Исламот во Косово

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ислам во Косово)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Исламот во Косово има долговековна традиција која датира уште од османлиското освојување на Балканот, вклучувајќи го и Косово. Пред Косовската битка во 1389, целиот балкански регион беше христијанизиран и од западната и од источната римска империја. Од 1389 до 1912 година, Косово официјално беше предмет на муслиманската Отоманска империја и како резултат било постигнато високо ниво на исламизација. Во текот на временскиот период по Втората светска војна, Косово беше управувано од страна на секуларните социјалистички органи на Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ). За време на овој период, Косоварите станале посекуларизирани. Денес, 96% од косовското население се од муслиманско семејно потекло, повеќето од кои се етнички Албанци.[2] Исто така постојат и муслимани со словенски мајчин јазик кои се идентификуваат како Бошњаци и Горанци, како и Турци.

Историја[уреди | уреди извор]

Мапа прикажувајќи го процентот на луѓе со исламска вероисповед во Косово, 2011 година.

До шеснаесеттиот век степенот на исламизација во Косово бил минимален и главно ограничен на урбаните центри. Темпото на исламизација значително се зголеми во втората половина на шеснаесеттиот век, веројатно бидејќи нововерците на тој начин станале ослободени од цизија, данок за не-муслиманите;[3] даночното оптоварување имало тенденција да се зголемува како што отоманската власт станувала под закана од надворешните христијански сили. Во однос на католичките Албанци, Католичката црква била помалку моќна и понепривилегирана во рамките на Отоманската империја од Српската православна црква (и со помал кадар); Бекташкиот ред на дервиши спровеле кампањи за конверзија кои ги нагласувале сличностите помеѓу нивната верзија на исламот и христијанството (Бекташите пиеле вино и имале квази-тринитарна доктрина).[4] Феномен на "крипто-католицизам" се разви во косовското албанско општество, каде што голем број на луѓе официјално конвертирале во исламот, но ги следиле католичките обичаи приватно. Од 1703 година црковните декрети ја забраниле оваа практика и не прифатиле дека крипто-католиците би можеле да ги примат светите обреди.[5] Во 1717 година, дамата Марија Вуртли Монтагу, сопругата на британскиот амбасадор на Високата порта напиша дека нејзината албанска придружба од Белград до Истанбул тврдела дека оди во џамија во петок и во црква во недела.[6] Албанците во Косово кои живееле како муслимани се декларирале како католици (за да ја избегнат регрутацијата) се до 1845 година.[7]

Косовската војна[уреди | уреди извор]

Бројни албански културни објекти во Косово биле уништени за време на Косовската војна (1998-1999), што претставувало воено злосторство кое ги прекршувало Хашките и Женевските конвенции.[8] Од 498-те џамии во Косово кои биле во употреба, Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (ICTY) документирал дека 225 џамии претрпиле штета или уништување од страна на југословенската српска армија.[9] Се на се, осумнаесетте месеци на југословенската српска противбунтовна кампања помеѓу 1998-1999 во Косово резултирала со 225 или третина од вкупно 600 џамии оштетени, вандализирани или уништени заедно со друга исламска архитектура за време на конфликтот.[10][11][9] Суфиски домови (теќи), исламски теолошки училишта (медреси) и исламски библиотеки претрпиле штета или уништување, што резултирало со губење на ретки книги, ракописи и други збирки на литература.[12][13] Архиви кои припаѓале на Исламската заедница на Косово со евиденција која опфаќала 500 години исто така биле уништени.[12][13] За време на војната, исламското архитектонско наследство за југословенските српски паравоени и воени сили било симбол на албанското културно наследство со што уништувањето на несрпското архитектонско наследство била методична и планирана компонента на етничкото чистење во Косово.[10][14] По војната, бран на одмаздувачки напади на десетици српски православни цркви од страна на муслимански Албанци резултирал со нивно оштетување или уништување. Овие напади ефикасно завршиле по шест недели, на крајот од август 1999 година, по жалбите од косовските политички лидери и муфтијата.

Организација[уреди | уреди извор]

Од времето на Југославија, официјалната организација на муслиманите во Косово била Исламската заедница на Косово (алб: Bashkësia Islame e Legjislaturën), раководена од великиот муфтија, кој моментално е Наим Тернава. Бекташките теќиња се предмет на бекташкиот ред и во некои области финансирањето од Саудиска Арабија или други земји доведе до загриженост за можни вахабистички обиди да се влијае врз Косово и неговите општествени појави, иако ваквите влијанија ретко се забележливи.

