Карлос Алкарас
Карлос Алкарас | |
---|---|
Име | Карлос Алкарас Гарфија |
Земја | Шпанија |
Место на живеење | Виљена, Шпанија |
Роден на | 5 мај 2003 |
Роден во | Ел Палмар, Шпанија |
Спорт | Тенис |
Висина | м[1] | 1,83
Професионалец | 2018 |
Игра со | • десна рака • дворачен бекхенд |
Тренер(и) | Хуан Карлос Фереро |
Заработка | US$27,427,247[2] |
Поединечно | |
Победи-порази | 161–46 (77,8%) |
Титули | 15 |
Највисок пласман | Бр. 1 (12 септември 2022) |
Сегашен пласман | Бр. 3 (14 јуни 2024)[3] |
Резултати на Гренд Слемови | |
Австралијан Опен | ЧФ (2024) |
Ролан Гарос | П (2024) |
Вимблдон | П (2023, 2024) |
УС Опен | П (2022) |
Други турнири | |
Мастерс куп | ПФ (2023) |
Во двојки | |
Победи-порази | 3–3 (50,0%) |
Титули | 0 |
Највисок пласман | Бр. 519 (9 мај 2022) |
Ажурирано на: 17 февруари 2024. |
Карлос Алкарас Гарфија (шпански: Carlos Alcaraz Garfia; р. 5 мај 2003, во Ел Палмар)[4] — шпански професионален тенисер. Најдобриот пласман во поединечна конкуренција го остварил на 12 септември 2022 година, кога се искачил на првото место на АТП листата на најдобрите тенисери, станувајќи најмладиот тенисер во отворената ера кој остварил таков успех.[5][6][7]
Професионалната тениска кариера Алкарас ја започнал во 2018 година, и до денес има освоено 15 титули на турнирите од АТП серијата, вклучувајќи четири гренд слема (двапати бил победник на Вимблдон, по еднаш на Отвореното првенство на САД и Ролан Гарос) 5 освоени титули на турнирите од АТП Мастерс серијата и уште четири од АТП серијата 500.
Моментално е рангиран на третото место на АТП листата.[3]
Биографија
[уреди | уреди извор]Карлос Алкараз Гарфија е роден на 5 мај 2003 година, во Ел Палмар, Мурсија, југоисточна Шпанија, како дете на Карлос Алкарас Гонсалес и Вирхинија Гарфија Ескандон. Тој има три браќа и сестри.
Алкарас започнал да игра тенис на четиригодишна возраст во клубот Реал Сосиедад де Кампо де Мурсија, каде што неговиот татко бил тренер и администратор на клубот.[8] Таткото на Алкарас, исто така, играл тенис, но престанал да игра како тинејџер кога повеќе не можел тоа да си го дозволи.[9][10] Од друга страна, неговата мајка работела како продажен асистент во IKEA.[11]
Во 2018 година, Алкарас се преселил во Виљена, каде започнал да тренира во спортската академија на прославениот шпански тенисер Хуан Карлос Фереро.[12][13]
Кариера
[уреди | уреди извор]Во февруари 2020 година, на 16-годишна возраст, Алкарас го направил своето деби во главниот жреб на некој АТП турнир, на АТП Рио де Жанеиро откако добил вајлд-карта за поединечна конкуренција. Алкарас го совладал сонародникот Алберт Рамос Вињолас во првото коло,[14] но загубил во својот втор натпревар од Федерико Корија со 4-6, 6-4, 4-6.
2021: Првата АТП титула и победник на Некст-Џен финалето
[уреди | уреди извор]На само 17-годишна возраст, Алкарас стигнал до главниот жреб на Отвореното првенство на Австралија, што го направило најмладиот учесник во машка поединечна конкуренција.[15] На своето деби на гренд слем турнирите, Алкарас во три сета го победил Ботик ван де Зандшулп, кој исто така во главиот жреб на турнирот стигнал преку квалификации, пред да загуби во второто коло од Микаел Имер.[16]
Алкарас добил вајлд-карта за настап и станал најмладиот победник во натпревар на Отвореното тениско првенство на Мадрид во историјата на турнирот, победувајќи го Адријан Манарино, со што го соборил дотогашниот рекорд поставен во 2004 година на тогаш 18-годишниот Рафаел Надал. Во второто коло, тој загубил токму од Надал на денот на неговиот 18-ти роденден.[17][18][19] Со освојувањето на најголемата титула во неговата дотогашна кариера, челенџер турнирот Оеираш III, тој влегол во топ 100 како најмлад играч на 18-годишна возраст на 24 мај 2021 година.
