1999 година, Партон била примена во Куќата на славните од кантри музиката. Во 2022 година, била номинирана за Куќата на славните од рокенролот, таа прво ја одбила номинацијата, но потоа ја прифатила; Куќата на славните подоцна објавила дека Партон ќе биде примена.

Таа е ко-сопственик на The Dollywood Company, која управува со многу места за забава, меѓу кои е и забавниот парк Dollywood, водениот парк Splash Country и многу ресторански театари, како The Dolly Parton Stampede и Pirates Voyage. Доли Партон основала многу добротворни и филантропски организации, а најважна меѓу нив е Фондацијата Доливуд, која се занимава со проекти за овозможување образование и намалување на сиромаштијата во Источен Тенеси, каде што пораснала.

Наводи[уреди | уреди извор]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Parton, Dolly (1994). Dolly: My Life And Other Unfinished Business. HarperCollins. ISBN 978-0-06-017720-1.
  • Whitburn, Joel (2005). Top Country Songs 1944–2005. Billboard/Record Research Inc. ISBN 978-0-89820-165-9.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • Hello, I'm Dolly (1967)
  • Just Between You and Me (with Porter Wagoner) (1968)
  • Just Because I'm a Woman (1968)
  • Just the Two of Us (with Porter Wagoner) (1968)
  • In the Good Old Days (When Times Were Bad) (1969)
  • Always, Always (with Porter Wagoner) (1969)
  • My Blue Ridge Mountain Boy (1969)
  • The Fairest of Them All (1970)
  • Porter Wayne and Dolly Rebecca (with Porter Wagoner) (1970)
  • Once More (with Porter Wagoner) (1970)
  • Two of a Kind (with Porter Wagoner) (1971)
  • The Golden Streets of Glory (1971)
  • Joshua (1971)
  • Coat of Many Colors (1971)
  • The Right Combination • Burning the Midnight Oil (with Porter Wagoner) (1972)
  • Touch Your Woman (1972)
  • Together Always (with Porter Wagoner) (1972)
  • My Favorite Songwriter, Porter Wagoner (1972)
  • We Found It (with Porter Wagoner) (1973)
  • My Tennessee Mountain Home (1973)
  • Love and Music (with Porter Wagoner) (1973)
  • Bubbling Over (1973)
  • Jolene (1974)
  • Porter 'n' Dolly (with Porter Wagoner) (1974)
  • Love Is Like a Butterfly (1974)
  • The Bargain Store (1975)
  • Say Forever You'll Be Mine (with Porter Wagoner) (1975)
  • Dolly (1975)
  • All I Can Do (1976)
  • New Harvest...First Gathering (1977)
  • Here You Come Again (1977)
  • Heartbreaker (1978)
  • Great Balls of Fire (1979)
  • Dolly, Dolly, Dolly (1980)
  • Porter & Dolly (with Porter Wagoner) (1980)
  • 9 to 5 and Odd Jobs (1980)
  • Heartbreak Express (1982)
  • Burlap & Satin (1983)
  • The Great Pretender (1984)
  • Once Upon a Christmas (with Kenny Rogers) (1984)
  • Real Love (1985)
  • Trio (with Emmylou Harris and Linda Ronstadt) (1987)
  • Rainbow (1987)
  • White Limozeen (1989)
  • Home for Christmas (1990)
  • Eagle When She Flies (1991)
  • Slow Dancing with the Moon (1993)
  • Honky Tonk Angels (with Loretta Lynn and Tammy Wynette) (1993)
  • Something Special (1995)
  • Treasures (1996)
  • Hungry Again (1998)
  • Trio II (with Emmylou Harris and Linda Ronstadt) (1999)
  • Precious Memories (1999)
  • The Grass Is Blue (1999)
  • Little Sparrow (2001)
  • Halos & Horns (2002)
  • For God and Country (2003)
  • Those Were the Days (2005)
  • Backwoods Barbie (2008)
  • Better Day (2011)
  • Blue Smoke (2014)
  • Pure & Simple (2016)
  • I Believe in You (2017)
  • A Holly Dolly Christmas (2020)
  • Run, Rose, Run (2022)
  • Rock Star (2023)

Филмографија[уреди | уреди извор]

  • Од 9 до 5 (1980)
  • Најдобрата мала јавна куќа во Тексас (1982)
  • Вештачки дијамант (1984)
  • Челични магнолии (1989)
  • Директен разговор (1992)
  • Френк Мекласки (2002)
  • Гномео и Јулија (2011)
  • Радосен звук (2012)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]