Меѓурелигиски односи[уреди | уреди извор]

Веќе долго време постојат контакти помеѓу Исламската заедница на Косово и Католичката црква на Косово и во 2011 година започнаа редовни состаноци на ниво на муфтиите и епископите и на Католичката црква и на Српската православна црква во Косово.

Политичко влијание[уреди | уреди извор]

Додека индивидуални политичари можат да бидат под влијание во однос на нивните ставови или одлуки од страна на исламски верувања, само една политичка партија - Партијата за правда (Алб: Partia e Drejtësisë) во својата партиска програма вклучува посветеност на традиционалните исламски вредности. Таа се залагаше во 2010 година за исламска верска настава во државните училишта за деца од семејства со муслиманска позадина, но ова беше одбиено од страна на косовсото Собрание. На парламентарните избори во Косово таа беше дел од изборната коалиција предводена од AKR (Алијансата за ново Косово) заедно со цврсто секуларни партии, веројатно поради многу малата веројатност да се достигне прагот за добивање на парламентарна репрезентација. AKR коалицијата беше на четвртото место на изборите со 7.29% од вкупните гласови. (Во изборите од 2001 година Косовската христијанска демократска партија, косовско-албански политички субјект, освои едно седиште во Собранието; нејзиното раководство вклучувало и луѓе со муслимански имиња).

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Pew Forum, 2011-01 report
  2. CIA World Factbook - Kosovo
  3. Malcolm, Noel, Kosovo: A Short History, pp. 105-108
  4. Malcolm, Noel, Kosovo: A Short History, pp.124-135
  5. Malcolm, Noel, Kosovo: A Short History, pp. 166-175
  6. Murphy, Dervla, Embassy to Constantinople, p.102
  7. Malcolm, Noel, Kosovo: A Short History, pp 185-86
  8. Herscher & Riedlmayer 2000, стр. 109-110.
  9. 9,0 9,1 Mehmeti, Jeton (2015). „Faith and Politics in Kosovo: The status of Religious Communities in a Secular Country“. Roy, Olivier; Elbasani, Arolda. The Revival of Islam in the Balkans: From Identity to Religiosity. New York: Palgrave Macmillan. стр. 72. ISBN 9781137517845. https://books.google.com.au/books?id=4F9OCgAAQBAJ&pg=PA72&dq=Kosovo+war+mosques&hl=en&sa=X&redir_esc=y#v=onepage&q=Kosovo%20war%20mosques&f=false.  "Islamic heritage in general has received meagre legal attention although such heritage was severely damaged during the war. The International Criminal Tribunal for the former Yugoslavia (ICTY) documented that, of 498 mosques that were in active use, approximately 225 of them were damaged or destroyed by Serbian military during the years 1998—1999."
  10. 10,0 10,1 Bevan, Robert (2007). The Destruction of Memory: Architecture at War. Reaktion books. стр. 85. ISBN 9781861896384. https://books.google.com.au/books?id=Xuz6GngdaVsC&pg=PT122&dq=kosovo+war+museum+prizren&hl=en&sa=X&redir_esc=y#v=onepage&q=kosovo%20war%20museum%20prizren&f=false. 
  11. Herscher 2010, стр. 87. ""The attack on Landovica’s mosque was reprised throughout Kosovo during the eighteen months of the Serb counterinsurgency campaign. Approximately 225 of Kosovo’s 600 mosques were vandalized, damaged, or destroyed during that campaign."
  12. 12,0 12,1 Riedlmayer, András. Crimes of War, Crimes of Peace: Destruction of Libraries during and after the Balkan Wars of the 1990s. „Library Trends“ том  56 (1): 124. https://muse.jhu.edu/article/223260/summary. 
  13. 13,0 13,1 Frederiksen, Carsten; Bakken, Frode (2000). Libraries in Kosova/Kosovo: A General Assessment and a Short and Medium-term Development Plan (PDF) (Извештај). IFLA/FAIFE. стр. 38–39. ISBN 9788798801306. 
  14. Herscher, Andrew (2010). Violence taking place: The architecture of the Kosovo conflict. Stanford: Stanford University Press. стр. 13. ISBN 9780804769358. https://books.google.com.au/books?id=pnSvZzDS0RYC&printsec=frontcover&dq=Violence+taking+place:+The+architecture+of+the+Kosovo+conflict&hl=en&sa=X&redir_esc=y#v=snippet&q=Kosovo%20je%20Srbija&f=false. 

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]