Карлос Вела

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карлос Вела
Carlos Vela - Stoke City FC V Arsenal 62 cropped.jpg
Лични податоци
Полно име Карлос Алберто Вела Гаридо
Роден на 1 март 1989 (1989-03-01) (25 г.)
Роден во Мексико
Висина 1.78[1]
Положба напад
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Реал Сосиедад
Број 11
Младинска кариера
2002–2005 Guadalajara
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005–2012 ФК Арсенал 35 (12)
2006–2007 ФК Саламанка (loan) 32 (8)
2007–2008 ФК Осасуна (loan) 33 (3)
2011 ФК Вест Бромбич Албион (loan) 8 (2)
2011–2012 ФК Реал Сосиедад (loan) 37 (12)
2012- ФК Реал Сосиедад 0 (0)
Репрезентација
2005 Mexico U17 8 (5)
2007 Mexico U20 8 (0)
2007– Mexico 35 (9)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 15 May 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 30 November 2011
Карлос Вела

Карлос Алберто Вела Гаридо ((роден 1 март 1989 во Канкун, Кинтана Ро) е мексикански фудбалер, напаѓач кој моментално игра за Арсенал во англиската Премиер Лига.

Биографија[уреди]

Британскиот таблоид The Sun го опиша Вела како еден од 20 млади играчи на кои треба да се внимава во 2008,[2] Карлос Вела е помладиот брат на Алехандро Вела, кој игра за Круз Азул во мексиканската прва лига. Кариерата на Вела започна во Гуадалахара, покрај својот брат. Иако немаше настап за првиот тим на Гуадалахара, неговата голема шанса дојде на Светското Првенство за играчи до 17 години, кога настапи за Мексико. Вела и помогна на мексиканската репрезентација да го освои СП за играчи до 17 години во 2005 против други талентирани тимови, како Бразил. Неговиот талент особено беше важен против Бразил, во победата од 3:0 во финалето. На крајот на СП 2005 во Перу, Вела беше прогласен за најдобар стрелец на турнирот со пет гола и ја освои Златната Копачка на Адидас.

По светското првенство, Хорхе Вергера, сопственик и претседател на Чевас де Гуадалахара, му понуди договор, и, бидејќи фамилијата на Вела во тоа време живееше во Канкун, град кој неаодамна беше погоден од ураган, Карлос како услов за потпишување побара клубот да му помогне на неговото семејство да се пресели. Тој и претходно имаше покажано голема поврзаност со неговиот татко, чиј роденден се падна на истиот ден кога Мексико го совлада Бразил во финалето на СП, кога му го однесе пехарот и му го „подари“, и му ја посвети својата златна копачка за роденденот.[3]

Клубска кариера[уреди]

По изведбата на Светското Првенство, на кое ја освои златната копачка и го одведе Мексико до титула, Вела привлече интерес од неколку европски клубови. На крајот Арсенал беа успешни и го купија од Чивас во ноември 2005 за 125000 фунти, кои ќе се зголемат на 550000 фунти кога ќе одигра 50 натпревари во првиот тим.[4] Карлос со Арсенал потпиша петгодишен договор. Сепак, поради британските ограничувања за работна дозвола за личности кои не се граѓани на Европската Унија, тој не беше во можност да игра во Англија. Поради тоа, набрзина беше испратен на заем во Селта де Виго во февруари 2006.[5]

Саламанка[уреди]

Вела потоа беше даден на заем во Саламанка, во шпанската втора лига, за сезоната 2006–07.[6] Откако го заврши заемот во Саламанка, каде постигна осум, и асистираше за многу од нивните 53 голови,[7] поголеми клубови, од првата лига, како Леванте, Осасуна и Алмериа покажаа интерес да го добијат на заем од Арсенал, каде што сè уште не можеше да игра бидејќи упте немаше добиено работна дозвола.[8]

Осасуна[уреди]

За сезоната 2007-08, беше постигнат едногодишен договор за заем со опција да се продолжи за уште една година.[9][10][11] На 31 октомври 2007 го постигна својот прв гол за Осасуна, на натпревар против Реал Бетис, изведба која му донесе фалби од шпанските медиуми.[се бара извор]

Назад во Арсенал[уреди]

На 22 мај 2008, Вела најпосле доби работна дозвола со која можеше да игра во Англија. Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер потврди дека Карлос Вела ќе биде поврзан со првиот тим во сезоната која доаѓа и дека според него Вела е напаѓач сличен на Едуардо.[12] Во Арсенал го доби бројот 12.

Натпреварувачкото деби за Арсенал му беше на 30 август 2008 на натпреварот од Премиер Лигата против Њукасл Јунајтед, кога влезе како замена на местото на Робин ван Перси во 63 минута. Арсенал победи на тој натпревар со 3:0. На неговиот прв целосен натпревар на 23 септември 2008 против Шефилд Јунајтед во Карлинг Купот, Вела постигна хет-трик во победата од 6:0 со голови во 44, 50 и 87 минута. Натпреварот беше значаен и поради фактот што тогаш настапи најмладиот тим во историјата на Арсенал, со просечна возраст од 19 години.

