Картел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Картел е формален (експлицитен) договор помеѓу претпријатија. Тоа е формална организација на производители кои се договараат да ги координираат цените и производството.[1] Картелите обично се јавуваат во олигополистичка индустрија, каде има мал број на продавачи и вообичаено опфаќа хомогени производи. Членовите на картелот може да се договорат за прашања како на пример договор за цените, вкупното индустриско производство, делови од пазарот, поделба на потрошувачи, распределување на територии, манипулирање со понудата, основање на заеднички претставништва за продажба, поделба на профит и комбинација на овие. Целта на таквата колизија е да се зголеми профитот на индивидуалните членови со намалување на конкуренцијата. Законите за конкуренција забрануваат картели. Идентификувањето и срушувањето на картелите е значаен дел од политиката за конкуренција во поголемиот број земји, иако да се докаже постоењето на картелите ретко кога е лесно, бидејќи претпријатијата вообичаено не се толку невнимателни за да ги стават договорите за заговарање во писмена форма.[2][3] http://en.wikipedia.org/w/index.php?title=Cartel&action=edit Неколку економски истражувања и правни одлуки на органите против монопол дојдоа до заклучок дека зголемувањето на средната цена постигнато од картелите во последните 200 години е околу 25%.Просечното зголемување на цената кај приватните меѓународни картели (оние со учесници од две или повеќе земји) изнесуваше 28%, додека кај домашните картели просечно изнесуваше 18%. Помалку од 10% од сите картели вклучени во испитувањето не успеале да ги зголемат пазарните цени.

Форми на картели[уреди | уреди извор]

Треба да се направи разлика помеѓу јавни и приватни картели. Кога станува збор за јавни картели, владата може да ги утврди и спроведе правилата во врска со цените, производството и други такви прашања. Картелите за извоз и шпедитерски здруженија се примери за јавни картели. Во многу земји, за време на рецесија се дозволуваат картелите во индустриите за кои се смета дека имаат потреба од стабилност на цените и производството и/или за да се овозможи рационализација на структурата на индустријата и прекумерниот капцитет. Во Јапонија на пример, такви договори се допуштаат во индустријата за топење челик, алуминиум, бродоградбата и разновидни хемиски индустрии. Јавните картели биле, исто така, дозволени и во Соединетите Американски Држави за време на Големата економска криза во 1930-тите години и продолжиле да постојат некое време по Втората светска војна во индустриите, како ископување на јаглен и производство на нафта. Картелите имале голема улога и во германската економија во периодот меѓу двете светски војни. Меѓународните договори за стока вклучувајќи производи како кафе, шеќер, калај и од неодамна нафта (OPEC) се примери за меѓународни картели кои јавно наметнале договори меѓу различни национални влади. Картелите за време на кризи биле, исто така, организирани од владите за различни индустрии или производи во различни земји за да се договорат цените и да се ограничи производството и распределбата во периоди на сериозни дефицити.

Историски набљудувано, картелите во САД биле формирани врз основа на неформални тајни договори меѓу фирмите од определена индустрија. Во Германија, картелите меѓу двете светски војни претставувале формални здруженија при што секоја фирма добивала своја производна квота, определена врз основа на нејзиниот капацитет кој бил проценуван од независни експерти. Притоа, фирмите кои ги надминувале квотите плаќале казни, додека фирмите кои не ги искористувале своите квоти добивале награди, а во некои картели постоело меѓусебно продавање на квотите во рамките на картелот. Понатаму, во некои индустрии постоеле заеднички агенции за продажба на производите, а во други купувачите се распределувале на одделните членки на картелот.[4]

Во споредба, приватните картели вклучуваат договор за начинот и условите од кои членовите добиваат заемна корист, а кои не се знаат и нема веројатност дека ќе бидат откриени од надворешни страни. Во многу судски надлежности, приватните картели се сметаат за нелегални и се смета дека ги кршат законите против монопол.[2]

Теорија на картелот[уреди | уреди извор]