На Ролан Гарос 2021, како квалификант Алкарас, за првпат во кариерата на некој гренд слем, стигнал до третото коло, победувајќи ги сонародникот Бернабе Сапата Мираљес и Николоз Басилашвили на патот до таму. Во третата рунда тој бил поразен од Јан-Ленард Штруф во три сета.
Во јули 2021 година, тој стигнал до своето прво АТП финале во кариерата, на турнирот во Умаг, победувајќи го првиот носител Алберт Рамос Вињолас.[20] Во финалето тој го надиграл Ришар Гаске со убедливи 6-2, 6-2, со што ја освоил својата прва АТП титула во кариерата и станал најмладиот победник на некој турнир од АТП турнеја од денот кога 18-годишниот Кеи Нишикори го освоил турнирот во Делреј Бич во 2008 година.[21]
На АТП Винстон-Салем 2021, Алкарас стигнал до осминафиналето победувајќи го квалификантот Алексеј Попирин, а неговото второ четвртфинале на ниво АТП турнеја во сезоната го обезбедил победувајќи го четвртиот носител Мартон Фучович.[22] Тој го победил Маркос Гирон за да се пласира во полуфиналето,[23] каде бил сопрен од Микаел Имер.
На Отвореното првенство на САД, Алкарас го победиl светскиот рекет бр. 3 Стефанос Циципас, во тај-брејкот на петтиот сет за да се пласира во четвртото коло што му била најголемата победа во кариерата.[24] На 18-годишна возраст, Алкарас станал најмладиот играч кој дошол до четврта рунда на големите турнири од 17-годишниот Андреј Медведев на Ролан Гарос 1992, и најмладиот кој играл во четвртото коло на УС Опен по 17-годишниот Мајкл Чанг и 18-годишниот Пит Сампрас во 1989.[25][26] Потоа, тој стигнал до четвртфиналето победувајќи го квалификантот Петер Гојовчик. Алкарас станал најмладиот четвртфиналист во машка конкуренција на УС Опен во Опен ерата, најмладиот на турнирот од 18-годишниот Томаз Кох во 1963, и најмладиот четвртфиналист на гренд слем турнирите во машка поединечна конкуренција по 18-годишниот Мајкл Чанг на Ролан Гарос 1990. Во следниот натпревар, тој загубил од Феликс Оже-Алијасим, откако го предал мечот во вториот сет од четвртфиналето поради повреда на ногата.[27]
На АТП Виена, Алкарас го победил светскиот број 7, Матео Беретини, што била негова втора победа над топ-10 играч,[28] и станал најмладиот играч во топ 35 на 1 ноември. На Мастерсот во Париз, Алкарас го победил францускиот тенисер учесник со вајлд-карта Пјер-Иг Ербер во три возбудливи сета во првото коло.[29] Потоа го победил Јаник Синер во два сета во второто коло, негова трета победа над топ-10 играч,[30] пред да биде поразен во третото коло од Иго Гастон.[31]
На Next Generation завршниот турнир, Алкарас ги победил Брендон Накашима, Хуан Мануел Серундоло и Холгер Руне во групната фаза. Потоа, тој го победил Себастијан Баес во полуфиналето и на крај Себастијан Корда во финалето.[32][33][34][35]
2022: Првата гренд слем титула, најмладиот светски бр. 1 и бр. 1 на крајот од годината
[уреди | уреди извор]На Отвореното првенство на Австралија Алкарас бил поставен за 31-ви носител во жребот, првпат во неговата кариера да биде носител на некој гренд слем турнир, и стигнал до третото коло каде загубил во пет сета од Матео Беретини.[36]
Како седми носител на АТП Рио де Жанеиро, Алкарас ја освои својата прва титула на турнирите од АТП 500 серијата победувајќи го Диего Шварцман во финалето.[37] Тој влегол во првите 20 на АТП листата во поединечна конкуренција на 21 февруари 2022 година. Во Индијан Велс, Алкарас стигнал до своето прво полуфинале на турнирите од Мастерс 1000 серијата; откако го совладал бранителот на титулата Камерон Нори во четвртфиналето, тој загубил од Рафаел Надал.
