Инфективна мононуклеоза

Од Википедија — слободната енциклопедија
Инфективна мононуклеоза
Отечени лимфни јазли во вратот кај пациент со инфективна мононуклеоза
СпецијалностInfectious disease

Инфективната мононуклеоза, која се нарекува и "болест на бакнувањето", е заразна болест најчесто предизвикана од Епштајн-Баровиот вирус во околу 90% случаи, или од цитомегаловирусот во 10% случаи. Кај заразените деца, инфекцијата често минува без симптоми. Кај заразените возрасни вирусот ќе ги предизвика оследниве симптоми во 25-75% случаи:повишена телесна температура, зголемени лимфни јазли и воспалено грло.

Епштајн-Баровиот вирус е Б лимфотропен херпесвирус (има нагласена склоност кон напаѓање на лимфоцитите), распространет е ширум светот. Освен што е предизвикувач на мононуклеозата, овој вирус се доведува во врска со карциномот на грло и определени Б-клеточни лимфоми.

Преносливост на болеста[уреди | уреди извор]

Епштајн-Баров вирус (ЕБВ)

ЕБВ првенствено се пренесува преку плунката, а поретко преку трансфузија на крвта. Обично се пренесува со бакнеж и допирање на делови на телото со предмети натопени со заразена плунка, на пример: чаша, прибор за јадење, играчки.

Симптоми[уреди | уреди извор]

Четири до осум недели после инфекцијата се јавуваат првите симптоми: малаксалост, губење апетит и треска, а неколку дена по овие симптом се јавуваат и воспаление на грло, повишена температура и зголемени лимфни јазли.

Тежок облик на воспалено грло го тера пациентот да побара медицинска помош. Понекогаш пациентот ќе забележи само повишена температура и зголемени лимфни жлезди или пак ќе биде присутна само една од компликациите. Повеќето пациенти се жалат на главоболка и малаксаност.

Тек на болеста[уреди | уреди извор]

Инфекциската мононуклеоза во најчест случај е болест со ограничено траење. Воспаление на грлото е интензивно 5-7 дена, а во наредните 7-10 дена спласнува. Повишена температура трае 7-14 денови, но некогаш може и подолго. Лимфните жлезди се смалуваат најчесто во тек на третата недела од болеста. Заморот и малаксаноста се најдолготрајните симптоми. Повеќето пациенти за 3-4 недели се чувствуваат доволно добро за враќање на секојдневните обврски, но некои пациенти со месеци се чувствуваат исцрпени, се жалат на смалена концентрација и се неподготвени за вршење на секојдневните активности. Обично такви се пациентите кои имале благ почеток на болеста, без тешки воспаленија на грлото и без повисока температура.

Компликации[уреди | уреди извор]

Компликациите се ретки но можат да бидат и драматични па дури и доминантни симптоми на болеста:

  • автоимуна хемолитичка анемија која престанува за 1-2 месеци
  • блага тромбоцитопенија - смален број на тромбоцити, во 50% случаи престанува за 3-6 недели,
  • тешка тромбоцитопенија - многу ретко се јавува,
  • блага гранулоцитопенија - смален број на гранулоцитните леукоцити - обично спласнува за 3-6 недели,
  • тешка гранулоцитопенија - изузетно ретка, поврзана со тешки инфекции или смрт,
  • прскање на слезината - ретка компликација која се јавува во втората-третата недела од болеста; симптомите се тапа или нагла болка во стомакот, забрзана работа на срцето, низок крвен притисок, ладна пот,
  • невролошки компликации - парализа на мозочните нерви, воспаление на мозокот и на мозочните обвивки (менингоенцефалитис), Гилејн-Баров синдром, церебрални напади, воспаление на рбетниот мозок, психоза,
  • хепатитот - е вообичаена придружна појава на инфективната мононуклеозе; речиси 90 % пациенти има благо повишени ензими на црниот дроб, но тешки или трајни пореметувања на црниот дроб се исклучително ретки.
  • срцеви аномалии - ретке се воспаленија на срцев мускул, грчеви на срцевите артерии, промени во ЕКГ.
  • опструкција на дишните патишта предизвикани од зголемување на лимфните жлезди.