Во картелот, секоја фирма добива квота во вкупното производство, така што при n фирми, квотата изнесува 1/n. на тој начин, секоја фирма се соочува со поединечна побарувачка еднаква на 1/n од вкупната пазарна побарувачка. Секоја фирма произведува еднакво производство (1/n), а профитот го максимизира на точката во која се сечат маргиналниот приход и маргиналниот трошок, а цената зависи од производството на фирмата. Ако фирмите во картелот не се многу големи и немаат влијание врз вкупната понуда, тогаш секоја фирма има поттик да излезе од картелот, зашто така таа ќе продава по цената одредена од картелот, но ќе може да го зголеми производството над квотата и со тоа ќе го зголеми профитот. Тоа создава тешкотии во одржувањето на картелот. Друг проблем со кој се соочува картелот е можноста маргиналните трошоци на членките да се разликуваат меѓу себе; тогаш, некои членки ќе претпочитаат повисока цена, а други пониска поради што не може да се определи цената која ќе го максимизира профитот на картелот. Овој проблем може да се реши ако картелот дозволи продажба на квотите меѓу неговите членки. Понатаму, ако квотите се одредуваат во зависност од производниот капацитет на членките на картелот, тогаш секоја фирма има интерес да инвестира во зголемување на капацитетот, зашто така ќе добие поголема квота и ќе оствари повисок профит. Најпосле, ако членките на картелот имаат квоти, тоа создава можност за влез на нови фирми во индустријата кои ќе произведуваат повеќе од квотите, но по истата цена; оттука, картелот ќе биде принуден на новите фирми кои влегуваат во индустријата да им понуди поволни услови за да ги привлече во картелот.[5]

Долгорочна неодржливост на картелите[уреди | уреди извор]

Некои тврдат дека картелите по природа се нестабилни преку аргументи од теоријата за игра, особено преку играта дилема на затворениците. На двајцата затвореници им е подобро кога остануваат тивки (односно, кога соработуваат) отколку кога двајцата одлучуваат да извршат измама (да отстапат од договорот, односно, да се натпреваруваат). Меѓутоа, ако само еден од двајцата затвореници изврши измама додека другиот остане тивок, првиот би бил слободен, што е сепак поповолно за него отколку да мора да остане во затвор шест месеци.

Истото може да се случи и во картел ако пазарот по природа е ограничен (во контраст со пазарот што продолжува да постои бесконечно: додека на неговите членови им е подобро да бидат дел од договорот отколку да се натпреваруваат, отстапувањето (на пример со намалување на својата цена) би можело да значи заземање голем дел од пазарната побарувачка и остварување големи профити. Со други зборови, членовите на картелот секогаш имаат мотив да отстапат од својот договор што објаснува зошто генерално е тешко картелите да се одржат долгорочно. Емпиричните истражувања за картелите од 20 век утврдија дека просечното траење на откриените картели е од 5 до 8 години. Сепак, откако ќе се растури картелот, мотивот да се формира картелот се враќа и картелот може повторно да биде формиран.

Дали членовите на картелот ќе изберат да го прекршат договорот ќе зависи од тоа дали краткорочните добивки од прекршувањето ги надминуваат среднорочните и долгорочните загуби што произлегуваат од можното растурање на картелот (од оваа причина, и во Играта за дилемата на затворениците, рамнотежата се менува ако играта се игра еднаш или ако ,наместо тоа, се повторува). Релативната големина на овие два фактори делумно зависи од тоа колку е тешко за претпријатијата да надгледуваат дали има придржување до договорот и од значајноста на краткорочните добивки во однос на долгорочната добивка. Колку подолго претпријатијата во картелот можат да мамат без да бидат откриени, толку поголема ќе биде добивката од тоа. Поради тоа, доколку е тешко да се надгледува, тогаш колку е поголема веројатноста дека некоја страна од договорот ќе мами толку понеодржлив ќе биде картелот.