Поставен како 14-ти носител на Мастерсот во Мајами, Алкарас го победил шесттиот носител Каспер Руд во финалето, со што ја освоил својата прва титула од Мастерс 1000 серијата, станувајќи најмладиот машки победник во историјата на турнирот и третиот најмлад освојувач на некои од АТП Мастерс 1000 турнирите во историјата.[38]
На Мастерсот во Монте-Карло, Алкарас загубил во второто коло од Себастијан Корда.[39] На АТП Барселона, Алкарас го победил првиот носител Стефанос Циципас во четвртфиналето[40] со што за првпат во кариерата влегол во топ 10 на АТП листата на 25 април 2022 година.[41][42] Тој станал 20-тиот тинејџер кој успеал да се пробие во првите 10 на листата откако било воспоставено рангирањето во 1973 година, и најмладиот од Рафаел Надал, кој исто така, тоа го сторил на 25 април, но во 2005 година.[43][44] Така, Алкарас дебитирал во топ 10 точно 17 години откако Надал дебитирал во топ 10, што е и нивната разлика во години, што значи дека и двајцата дебитирале во топ 10 непосредно пред да наполнат 19 години. Алкарас подоцна го победил сонародникот Пабло Карењо Буста и ја освоил титулата во Барселона.[45]
Еден ден по неговиот 19-ти роденден на Мастерсот во Мадрид, тој го победил петкратниот победник на турнирот, светскиот број 4 и третиот носител Рафаел Надал во четвртфиналето и станал првиот тинејџер кој го победил Надал на земјена подлога.[46] Следниот ден, тој го победил светскиот рекет број 1 и првиот носител Новак Ѓоковиќ во полуфиналето за неговата 6-та последователна победа над топ-10 играчите, со што станал најмладиот играч на АТП турнејата кој го победил светскиот рекет број 1 од 2004 година. Тој, исто така, станал првиот играч кој некогаш ги победил Ѓоковиќ и Надал на земјена подлога.[38][47][48] Во финалето, тој ја освоил својата четврта титула за сезоната (и втора од Мастерс 1000 серијата), откако го победил бранителот на титулата и светскиот бр. 3 Александар Зверев. Со тоа, тој ги победил првите три носители на турнирот во три последователни натпревари и станал најмладиот победник во историјата на турнирот.[49] Со овој резултат, тој се искачил на највисокото место во кариерата, станувајќи бр. 6 на АТП листата на 9 мај 2022 година.[50]
Откако се повлекол од Мастерсот во Рим поради повреда на зглобот,[51] Алкарас настапил на Ролан Гарос, каде бил поставен за шестти носител. Со две освоени титули на земјена подлога во серијата турнир пред доаѓањето на Францускиот слем, тој бил широко проектиран како еден од фаворитите за титулата.[52] Турнирот го започнал со победа над Хуан Игнасио Лондеро од Аргентина во првото коло со 3-0 во сетови, пред да спаси меч-топка во тешкото второ коло во кое бил подобар од Алберт Рамос Вињолас тек после пет сета.[53][54] Во следните две кола, тој бил на висина на задачата, совладувајќи ги Корда и Карен Хачанов со 3-0 во сетови пред да загуби од Зверев, во второто негово четвртфинале на гренд слем турнирите.
На Вимблдон, Алкарас го победил Јан-Ленард Штруф во тесен меч од пет сета пред потоа да оствари победи со максимални три сета против Талон Грикспор и Оскар Оте, пласирајќи се во осминафиналето на Вимблдон за првпат во својата кариера. Таму тој бил поразен од Јаник Синер во четири сета 6-1, 6-4, 6-7(8-10), 6-3.[55]
АТП финалиња во кариерата
[уреди | уреди извор]Поединечно: 19 (15 титули, 4 финалист)
[уреди | уреди извор]
|
|
Резултат | П/И | Турнир | Година | Серија | Подлога | Противник | Резултат |
---|---|---|---|---|---|---|---|
