Киево-печерска камбанарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Киево-печерска камбанарија
Велика Лаврська дзвіниця
Kievo-Pecherska Lavra Belltower.jpg
Општи податоци
Стил барок
Град Киев
Земја Украина
Почната 1961
Проектирање и изградба
Архитект Јохан Готфрид Шадел

Киево-печерската камбанарија или Големата камбанарија (украински: Велика Лаврська дзвіниця) е главната камбанарија на античкиот пештерски манастир кој се наоѓа во Киев, Украина.

Камбанаријата е највисоката градба во комплексот. Таа била градена во периодот од 1731 до 1745 година[1] и дизајнирана од страна на архитектот Јохан Готфрид Шадел. Нејзината вкупна висина, со христијанскиот крст е 96,5 метри или 316 стапки.

Камбанаријата била повредена во времето на Втората светска војна во 1941 година. Во 1961 година била санирана.

Камбанаријата е составена на четири спрата, а нејзината купола е позлатена. Дијаметарот на најниското ниво на кулата е 28,8 метри или 94 стапки а дебелината на првиот ред ѕидови е 8 метри (26 стапки). На четвртиот спрат се наоѓа часовник, чиј механизам е еден од најточните во гртадот. Сепак, според некои неговата точност зависи од времето на годината: во текот на зимата, часовникот работи малку побавно отколку во лето.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Malikenaite, Ruta (2003). Guidebook: Touring Kyiv. Kiev: Baltija Dryk. ISBN 966-96041-3-3.