Има неколку фактори што можат да влијаат врз способноста на претпријатијата да го надгледуваат картелот:[6]

  1. Бројот на претпријатија во индустријата.
  2. Карактеристиките на производите што ги продаваат претпријатијата.
  3. Производствени трошоци на секој член.
  4. Однесување на побарувачката
  5. Зачестеност на продажбите и нивни карактеристики.

Бројот на претпријатија во индустријата[уреди | уреди извор]

Колку е помал бројот на претпријатија во индустријата, толку е полесно за членовите на картелот да го надгледуваат однесувањето на другите членови. Со оглед на тоа што откривањето на смалувањето на цените станува потешко како што се зголемува бројот на претпријатија, добивките од смалувањето на цените се поголеми.

Колку е поголем бројот на претпријатија толку е поверојатно дека една од тие претпријатија е неконформистичка претпријатие, односно, претпријатие позната по спроведување на енергична и независна стратегија за одредување цени. Дури и кога станува збор за концентриран пазар, со неколку претпријатија, постоењето на таква претпријатие може да го наруши колизиското однесување на картелот.[6]

Карактеристики на продадените производи[уреди | уреди извор]

Врз способноста на картелот да надгледува а според тоа и на долгорочната одржливост на картелот ќе влијае и тоа дали производите продадени од картелите се хомогени или различни. Со хомогените производи не само што полесно се прават договори за цени и/или количини туку се олеснува и надгледувањето. Доколку производите се хомогени, претпријатијата знаат дека поверојатна е промена во нивниот дел од пазарот поради смалување на цените (или зголемување на количината) од страна на друг член. Наместо тоа, доколку производите се различни, промени во количините продадени од некој член може да се случат како резултат на промените на преференциите на потрошувачите или побарувачката. Во првиот случај, јасно е дека промената во побарувачката на една претпријатие се случува како резултат на мамење од друг член, додека во вториот случај членовите би можело да не мамат а сепак тендениите на побарувачката да се сменат.[6]

Трошоци за производство[уреди | уреди извор]

Слични структури на трошоците кај претпријатијата во картел овозможуваат полесно координирање со оглед на тоа што претпријатијата ќе имаат слично максимизирачко однесување во поглед на цените и производството. Наместо тоа, ако претпријатијата имаат различни структури на трошоци тогаш секое ќе има различно максимизирачко однесување и како резултат на тоа ќе има мотив за одредување на различна цена и за произведување на различни количини. Промените во структурата на трошоците (на пример кога некое претпријатие воведува нова технологија), исто така дава предност над ривалите во поглед на трошоците, со тоа што повеќе ја отежнува координацијата и одржливоста.[6]

Однесување на побарувачката[уреди | уреди извор]

Доколку една индустрија се карактеризира со променлива побарувачка (односно, побарувачка со циклични флуктуации) тоа им отежнува на претпријатијата во картелот да откријат дали таквите промени се како резултат на флуктуации на побарувачката или како резултат на мамење од страна на друг член на картелот. Поради тоа, надгледувањето е потешко во пазар со флуктуации на побарувачката.[6]

Карактеристики на продажбите[уреди | уреди извор]

Како што е кажано, краткорочните добивки од мамењето (во однос на долгорочните добивки од колузијата) даваат поголема веројатност дека некој член ќе мами. Овие краткорочни добивки делумно ќе зависат од зачестеноста и бројот на продажбите. Ако продажбите не се чести (на пример на некои пазари за тендери каде претпријатијата можат да имаат десет договори за продажба) тогаш претпријатијата во картелот може да имаат мотив да ја намалат својата цена во однос на цената на другите продавачи и да го добијат договорот (со оглед на тоа што тие генерално знаат дека ќе има само неколку можни договори). Згора на тоа, колку е поголем бројот на производи за продавање толку е поголем мотивот за претпријатието да мами. Според тоа, мала зачестеност на продажбите придружена со големи количини на производи во секоја од овие продажби ги прави картелите помалку одржливи.[6]

