Клиф Бастин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Клиф Бастин
Лични податоци


* Настапи (Голови)

Клифорд Сидни Бастин (14 март 19124 декември 1991) беше Англиски Фудбалер.

Роден во Хивитри во близината на Ексетер, Бастин ја започнал својата кариера во Ексетер Сити. Своето деби за клубот го направи во 1928 година, на 16 годишна возраст. И покрај фактот што изиграл само 17 натпревари и постигнал само 6 голови додека играл за Ексетер, бил забележан од менаџерот на Арсенал Херберт Чепман во натпреварот против Ватфорд. Чепман бил присутен за да набљудува играч на Ватфорд, но способностите и талентот на 17 годишниот Бастин биле толку очигледни што Чепман решил да го донесе во Арсенал на крајот на сезоната 1928-29.

Остатокот од својата кариера Бастин ја помина во Арсенал, и беше интегрален дел од составот кој доминираше во Англискиот фудбал во триесетите. Тој постигна 178 голови на 395 настапи, што беше клупски рекорд од 1939 се до 1997, кога неговиот учинок беше надминат од Ијан Рајт. Во 2005 Тјери Анри ги надмина двајцата, што значи дека во моментов, заклучно со мај 2008 трет стрелец во историјата на Арсенал. Неговиот рекорд за број на голови во лигата, 150, опстана подолго, сè додека Тјери Анри не го изедначи на 14 јануари 2006 и го надмина на 1 февруари.

Дебито за Арсенал му беше на 5 октомври 1929 против Евертон по што веднаш стана редовен првотимец, со 21 настап во неговата прва сезона. До крајот на деценијата тој стана и редовен стартер, и играч кој ретко пропушташе натпревар, играјќи на над 35 натпревари секој сезона до, и вклучително сезоната 1937-38. Поради неговата возраст си го заработи прекарот „Момчето Бастин“, но и покрај возраста играта на Бастин беше окарактеризирана од неверојатна смиреност, и смртоносна прецизност; Бастин набрзо стана и редовниот изведувач на пенали. Способноста на Бастин да постигнува голови е позначајна и поради фактот што тој играше на левото крило а не како центарфор. Стратегијата на Арсенал во тој период многу зависеше од крилните играчи чија главна функција беа влезовите во шестнаесетникот, и снабдувањето со топки од страна на Алекс Џејмс.

Со Арснеал, Бастин двапати го освои ФА Купот, во сезоната 1929-30 и 1935-36, и Првата Дивизија пет пати, во сезоните 1930-31, 1932-33, 1933-34, 1934-35 и 1937-38; до времето кога наполни 19 години стана најмладиот играч на кој му успеало да освои Лига, ФА Куп и настапил за Англија. Тој исто така заврши две сезони (1932-33 и 1933-34, со 33 односно 15 голови) како најдобар стрелец на Арсенал, но по пристигнувањето на напаѓачот Тед Дрејк во март 1934, Бастин повеќе не беше играчот кај кој одат сите топки.

Поради фактот што Дрејк ја презеде улогата на најдобар стрелец, и се почестото отсуство на Алекс Џејмс поради повреди и старост, Бастин беше пренаменуван во внатрешен напаѓач (нешто слично на втор напаѓач) на местото на Џејмс во сезоната 1935-36, во која Арсенал заврши на шесто; Бастин сепак постигна 17 голови, вклучително и 6 во ФА Купот во 1936, кој Арсенал го освои. По краткиот период во кој играче на десно крило за да го замени Џек Крајстон, Бастин беше вратен на левото крило од каде постигна 17 голови во сезоната 1937-38 кога Арсенал освоија титула. Поради повреда на десната нога го пропушти поголемиот дел од сезоната 1938-39, последната пред почетокот на Втората Светска Војна.

За време на својата кариера Бастин играше и за Англија од 1931 до 1938, настапувајќи 21 пат и постигнувајќи 12 голови. Неговото деби беше против Велс на 18 ноември 1931, Англија го доби натпреварот со 3:1. Врвот на неговата репрезентативна кариера беше познатата "Битка на Хајбери", каде Англија го победи Светскиот Шампион од 1934 Италија со 3:2, и озлогласеното гостување во Берлин во 1938, за натпревар против Германија, кога на Англиските фудбалери им беше наредено да го направат нацистичкиот поздрав пред натпреварот.

Втората Светска Војна се вмеша кога Бастин имаше 27, со што го прекина во моментот кога требаше да дојде врвот на неговата кариера. Тој беше ослободен од воена служба, падна на тестот за слушање поради неговото оглувување. Така, за време на војната, беше во служба како Чувар за ПВП (Против Воздушно Предупредување), и беше стациониран на кровот на Хајбери (кој беше пренаменуван во станица за ПВП) заедно со Том Витакер. Играше и натпревари во Воената Лига, со цел подигнување на моралот на цивилите. Во 1941, Фашистичка Италија во својата пропаганда на Римското Радио, вметна и едно чудно тврдење дека го заробиле Бастин во Критската Битка, и дека го држат како заробеник во Италија; очигледно Италијанците не знаеле за неговиот лош слух и дека тој беше ослободен од служба.

Повредата на неговата нога ги попречи неговите перформанси во Воената Лига, и претставуваше причина за крај на неговата кариера. По војната, Бастин, кој веќе беше навлезен во триесетите, изигра уште само седум натпревари, при што не постигна ни еден гол, по што се пензионираше во јануари 1947. По пензионирањето, Бастин се врати во родниот Ексетер каде што отвори Паб. Умре во 1991 на 79 годишна возраст. Една од трибините на стадионот на Ексетер е именувана во негова чест.

Извор[уреди | уреди извор]

  • Harris, Jeff & Hogg, Tony (ed.) (1995). Arsenal Who's Who. Independent UK Sports. ISBN 1-899429-03-4.