Затемнување на Месечината во јули 2018 година

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Затемнување на Месечината во јули 2018 година
целосно затемнување
Lunar Total Eclipse on July 27, 2018 (100 2006) (43696968392) (cropped).jpg
Целосно затемнување гледано од Орија, Италија 21:09 ч. UTC
Lunar eclipse chart close-2018Jul27.png
Месечината минала низ средиштето на Земјината сенка.
Датум27 јули 2018
Гама+0,1168
Величина1,6087
Траење
Целосност102 м, 57 с
Делумност234 м, 32 с
Полусенченост373 м, 48 с

Целосното затемнување на Месечината на 27 јули 2018 г. се случило кога Месечината минала низ средиштето на Земјината сенка. Ова е прво средишно затемнување на Месечината од 15 јуни 2011 г. Претставува второто целосно затемнување на Месечината во 2018 г. по она во 31 јануари.

Затемнувањето се случило кога Месечината била на најголема далечина од Земјата, поради што таа изгледала помала од вообичаено (појава наречена микромесечина),[1][2] и има најмала брзина во орбитата околу Земјата.[3] Ова е најдолготрајното целосно затемнување на Месечината во целиот XXI век.[3] Целосната затемнетост траела 1 час и 43 минути,[4][5][6][7] што е само малку покусо од теоретската граница од 1 час и 47 минути.[8] The Moon remained at least partially in Earth's shadow for four hours.[8]

Истовремено на ова затемнување, планетата Марс била на најмала можна оддалеченост од Земјата — совпаѓање кое се случува еднаш на 25.000 години.[6]

За затемнувањето[уреди | уреди извор]

Затемнување на Месечината се јавува кога таа ќе пристапи во Земјината сенка. Како што почнува затемнувањето, Земјината сенка отпрвин само малку ја затемнува Месечината. Потоа сенката постапно покрива повеќе, и Месечината добива темна црвенокафеава боја (или нешто поинаква, зависно од атмосферските услови). Црвеникавоста се должи на Рајлиевото расејување (истото што му дава црвена боја на залезот и сина боја на дневното небо) и прекршувањето на таа светлина од Земјината атмосфера во нејзината сенка.[9]

Сјајноста на Месечината е преувеличена од сенката.[9] Нејзиниот јужен дел бил најблиску до средиштето на сенката, што го прави најтемен и нацрвен на изглед.

Анимација на минувањето на Месечината низ Земјината сенка во јули 2018 г.

Видливост[уреди | уреди извор]

Широк поглед на затемнвуањето и Марс од Мелбурн, Австралија.
Низа на затемнувањето, гледано од Давао, Филипини.

Затемнувањето било целосно видливо од Источна Африка, Јужна Африка, Јужна Азија и Средна Азија, изгревајќи над Јужна Америка, Западна Африка и Европа и заоѓајќи во Источна Азија и Австралија.[10]

Дијаграм[уреди | уреди извор]

Visibility Lunar Eclipse 2018-07-27.png

Набљудувања[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "What Is a Micromoon". Timeanddate.com. Ставангер, Норвешка: Time and Date AS. n.d. конс. August 6, 2018. 
  2. Mosher, Dave; Gal, Shayanne (26 July 2018). "The longest total lunar eclipse in a century is about to happen — here's how Earth will color the moon blood-red". Business Insider. конс. 1 August 2018. 
  3. 3,0 3,1 McClure, Bruce (27 July 2018). "Century's Longest Lunar Eclipse July 27". EarthSky. конс. 1 August 2018. 
  4. Space (29 December 2017). "In 2018 the longest lunar eclipse will take place in 100 years". Earth Chronicles. конс. 1 August 2018. 
  5. Resnick, Brian. „Watch: The longest 'blood moon' lunar eclipse of the century“, „Vox“, 27 јули 2018.
  6. 6,0 6,1 Nunamaker, Susan Sun. „Century’s Longest Lunar Eclipse, Blood Moon 2018, Today, Will Last 103 Minutes“, 27 јули 2018.
  7. "Два редких астрономических явления можно будет наблюдать 27 июля". ТАСС. 26 July 2018. конс. 1 August 2018. 
  8. 8,0 8,1 Lyons, Kate (25 July 2018). "Blood moon: All you need to know about this week's lunar eclipse". The Guardian. конс. 1 August 2018. 
  9. 9,0 9,1 Espenak, Fred; Meeus, Jean (29 January 2009). "Visual Appearance of Lunar Eclipses". NASA Eclipse Web Site. NASA. конс. 2 August 2018. 
  10. "Eclipse Map — 27 July 2018 Total Lunar Eclipse". 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]