Закон против монопол на картелите[уреди | уреди извор]

Општ поглед[уреди | уреди извор]

Меѓународните власти за конкуренција забрануваат картели, но ефикасноста на прописите за картели законот против монопол генерално се оспорувани од економските слободоумници.[7][се бара извор]

Соединетите Американски Држави[уреди | уреди извор]

Шермановиот закон против монополите од 1890 година ги прогласи за незаконски сите договори, здруженија и конспирации што неоправдано ја спречуваат меѓудржавната и надворешната трговија. Ова вклучува нарушувања на картелот, како договор за цените, манипулирање со понудата и поделба на потрошувачите. Прекршувањата на Шермановиот закон што вклучуваат договори меѓу конкурентите обично се казнуваат како кривични дела.[8] Првиот успешен процес против картелите врз основа на Шермановиот зкаон бил оној против шест фирми од производството на челични цевки кои во 1894 година постигнале договор за поделба на пазарот во 35 американски држави. Притоа, определени градови биле резервирани за одделни фирми, а во овие градови другите фирми од картелот секогаш нуделе повисоки цени на тендерите за да победи привилегираната фирма. Во другите градови, цените биле одредени од страна на централниот комитет при што најпрвин сите фирми конкурирале со своите понуди пред комитетот, нудејќи му „бонус“, а фирмата со најголем понуден бонус го добивала правото да конкурира на официјалниот конкурс. Овие бонуси одвреме-навреме биле распределувани на членките на картелот согласно нивниот капацитет за прозводство.[9]

Европската унија[уреди | уреди извор]

Законот за конкуренција на ЕУ експлицитно забранува картели и слични практики во член 81 од Договорот од Рим article 81 of the Treaty of Rome. Овој член вели: 1.Следново се забранува како неспојиво со заедничкиот пазар: договори меѓу деловни субјекти, решенија на здруженија на деловни субјекти и заеднички практики што можат да влијаат врз трговијата меѓу земјите-членки а кои за свој предмет или последица го имаат спречувањето, ограничувањето или искривувањето на конкурентноста на заедничкиот пазар, а особено оние што:

(а) директно или индиректно се договараат за продажните цени или какви било други трговски услови;
(б) го ограничуваат или контролираат производството, пазарите, техничкиот развој или инвестирањето;
(в) делат пазари или извори за набавка;
(г) применуваат различни услови за еднакви трансакции со други трговски страни, притоа ставајќи ги во конкуренциски неповолна положба;
(д) склучуваат договори под услов другите страни да прифатат дополнителни обврски што, по нивната природа или според комерцијалната употреба, воопшто не се поврзани со предметот на таквите договори.

2.Сите договори или решенија забранети согласно овој член автоматски се неважечки.void.
3.Одредбите од параграф 1 може, сепак, да се прогласат за неприменливи во случај на:

- каков било договор или категорија на договори меѓу деловни субјекти,
- какво било решение или категорија на решенија од здруженија на деловни субјекти,
- каква било заедничка практика или категорија на заеднички практики,

што придонесува за унапредување на производството или дистрибуција на стоки или за унапредување на техничкиот или економски напредок, додека им допушта на потрошувачите просечен дел од придобивката што произлегува, а што не:

(a) им наметнува на односните деловни субјекти ограничувања што не се неопходни за постигнување на овие цели;
(b) им ја даваат можноста на таквите деловни субјекти да ја елиминираат конкуренцијата во однос на значителен дел од производите за кои станува збор.

Член 81 експлицитно забранува договори за цени и огранучување/контрола на производството, двата најзачестени вида на колизија меѓу картели. Законот за конкуренција на ЕУ исто така содржи и прописи за износот на паричните казни за секој вид на картел и попустлива политика според која ако некоја претпријатие во картел е прва што се откажува од договорот за колизија ослободена е од каква било одговорност. Овој механизам многу помогна за откривање на договори меѓу картели во ЕУ.

