ФК Њукасл Јунајтед

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Њукасл Јунајтед ФК)
Њукасл Јунајтед
Целосно имеЊукасл Јунајтед Фудбал клуб
ПрекарСтрачки, Тун Армијата
Основан9 септември 1892
СтадионСент Џејмсис Парк
Њукасл, Англија
Капацитет52,404
ПретседателАнглија Мајк Ешли
МенаџерШпанија Рафаел Бенитес
Лига Премиер лига
2018–19Премиер лига, 13. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Њукасл Јунајтед Фудбал Клуб (на англиски Newcastle United Football Club) или ФК Њукасл Јунајтед е англиски фудбалски клуб од градот Њукасл Апон Тајн. Клубот е основан во 1892 со спојување на два локални клуба Њукасл Ист Енд и Њукасл Вест Енд и откако постои ги игра своите домашни натпревари на стадионот Сент Џејмс Парк. Клубот е член на Премиер лигата во сите, освен две сезони од историјата на натпреварувањето, и исто така никогаш не испаднал под второто ниво на англискиот фудбал, откако се приклучил на Фудбалската Лига во 1893 година. Во 2007 година, долгорочниот претседател и сопственик на клубот Сер Џон Хол го продаде својот удел во клубот на Мајк Ешли.

Њукасл има освоено четири лигашки наслови како и 6 ФА Купа, додека нивен најголем успех во евро-турнирите е освојувањето на купот на велесаемските градови во 1969 година како и Интертото Купот во 2006 година. Тие се на 8-мо место по бројот на освоени трофеи меѓу англиските екипи. Најголем соперник на Њукасл му е тимот на Сандерленд со кого го игра популарното Дерби на Тајн и Вер уште од 1898 година. Тимот игра во за нив препознатливата црно-бела комбинација, а главен прекар на клубот е Страчките.

Бои на клубот[уреди | уреди извор]

Главни бои на Њукасл Јунајтед се црната и белата, кој се нормално распоредени од горе надолу. Во почетокот играчите на Њукасл носеле црвени дресови, но како со текот на времето кога сè повеќе тимови во Англија почнуваат да носат црвени дресови како на пр. Ливерпул и Арсенал, ги менуваат своите дресови во црно-бела комбинација. Од тогаш па сè до денес боите на клубот се тие и во оваа комбинација Њукасл ги игра своите домашни натпреврари. Што се однесува до дресовите за гостинските натпревари тие се менувале со текот на времето, во почетокот биле сини, подоцна жолти, па сиви, црни, зелени, а моменталните гостински дресови на клубот се со бордо-црна боја.

Стадион[уреди | уреди извор]

Низ историјата на Њукасл Јунајтед, нивниот дом секогаш бил Сент Џејмсис Парк-најстариот и најголемиот фудбалски стадион во Севернo-Источна Англија, а шести по големина фудбалски стадион во Обединетото Кралство. Тој бил домаќин на 10 меѓународни фудбалски натпревари на сениорско ниво, од кој првиот во 1901 година, а последниот во 2005 година. Сент Џејмс Парк беше употребен како место на кое се играше фудбал и на Летните олимписки игри 2012 и исто така ќе се користи за претстојното Светско првенство во рагби во 2015 година. Капацитетот на стадионот е 52 404 места за седење. Во ноември 2011 година сопственикот на Њукасл Мајк Ешли ги продал правата на стадионот на спонзорите, па името на стадионот е променето во Спортс Дајрект Арина.