победа | 1–0 | АТП Умаг, Хрватска | 2021 | 250 | земја | Ришар Гаске | 6–2, 6–2 |
победа | 2–0 | АТП Рио де Жанеиро, Бразил | 2022 | 500 | земја | Диего Шварцман | 6–4, 6–2 |
победа | 3–0 | АТП Мастерс Мајами, САД | 2022 | 1000 | тврда | Каспер Руд | 7–5, 6–4 |
победа | 4–0 | АТП Барселона, Шпанија | 2022 | 500 | земја | Пабло Карењо Буста | 6–3, 6–2 |
победа | 5–0 | АТП Мастерс Мадрид, Шпанија | 2022 | 1000 | земја | Александар Зверев | 6–3, 6–1 |
пораз | 5–1 | АТП Хамбург, Германија | 2022 | 500 | земја | Лоренцо Музети | 4–6, 7–6(8–6), 4–6 |
пораз | 5–2 | АТП Умаг, Хрватска | 2022 | 250 | земја | Јаник Синер | 7–6(7–5), 1–6, 1–6 |
победа | 6–2 | Отворено тениско првенство на САД, Њујорк, САД | 2022 | ГС | тврда | Каспер Руд | 6–4, 2–6, 7–6(7–1), 6–3 |
победа | 7–2 | АТП Буенос Аирес, Аргентина | 2023 | 250 | земја | Камерон Нори | 6–3, 7–5 |
пораз | 7–3 | АТП Рио де Жанеиро, Бразил | 2023 | 500 | земја | Камерон Нори | 7–5, 4–6, 5–7 |
победа | 8–3 | АТП Мастерс Индијан Велс, САД | 2023 | 1000 | тврда | Данил Медведев | 6–3, 6–2 |
победа | 9–3 | АТП Барселона, Шпанија | 2023 | 500 | земја | Стефанос Циципас | 6–3, 6–4 |
победа | 10–3 | АТП Мастерс Мадрид, Шпанија | 2023 | 1000 | земја | Јан-Ленард Штруф | 6–4, 3–6, 6–3 |
победа | 11–3 | АТП Квинс, Велика Британија | 2023 | 500 | трева | Алекс де Минор | 6–4, 6–4 |
победа | 12–3 | Вимблдон, Велика Британија | 2023 | ГС | трева | Новак Ѓоковиќ | 1–6, 7–6(8–6), 6–1, 3–6, 6–4 |
пораз | 12–4 | АТП Мастерс Синсинати, САД | 2023 | 1000 | тврда | Новак Ѓоковиќ | 7–5, 6–7(7–9), 6–7(4–7) |
победа | 13–4 | АТП Мастерс Индијан Велс, САД | 2024 | 1000 | тврда | Данил Медведев | 7–6(7–5), 6–1 |
победа | 14–4 | Ролан Гарос, Франција | 2024 | ГС | земја | Александар Зверев | 6–3, 2–6, 5–7, 6–1, 6–2 |
победа | 15–4 | Вимблдон, Велика Британија | 2024 | ГС | трева | Новак Ѓоковиќ | 6–2, 6–2, 7–6(7–4) |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Carlos Alcaraz | Overview | ATP Tour | Tennis“. ATP Tour. Архивирано од изворникот 6 October 2019. Посетено на 7 June 2023.
- ↑ „Career prize money“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 2 May 2019. Посетено на 9 October 2023.
- ↑ 3,0 3,1 „Carlos Alcaraz | Overview“. ATP Tour. Архивирано од изворникот 26 July 2021. Посетено на 15 February 2020.
- ↑ „The pronunciation by Carlos Alcaraz himself“. ATPWorldTour.com. Архивирано од изворникот 12 April 2023. Посетено на 19 July 2023.
- ↑ „Alcaraz becomes youngest world No. 1 in Pepperstone ATP rankings history“. ATP Tour. 11 September 2022. Архивирано од изворникот 12 September 2022. Посетено на 12 September 2022.
- ↑ „Alcaraz wins US Open title & rises to world No. 1“. ATP Tour. 11 September 2022. Архивирано од изворникот 12 September 2022. Посетено на 12 September 2022.
- ↑ „Carlos Alcaraz Youngest Year-End ATP No. 1 Presented By Pepperstone In History“. ATP Tour. Архивирано од изворникот 16 November 2022. Посетено на 26 November 2022.
- ↑ Futterman, Matthew (2023-06-01). „Antes de que Carlos Alcaraz fuera impresionante, fue bastante bueno como para tener suerte“. The New York Times (шпански). ISSN 0362-4331. Посетено на 2024-07-13.
- ↑ Moya, Francisco J. (2022-04-06). „El abuelo de Carlos Alcaraz, de la receta de las tres 'C' a la «alegría, el orgullo y el alivio»“. La Verdad (шпански). Посетено на 2024-07-13.
- ↑ „Carlos Alcaraz: "Mi padre tenía muchas raquetas y el club estaba al lado de casa"“. www.lavanguardia.com. Посетено на 2024-07-13.