Репрезентативна кариера[уреди]

Дебито за Мексико, Вела го имаше на пријателскиот натпревар во септември 2007 против Бразил. На 18 октомври 2007, тој го постигна првиот сениорски гол за Мексико, на пријателскиот натпревар против Гватемала кој се играше во Лос Анџелес. На 7 февруари 2008 беше стартер на пријателскиот натпревар против ОАД кој заврши 2:2, во второто полувреме беше заменет од Џовани дос Сантос. На 8 јуни 2008, Вела го постигна својот втор гол за Мексико на пријателскиот натпревар против Перу, во 20 минута со што му помогна на Мексико во победата од 4:0. На следниот натпревар за Мексико, квалификациски натпревар против Белизе, го постигна првиот гол на натпреварот. ВО вториот натпревар против Белизе повторно го постигна првиот гол, натпреварот заврши 7:0 во корист на Мексико.

Репрезентативни голови[уреди]

# Датум Стадион Противник Гол Конечен резултат Натпреварување
1. 18 октомври, 2007 Лос Анџелес, ОАД Гватемала 1:1 2:3 Пријателски
2. 8 јуни, 2008 Чикаго, ОАД Перу 3:0 4:0 Пријателски
3. 15 јуни, 2008 Хјустон, ОАД Белизе 1:0 2:0 Квалификации за Светското Првенство 2010
4. 21 јуни, 2008 Монтереј, Мексико Белизе 2:0 7:0 Квалификации за Светското Првенство 2010

Клубска статистика[уреди]

(заклучно со 11 ноември 2008)[13]
Клуб Сезона Лига Куп Европа Вкупно
Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист. Настапи Голови Асист.
Саламанка (заем) Шпанска прва лига 2006–07 31 8 15 1 0 0 0 0 0 32 8 15
Осасуна(заем) Шпанска прва лига 2007–08 33 3 4 0 0 0 0 0 0 33 3 4
Арсенал ФК Премиер Лига 2008-09 4 0 0 2 4 2 4 0 0 10 4 2
Вкупно во кариера 68 11 19 3 4 2 4 0 0 75 15 21

Почести[уреди]

Репрезентативни[уреди]

Мексико

  • Светско Првенство за играчи до 17 години: 2005
  • Златна Копачка за играчи до 17 години: 2005

Клуб[уреди]

Арсенал

  • Турнир Амстердам 2008

Белешки[уреди]

  1. „Carlos Vela Profile“. http://soccernet.espn.go.com/player/_/id/76098/carlos-vela?cc=4716. 
  2. Ones to watch in 2008: Football wonderkids, The Sun, 28 декември 2007
  3. „Ramirez: "I didn't expect such a resounding victory"“. „FIFA“. 2005-10-03. http://www.fifa.com/tournaments/archive/tournament=102/edition=9095/news/newsid=100721.html#ramirez+didnt+expect+such+resounding+victory. конс. 3 јули 2008. „I dedicate my goal tonight, and the trophy, to my father, because it's his birthday this evening.“ 
  4. Jonathan Northcroft (2008-09-28). „Arsene Wenger's generation game“. „The Sunday Times. http://www.timesonline.co.uk/tol/sport/football/premier_league/arsenal/article4837568.ece. конс. 28 септември 2008. 
  5. Vela poised for European stage, Fifa.com, via the Wayback Machine, 27 април 2006
  6. (шпански) El mexicano Carlos Vela, a un paso de llegar cedido al Salamanca, Diario Marca, 5 август 2006
  7. Darren Lewis (2007-07-13). „Jolly good Vela“. „The Mirror. http://www.mirror.co.uk/sport/2007/07/13/jolly-good-vela-89520-19449146/. конс. 20 јули 2007. „…setting up around half of their 53 goals last season and scoring eight in 31 appearances himself.“ 
  8. Graeme Bailey (2007-07-18). „Gunners duo linked with loans“. „Sky Sports. http://home.skysports.com/list.aspx?hlid=477399&plid=60469&clid=3&cpid=8. конс. 20 јули 2007. 
  9. (шпански) Carlos Vela will play for Osasuna
  10. Jonathan Symcox (2007-07-20). „Premiership — Wenger denies Anelka interest“. „Eurosport. http://uk.eurosport.yahoo.com/20072007/58/premiership-wenger-denies-girl-interest.html. конс. 22 јули 2007. 
  11. Francisco Acedo (2007-07-21). „Arsenal starlet to join Osasuna“. Sky Sports. http://home.skysports.com/list.aspx?hlid=477973&CPID=8&clid=3&lid=&title=Arsenal+starlet+to+join+Osasuna. конс. 22 јули 2007. 
  12. „Mexican striker Vela granted a work permit“. „Arsenal.com“. 2008-05-22. http://www.arsenal.com/article.asp?thisNav=News&article=491726&lid=NewsHeadline&Title=Mexican+striker+Vela+granted+a+work+permit. конс. 22 мај 2008. 
  13. „Statistics“. „Soccernet. http://soccernet.espn.go.com/players/stats?id=76098&cc=4716. конс. 1 октомври 2008. 

Надворешни врски[уреди]