Џуанци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џуанци
Bouчcueŋь/Bouxcuengh
Madame Xian.jpg Lu Rongting.jpg Cen Chunxuan.jpg
Wei Yinbao 's bronze statue.JPG Xiao Chaogui's sculpture.jpg
2 Zhuang clothing.jpg Zhuang clothing.jpg Li Ling during 2008 Summer Olympics opening ceremony.jpg
Джуанци во Јинан
Джуанци во Гуангсји
Ли Линг-гимнастичарка
Lu Tao.jpg Huang Xianfan Graduation Photo.jpg Weiguoqing.jpg
Вкупно население
~18.54 милиони(според пописот од 2010 г.)
Региони со значително население
Мнозинство
 Кина АР Гуангсји 14.207.143(2000) [1]
'
 Кина Јинан 1.144.021(2000) [2]
 Кина Гуангдунг 570.200 [3]
 Кина Гуејџоу 52.065(2000) [4]
 Кина Хајнан 50.507 (2000) [5]
 Кина Хунан 23.559 (2000) [6]
 Кина Хебеј 20.832 (2000) [7]
 Кина Џеџанг 18.998 (2000) [8]
 Кина Фуџен 10.818 (2000) [9]
 Кина Џангдин 8.934 (2000) [10]
 Кина Хубеј 7.824 (2000) [11]
 Кина Пекинг 7.322 (2000) [12]
Јазик

џуаншки јазик, кинески јазик

Религија

претежно тибетски будизам

Сродни народи

Бyејци, Тaуци

Џуанците или Жуанзи (џуаншки: Bouчcueŋь/Bouxcuengh, кинески: 壮族 пинјин: Zhuàngzú) се етничка малцинска група која живее во НР Кина, односно околу 87% од вкупниот број на Џуанците. Џуанците зборуваат на џуаншки јазик, официјалниот јазик на Автономниот регион Гуангсји.

Дефиниција[уреди]

Џуаншкa народна носија

Џуаншкиот народ грубо може да се подели на две подгрупи: источни и западни Џуанци. Во поширока смисла, со поимот „џуаншки народ“ се означува секое население што зборува на еден од џуаншките јазици. Името „Џуанци“ за прв пат се појавило во 10 век во записите на Кинезите. Точното потекло на џуаншките јазици не е познато.

Распространетост[уреди]

Денес, Џуанците живеат во Кина, Виетнам, Лаос, Мјанмар, Тајланд и неколку останати азиски земји. Називот на населението и на племињата се различни во зависност од земјите. Кинескиот попис од 2000 година покажал дека во НР Кина живеат 16.18 милиони Џуанци. Кинескиот попис од 2010 година покажал дека во НР Кина живеат 18,5 милиони Џуанци и е најголема етничка малцинска група во НР Кина, и се воглавно сконцентрирани во Автономниот регион Гуангсји. Иако поголем процент на населението се Кинези, во регионот има два официјални јазици: кинески јазик и џуаншки јазик. Населението на Автономниот регион Гуангсји се состои од 32.3 % Џуанци, поточно 14.2 милиони луѓе (според пописот од 2000 г). [1]Во покраините Јинан и Гуангдунг, Џуанците се народ со околу 2.300.000 луѓе(според пописот од 2010 г.)[2]

Наводи[уреди]

  1. Попис од 2000 г.
  2. според пописот од 2010 г. ISBN 7105054255

Надворешни врски[уреди]