Бакнеж е допирање на одреден предмет или личност со помош на усните. Бакнувањето е научено однесување, поврзано со додворувањето забележано меѓу животните. Бакнежот како појава е забележан и кај многу нечовечки примати.
Бакнежот обично се смета основен сексуален чин, при кој партнерите се допираат со усните. Најчесто и се допираат со јазиците при што се разменува плунка. Се смета дека бакнежот има најголем потенцијал при будењето на нагоните, бидејќи усните се чувствителна ерогена зона. Постојат и случаи во кои бакнежот не се остварува со помош на усните, како т.н. „ескимски бакнеж“ што се остварува со триење на носевите. Денес, општо прифатена норма е дека бакнежот означува љубов или привлечност.
Бакнежот како мотив во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
„Бакни ме црно“ (англиски: Kiss Me Black) - песна на австралиската рок-група Брдеј парти (The Birthday Party) од 1982 година.[2]
„Смртоносен бакнеж“ (англиски: Deadly Kiss) - песна на американската рок-група Kyuss од 1991 година.[3]
„Нахрани ме со твојот бакнеж“ (англиски: Feed Me With Your Kiss) - песна на британската рок-група Мај блади валентајн (My Bloody Valentine) од 1988 година.[4]