Примери[уреди | уреди извор]

Луѓе од иста трговија ретко се среќаваат, дури и за веселба или разонода, но разговорот завршува со заговор против јавноста, или со некаков изум за зголемување на цените . :Адам Смит, Богатството на нациите, 1776 г.

Пример за нов меѓународен картел е оној создаден од членовите на Азиската федерација за тркање и документиран во Политиката за добри соседи потпишана на 1 септември 2003 година. Други добро познати примери се:

  • ОПЕК (OPEC): Како што кажува името, ОПЕК е составена од суверени држави. Не може да се држи до спроведувањето на монопол во други судски надлежности врз основа на принципот на државен имунитет според јавното меѓународно право. Меѓутоа, членовите од групата често ги напуштаат редовите на организацијата за да ги зголемат производствените квоти.
  • De BeersDe Beers е картел од претпријатија што работат во истражување на необработени дијаманти.
  • Меѓународната корпорација за натпреварување (International Match Corporation-IMCO) на Иван Кројгер (Ivan Kreuger) од 1920-тите.
  • Многу трговски организации, особено во индустрии управувани од неколку големи претпријатија, се обвинети дека претставуваат паравани за картели.
  • Иако за картелите вообичаено се мисли дека се група на корпорации, некои сметаат дека синдикатите се картели, бидејќи тие се залагаат да ја зголемат цената на трудот (платите) спречувајќи конкуренција.[http://www.cbe.csueastbay.edu/~sbesc/99septcol.htm
  • некои дури и тврдат дека и набавувачите на пари може да формираат картел за да ја зголемат цената на парите (каматна стапка).

[10] or gain political power [11]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sullivan, arthur; Steven M. Sheffrin (2003). Economics: Principles in action. Upper Saddle River, New Jersey: Pearson Prentice Hall. стр. 171. ISBN 0-13-063085-3.
  2. 2,0 2,1 Khemani, R. S. and D. M. Shapiro (1993): Glossary of Industrial Organisation Economics and Competition Law. Compiled by R. S. Khemani and D. M. Shapiro, commissioned by the Directorate for Financial, Fiscal and Enterprise Affairs, OECD, 1993. Downloadable [1].
  3. Economics A-Z. Glossary of Economic Terms done by www.economist.com. Term can be seen here
  4. George J. Stigler, The Theory of Price, third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 230-231.
  5. George J. Stigler, The Theory of Price, third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 232-236.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 Bishop and Walker (1999).
  7. Regulation Magazine Vol. 12 No. 2
  8. Antitrust Enforcement and the Consumer U.S. Department of Justice
  9. George J. Stigler, The Theory of Price, third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 230.
  10. Encyclopedia of Political Economy: A-K By Phillip Anthony O'Hara Contributor Phillip Anthony O'Hara Edition: illustrated, reprint Published by Routledge, 1999 ISBN 0-415-18717-6, 9780415187176 page 348
  11. [2] The cartel of good intentions, Foreign Policy, Washington, Jul/Aug 2002, Authors: William Easterly, Issue: 131, Pagination: 40-49, ISSN: 00157228

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Bishop, Simon and Mike Walker (1999): The Economics of EC Competition Law (Економијата на Законот за конкуренција на ЕЗ). Sweet and Maxwell.
  • Connor, John M. (2008): Global Price Fixing: 2nd Paperback Edition. Heidelberg: Springer.(Глобален договор за цени)
  • Levenstein, Margaret C. and Valerie Y. Suslow. What Determines Cartel Success? Journal of Economic Literature 64 (March 2006): 43-95.(Што го одредува успехот на картелот? Весник на Економска литература 64)
  • Stocking, George W. and Myron W. Watkins. Cartels in Action. New York: Twentieth Century Fund (1946).(Картели во акција. Њујорк: Фонд на дваесеттиот век)
  • Tirole, Jean (1988): The Theory of Industrial Organization. The MIT Press, Cambridge, Massachusetts.(Теорија на индустриска организација)