Дали се умира од инфективната мононуклеоза?[уреди | уреди извор]

Преку 90% од случаите имаат мирна завршница без компликации. Оваа болест е ретко смртоносна. Најчести причини за смртност кај пациентите кои претходно биле здрави се невролошките болести, опструкција на дишните патишта и оштетувања на слезината.Ризичната состојба наречена Полово (-{x}-) врзани лимфопролиферациски синдром (XLP) или Данканов синдром се јавува кај машки пациенти. 40% мажи зафатени со оваа состојба умира после ЕБВ инфекцијата. Оваа болест, за која сѐ уште не се знае доволно, се одликува со енормно умножување на лимфното ткиво со можни тешки имунолошки или хематолошки последици како што се агамаглобулинемија, апластична анемија или лимфоцитен лимфом.

Дијагноза[уреди | уреди извор]

Атипични лимфоцити

Освен споменатите симптоми, дијагнозата се потврдува со следнива лабораториски наоди:

  • зголемен број на леукоцити,
  • зголемен број атипични лимфоцити (кај 75 % болни). Лимфоцитите се вид бели крвни клетки, кои кај оваа болест се разликуваат од нормалните - зголемени се и имаат изменето јадро.
  • присуство на хетерофилни антитела (кај 50% деца и до 95 % возрасни). Тоа се антитела на овчи еритроцити кои се докажуваат преку тн. моноспот тест,
  • блага гранулоцитопенија (смален број на гранулоцитни леукоцити),
  • блага тромбоцитопенија (смален број на тромбоцити),
  • баго покачување на имуноглобулинот IgM, IgG i IgA,
  • благо покачување на црнодробните ензими,
  • присуство на ЕБВ-специфични антитела - овие серолошки тестови со сигурност дијагностицираат ЕБВ инфекцију, а могу се урадити одмах или ако су горе наведени налази противречни.

ЦМВ и ЕБВ , Различни мононуклеози[уреди | уреди извор]

Болните со мононуклеоза предизвикана од цитомегаловирус (ЦМВ) се главно повозрасни и болеста обично се одликува со воспаление на грло и температура. Воспаление на грло и зголемени лимфни жлезди настануваат поретко. Болеста се развива побавно и поподмолно отколку болеста предизвикана од Епштајн-Баровиот вирус (ЕБВ). Дијагнозата се поставува со изолација на вирусот во крвта или со антитела специфични на ЦМВ.

Лечење[уреди | уреди извор]

Лечењето е симптоматско бидејќи нема лек против причинителот. Се препорачува:

  • мирување т.е. одбегнување на физички напори, построгиот одмор го подобрува закрепнувањето.
  • земање поголеми количества течности се` дури е покачена телесната температура
  • по потреба и по препорака од лекар да се употребуваат и лекови за повишена температура, но кај деца под 12 години да се одбегнува употреба на ацетилсалицилна киселина (аспирин, ацетисал, андол...) поради опасност од компликации (Рејов синдром)
  • пастили или тврди бомбони при болки во грлото, бидејќи со нивно користење се подобрува лачење на плунката и голтање на насобраните секрети
  • одбегнивање на физички напори дури и по завршување на симптомите (6-8 недели од почеток на болеста) поради споменатите ретки компликации - прскање на слезената
  • кортикостероидите можат да ги олеснат симптомите на воспаление на грло, но поради нуспојавите се даваат исклучиво ако има компликации - опструкции на дишните патишта и хематолошки пореметувања (анемија, гранулоцитопенија, тромбоцитопенија)
  • алфа-интерферонот има антивирусно дејство и може да го смали ширењето на ЕБВ но поради високата цена на чинење се применува кај лица со пореметување на имуниот систем

Превенција[уреди | уреди извор]

За спречување на ширењето на мононуклеоза се препорачува одбегнување на контакти со плунка од лица кое неодамна прележале мононуклеоза и одржување на висок степен на хигиена, особено на детските играчки и предмети кои децата ги ставаат во уста.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Класификација
П · Р · П
Надворешни извори