- ↑ „Alcaraz Se Destapa En Vogue | ATP Tour | Tennis“. ATP Tour (шпански). Посетено на 2024-07-13.
- ↑ „Juan Carlos Ferrero será el nuevo coach de Carlos Alcaraz“. Equelite JC Ferrero Sport Academy (шпански). 7 August 2018. Архивирано од изворникот 26 June 2022. Посетено на 11 May 2022.
- ↑ Carayol, Tumaini (27 May 2023). „'This boy was born to be No 1': the making of Carlos Alcaraz“. The Guardian. Архивирано од изворникот 1 June 2023. Посетено на 7 November 2023.
- ↑ „Carlos Alcaraz grabs 2020 Rio Open wild card for an ATP debut“. Tennis World USA. 13 December 2019. Архивирано од изворникот 15 February 2020. Посетено на 15 February 2020.
- ↑ „Alcaraz follows in the footsteps of Djokovic, Nadal and Federer“. 15 January 2021. Архивирано од изворникот 15 February 2021. Посетено на 9 February 2021.
- ↑ „17-Year-Old Carlos Alcaraz Wins Grand Slam Debut at Australian Open“. Архивирано од изворникот 14 February 2021. Посетено на 9 February 2021.
- ↑ „Carlos Alcaraz Sets Rafael Nadal Clash in Madrid“. Архивирано од изворникот 5 May 2021. Посетено на 4 May 2021.
- ↑ „Alcaraz on 'Dream' Nadal Clash: 'It's the Best Birthday Present'“. Архивирано од изворникот 4 May 2021. Посетено на 4 May 2021.
- ↑ „Rafael Nadal loses Madrid Open age milestone to 17-year-old Carlos Alcaraz“. 4 May 2021. Архивирано од изворникот 7 May 2021. Посетено на 4 May 2021.
- ↑ „Carlos Alcaraz Makes History in Umag, Reaches First ATP Tour Final“. Архивирано од изворникот 10 November 2021. Посетено на 27 August 2021.
- ↑ „18-Year-Old Carlos Alcaraz Wins First ATP Tour Title in Umag“. Архивирано од изворникот 11 June 2022. Посетено на 27 August 2021.
- ↑ „Alcaraz Rebounds to Foil Fucsovics' Bid in Winston-Salem“. Архивирано од изворникот 27 August 2021. Посетено на 27 August 2021.
- ↑ „Ivashka, Ruusuvuori, Ymer advance in Winston-Salem Open“. Associated Press. 27 August 2021. Архивирано од изворникот 28 August 2021. Посетено на 27 August 2021.
- ↑ Keating, Steve (4 September 2021). „Alcaraz upsets Tsitsipas to reach U.S. Open fourth round“. Reuters. Архивирано од изворникот 11 June 2022. Посетено на 4 September 2021.
- ↑ „Carlos Alcaraz Records Biggest Career Win, Shocks Stefanos Tsitsipas in US Open Thriller“. Архивирано од изворникот 4 September 2021. Посетено на 4 September 2021.
- ↑ „Alcaraz, 18, stuns Tsitsipas; Tiafoe tops Rublev“. 3 September 2021. Архивирано од изворникот 4 September 2021. Посетено на 4 September 2021.
- ↑ „The Latest: Alcaraz says leg muscle made him stop at Open“. Архивирано од изворникот 11 June 2022. Посетено на 8 September 2021.
- ↑ „Carlos Alcaraz Upsets Berrettini in Vienna Classic, Reaches SFS“. ATP Tour. Архивирано од изворникот 12 June 2022. Посетено на 29 October 2021.
- ↑ „Carlos Alcaraz reacts to surviving thriller versus Pierre-Hugues Herbert in Paris“. 2 November 2021. Архивирано од изворникот 11 May 2022. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ „Carlos Alcaraz Stops Jannik Sinner's Nitto ATP Finals Tilt“. Архивирано од изворникот 3 November 2021. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ „Hugo Gaston Wins 17 Straight Points to Beat Alcaraz Paris 2021“. Архивирано од изворникот 10 May 2022. Посетено на 5 November 2021.
- ↑ „Carlos Alcaraz Downs Rune in Milan“. Архивирано од изворникот 12 June 2022. Посетено на 13 November 2021.
- ↑ „Alcaraz Secures SF Berth in Milan“. Архивирано од изворникот 11 June 2022. Посетено на 13 November 2021.
- ↑ „Ruthless Carlos Alcaraz Sinks Juan Manuel Cerundolo in Milan“. Архивирано од изворникот 13 November 2021. Посетено на 13 November 2021.
