Исламот во Чешка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ислам во Чешка)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брновска џамија во Чешка

Според пописот од 2017 година, околу 20.000 муслимани живеат во Чешка (помалку од 0.2% од вкупното население), во споредба со 3.400 во 2010 година и 495 во 1991 година. Речиси сите муслимани во Чешка се Сунити.

Постојат повеќе исламски центри во Чешка и тоа главно во Прага и Брно, потоа во Теплице, Храдец Кралове, Либерец, П’лзењ, Карлови Вари и селото Колова. Во 2004 година локалните власти ги одбиле плановите за изградба на џамија во селото Орлова.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Првите документирани посети во Чешка од страна на лице со познавање на исламот биле направени во 964-965 година од Ибрахим ибн Јакуб, еврејски трговец од тогашна муслиманска Шпанија. Неговите мемоари подоцна биле објавени и со тоа станеле едни од првите записи за Централна Европа во исламскиот свет.

За време на двете опсади на Виена, групи на отоманската армија достигнале до Моравија. Силни трговски врски меѓу Австро-Унгарија и Отоманската империја биле воспоставени во текот на 19-тиот век.

Традиционално, влијанието на исламот врз култура на Чешка било многу мало.

Модерна ера[уреди | уреди извор]

Закон од 1912 година донесен од страна на Австро-унгарската монархија го призна исламот како "државна религија" и со тоа официјално било дозволено неговото присуство на територијата на денешна Чешка. Првата муслманска заедница (Muslimské náboženské obce pro Československo) била основана во 1934 година и укината во 1949 година. Обидот за создавање на нова заедница во 1968 година беше неуспешен. Во 1991 година бил основан Центарот за муслимански заедници (чешки: Ústředí muslimských náboženských obcí). Во 1998 година првата џамија беше изградена во Брно [2] и една година подоцна во главниот град Прага [3]. Обиди за изградба на џамии во другите градови биле стопирани од страна на локалните граѓани. Во 2004 година исламот беше официјално регистриран во Чешка, како резултат на ова заедницата има право да добива финансии од државата.

Поголемиот дел од муслиманите се од Босна и Херцеговина (од почетокот на 1990-тите) и поранешните земји на Советскиот Сојуз (главно од Кавкаската област, од крајот на 1990-тите до денес). Значаен и влијателен дел се и муслиманите од средната класа од Египет, Сирија и од други делови на Средниот Исток (обично луѓе кои студирале во Чехословачка и одлучиле да останат). Неколку стотици муслимани се Чеси кои конвертирале.[1]

Стравувања за исламски фундаментализам[уреди | уреди извор]

Претседателот Милош Земан е меѓу они кои изразиле страв дека исламскиот тероризам може да ја загрози безбедноста во Чешка.[2] Во август 2016 година за прв пат чешки граѓанин беше обвинет под сомневање дека се обидел да се приклучи на ИДИС.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Panýrková, Petra: Konvertité k islámu v České republice, University of Pardubice, 2009.
  2. Czech Man Is Charged With Attempted Terrorism“, New York Times, 2 август 2016 (посет. 3 август 2016 г).

Извори[уреди | уреди извор]

  • Miloš Mendel, Jiří Bečka, Islám a české země, Olomouc, Votobia, 1998.
  • Miloš Mendel, Bronislav Ostřanský, Tomáš Rataj, Islám v srdci Evropy, Praha, Academia, 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

(сите текстови се на чешки јазик)