Кинески Татари
Вкупен број | |
---|---|
3,556 (2010) | |
Подрачја со значајно население | |
НР Кина (Синѓанг) | |
Јазици | |
Татарски, руски, мандарински | |
Вероисповед | |
Ислам |
Кинеските татари (поедноставен кинески: 塔塔尔族; татарски: Кытай татарлары - Китај татарлари) ― една од 56-те народносни групи службено признати од НР Кина.
Нивните предци се волшкотатарските трговци кои престојувале претежно во Синѓанг и Кримските Татари кои страдале од протерувањето на Јосеп Сталин во 40-тите години на 20 век.
Бројот на кинески Татари изнесувал 3.556 заклучно со 2010 година и тие живеат главно во градовите Јининг, Таченг и Урумќи во Синѓанг. Нивна титуларна татковина е селото Дакуан Татар во округот Китај во автономната префектура Чанѓи Хуј, Синѓанг.[се бара извор]
Кинеските Татари зборуваат архаична варијанта на татарскиот јазик, незафатена од позајмици во 20 век и ја користат арапската варијанта на татарската азбука, која опаднала во СССР во 30-тите години на минатиот век. Бидејќи е опкружен со говорители на други турски јазици, кинескиот татарски делумно ја менува татарската висока самогласна инверзија. Тие немаат систем за пишување.[1]
Кинеските Татари се сунитски муслимани.[2]
Џадидски училиштата биле основани во Синѓјанг за кинеските Татари на почетокот на 20 век.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Цитати
[уреди | уреди извор]- ↑ Minglang Zhou (2003). Multilingualism in China: the politics of writing reforms for minority languages, 1949-2002. Volume 89 of Contributions to the sociology of language (illustrated. изд.). Published Walter de Gruyter. стр. 183. ISBN 3-11-017896-6. Посетено на 1 January 2011.
- ↑ „Joshua Project - Tatar of China Ethnic People Profile“.
- ↑ Ondřej Klimeš (8 January 2015). Struggle by the Pen: The Uyghur Discourse of Nation and National Interest, c.1900-1949. BRILL. стр. 80–. ISBN 978-90-04-28809-6.
Извори
[уреди | уреди извор]- Paul and Bernice Noll's Window on the World - List of ethnic groups in China and their population sizes
|