- ↑ „Carlos Alcaraz Sets Sebastian Korda Showdown in Milan“. Архивирано од изворникот 11 June 2022. Посетено на 13 November 2021.
- ↑ „What Carlos Alcaraz Has Done Quicker Than the Big Three | ATP Tour | Tennis“. Архивирано од изворникот 19 January 2022. Посетено на 19 January 2022.
- ↑ „Carlos Alcaraz Rises to Career-High After Rio de Janeiro Title“. Архивирано од изворникот 21 February 2022. Посетено на 21 February 2022.
- ↑ 38,0 38,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име100wins
. - ↑ „Carlos Alcaraz exits in windy Monte Carlo against unseeded Sebastian Korda“. The Guardian. 13 April 2022. Архивирано од изворникот 9 September 2022. Посетено на 9 September 2022.
- ↑ „ATP Barcelona: Carlos Alcaraz downs Stefanos Tsitsipas and writes history“. 22 April 2022. Архивирано од изворникот 12 June 2022. Посетено на 23 April 2022.
- ↑ „Carlos Alcaraz Stays Perfect vs. Stefanos Tsitsipas, Reaches Barcelona SFS | ATP Tour | Tennis“. Архивирано од изворникот 23 April 2022. Посетено на 23 April 2022.
- ↑ „Carlos Alcaraz beats Stefanos Tsitsipas in Barcelona Open thriller to guarantee spot in world's top 10“. Eurosport. 22 April 2022. Посетено на 7 May 2022.
- ↑ „Alcaraz Downs Tsitsipas Again, Reaches Barcelona Semis“. Tennis Now. 22 April 2022. Архивирано од изворникот 11 June 2022. Посетено на 7 May 2022.
- ↑ „'Straight-A Student' Carlos Alcaraz Makes Historic Top 10 Breakthrough | ATP Tour | Tennis“. Архивирано од изворникот 20 June 2022. Посетено на 25 April 2022.
- ↑ „Amazing Alcaraz Wins Barcelona Title“. ATP Tour. 24 April 2022. Архивирано од изворникот 14 March 2023. Посетено на 24 April 2022.
- ↑ „Carlos Alcaraz Takes Out Rafael Nadal in Madrid“. Архивирано од изворникот 6 May 2022. Посетено на 6 May 2022.
- ↑ „Alcaraz Takes Out Djokovic, Reaches Madrid Final“. ATP Tour. 7 May 2022. Архивирано од изворникот 7 May 2022. Посетено на 7 May 2022.
- ↑ „Magic Man: Alcaraz Edges Djokovic for Historic Madrid Final – Tennis Now“. Архивирано од изворникот 7 May 2022. Посетено на 7 May 2022.
- ↑ „History-Maker: Alcaraz Continues Rewriting The History Books“. ATP Tour. 9 May 2022. Архивирано од изворникот 2 July 2022. Посетено на 15 May 2022.
- ↑ „Carlos Alcaraz Defeats Alexander Zverev for Madrid Title | ATP Tour | Tennis“. Архивирано од изворникот 9 May 2022. Посетено на 8 May 2022.
- ↑ „After Madrid title, Carlos Alcaraz withdraws from Italian Open“. ESPN. Associated Press. 9 May 2022. Архивирано од изворникот 1 June 2022. Посетено на 31 May 2022.
- ↑ Clarey, Christopher (21 May 2022). „Carlos Alcaraz Recently Beat Nadal and Djokovic on Clay. Could This French Open Be His?“. The New York Times. Архивирано од изворникот 30 May 2022. Посетено на 31 May 2022.
- ↑ Livaudais, Stephanie (22 May 2022). „Alcaraz v Londero: Things We Learned“. Roland Garros. Архивирано од изворникот 1 June 2022. Посетено на 31 May 2022.
- ↑ Grohmann, Karolos (25 May 2022). „Alcaraz survives match point to beat Ramos Viñolas in marathon“. Reuters. Архивирано од изворникот 1 June 2022. Посетено на 31 May 2022.
- ↑ „WIMBLEDON 2022: JANNIK SINNER HOLDS ON TO SINK CARLOS ALCARAZ TO MAKE QUARTER-FINALS AT SW19“. Eurosport. Посетено на 21 July 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Карлос Алкарас на Ризницата ?
- Карлос Алкарас Профил на мрежното место на АТП (англиски)