Навивачи[уреди | уреди извор]

Панорама на Сент Џејмс Парк

Навивачите на Њукасл, сите заедно, се познати под едно име Toon Army (превод на мак. Тун армија), но исто така познати се и некој прекари на навивачките групи како Geordies (жордицата) и the Magpies (страчките). Geordies ги нарекуваат заради тоа што така се нарекуваат луѓето кој живеат во градот Њукасл, додека the Magpies или страчки заради боите на клубот, којшто се исти со боите на пердувите на оваа птица (црно бела боја). Многу англиски медиуми велат дека Тун Армијата е една од најдобрите навивачки групи во Англија и на Островот, а најдобар доказ за тоа е посетеноста на Сент Џејмс Парк кој е еден од најисполнетите стадиони во Англија за време на натпреварите. Освен во Англија Њукасл Јунајтед има навивачки групи и во други делови на светот како на пр.: во Скандинавија, Исланд, Австралија, САД, Италија итн. Од познатите личности навивачи на Њукасл Јунајтед се и: поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер, потоа гитаристот на Ајрон Мејден Џеник Герс, и фронтменот на AC/DC Брајан Џонсон.

Соперници[уреди | уреди извор]

Покрај Сандерленд со кого го игра Дербито Тајн и Вер, втор најлут соперник на Њукасл Јунајтед е Мидлсбро со кој се среќава во Дербито Тајн и Тис.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Ирска ГМ Роб Елиот
2 Ирска ОД Киаран Кларк
3 Велс ОД Пол Дамет
4 Јужна Кореја СР Ки Сунг-јуенг
5 Швајцарија ОД Фабијан Шер
6 Англија ОД Џамал Ласелс
8 Англија СР Џонџо Шелви
9 Венецуела НП Саломон Рондон
10 Сенегал СР Мохамед Диаме
11 Шкотска СР Мат Ричи
12 Словачка ГМ Мартин Дубравка
13 Јапонија НП Јошинори Муто
14 Англија СР Ајзак Хејден
15 Бразил СР Кенеди
Бр. Позиција Играч
17 Шпанија НП Ајосе Перес
18 Аргентина ОД Федерико Фернандес
19 Шпанија ОД Хавиер Манкилјо
20 Франција ОД Флоријан Лежен
21 Шпанија НП Хоселу
22 САД ОД ДеАндре Једлин
23 Италија ОД Антонио Барека (on loan from Monaco)
24 Парагвај СР Мигел Алмирон
26 Англија ГМ Карл Дарлоу
29 Англија ГМ Нејтн Харкер
30 Гана СР Кристијан Атсу
36 Англија СР Шон Лонгстаф
41 Англија ГМ Фреди Вудман

Тренерска историја на Њукасл Јунајтед[уреди | уреди извор]

Моменталниот менаџер на клубот, Рафаел Бенитес
Име и презиме Националност Од До
непознато (n/a) 1892 1929
Енди Канингем  Шкотска 1930 1935
Том Матер  Англија 1935 1939
Стан Сејмур  Англија 1939 1958
Џорџ Мартин  Англија 1947 1950
Даг Ливингстон  Шкотска 1954 1956
Чарли Мајтен  Англија 1958 1961
Норман Смит  Англија 1961 1962
Џо Харви  Англија 1962 1975
Гордон Ли  Англија 1975 1977
Ричард Динс  Англија 1977 1977
Бил МекГари  Англија 1977 1980
Артур Кокс  Англија 1980 1984
Џек Чарлтон  Англија 1984 1985
Вили МекФол  Северна Ирска 1985 1988
Џим Смит  Англија 1988 1991
Освалдо Ардилес  Аргентина 1991 1992
Кевин Киген  Англија 1992 1997
Кени Далглиш  Шкотска 1997 1998
Руд Гулит  Холандија 1998 1999
Сер Боби Робсон  Англија 1999 2004
Грејм Сунес  Шкотска 2004 2006
Глен Редер  Англија 2006 2007
Сем Алардајс  Англија 2007 2008
Кевин Киген  Англија 2008 2008
Џо Кинар  Ирска 2008 2009
Алан Ширер  Англија 2009 2009
Крис Хјутон  Ирска 2009 2010
Алан Пардју  Англија 2010 2015
Џон Карвер  Англија 2015 2015
Стив Мекларен  Англија 2015 2016
Рафаел Бенитес  Шпанија 2016

Титули[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]