Ема Робертс
Ема Робертс | |
---|---|
Ема Робертс во 2016 | |
Роден(а) | Ема Роуз Робертс 10 февруари 1991 Рајнбек, Њујорк, САД |
Занимање |
|
Активен период | 2001–денес |
Партнер | Еван Питерс (2012–2019) Герет Хедлунд (2019–2022) Коди Џон (2022–денес; свршени) |
Деца | 1 |
Роднини | Џулија Робертс (тетка) |
Ема Роуз Робертс (англ. Emma Rose Roberts; родена на 10 февруари 1991 година)[1] ― американска глумица, пејачка и продуцент.[2] Најчесто глуми во хорор и трилер филмови, а за нејзините улоги добила различни признанија, меѓу кои: Награда за млад глумец, Награда за филм и ТВ од MTV и награда „ShoWest“.
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Рани години
[уреди | уреди извор]Ема Роуз Робертс била родена на 10 февруари 1991 година во Рајнбек, Њујорк.[3] Нејзин татко е глумецот Ерик Робертс,[4] кој се развел со нејзината мајка, Кели Канингам, кога Ема имала седум месеци. Глумиците Џулија Робертс и Лиза Робертс Гилан се нејзини тетки.
2001–2010: Почетоци на кариерата, од детска ѕвезда до тинејџерски идол
[уреди | уреди извор]Ема Робертс дебитирала на филмското платно на деветгодишна возраст во филмот „Удар“ (англ. Blow) (2001). Во филмот ја глумела Кристина Јунг, ќерка на ликовите кои ги толкувале Џони Деп и Пенелопе Круз. Потоа била статист во сцени во филмот „America's Sweethearts“ во кој глумела нејзината тетка Џулија Робертс.[5] Ема Робертс имала помали улоги во два филма: Големиот шампион од (2002) и Spymate (2006).
Во 2004 година, почнала да го глуми главниот лик Ади Сингер во Никелодеоновата комедија Unfabulous,[6] премиерно емитуван во септември истата година. За улогата, Робертс била номинирана за Награда по избор на тинејџерите и за Награда за млад глумец.[7] Серијата се емитувала три сезони (2004–2007). По нејзиното појавување на Unfabulous, Никелодеон размислувале да ѝ овозможат почеток на музичка кариера на Робертс.[8] Во 2005 година, Робертс го издала првиот албум под наслов Unfabulous and More. Албумот бил издаден на 27 септември 2005 година преку Columbia Records и Nick Records и послужил како саундтрак за телевизиската серија Unfabulous. Албумот содржел неколку авторски песни (меѓу нив биле „Dummy“ и „I Wanna Be“ за кои биле објавени музички спотови).
Истата година, Робертс ја снимила песната „If I Had It My Way“ за саундтракот од Дизниевиот филм од 2005 година Ледена принцеза. Во 2006 година, Робертс ја преработила песната „Island in the Sun“, првично снимена од Визер во 2001 година. Во 2006 година Робертс се вратила на филмското платно, глумејќи во Аквамарин.[9][10] Во 2007 година ја добила „Наградата за млад глумец“ за најдобра споредна млада глумица во игран филм за нејзината улога во филмот Аквамарин.[11]
Во 2007 година глумела во филмот Ненси Дру, а во 2008 година ја имала главната улога во филмот Бунтовничка во интернатот (англ: Wild Child)[12] и глумела во: Семејството Бартлет (англ. Lymelife) и Лет пред Божиќ (англ. The Flight Before Christmas) во кој дебитирала како гласовна глумица.[13] Во 2009 година, Робертс заедно со Џејк Т. Остин глумела во Хотел за кучиња (англ. Hotel for Dogs),[14] заснован на романот од Лоис Данкан. Истата година глумела во Победничка сезона (англ. The Winning Season). Во 2010 година, Робертс глумела во филмот Денот на вљубените во кој се појавила и нејзината тетка, Џулија Робертс, иако тие никогаш не биле заедно на екранот. Таа година глумела во Дванаесет, Сеќавањата на тинејџерот со амнезија; 4 девојки, 3 дена, 2 града и една шанса; Една смешна приказна; и Вирџинија (соодветно англ. Twelve, Memoirs of a Teenage Amnesiac, 4.3.2.1. , It's Kind of a Funny Story и Virginia).[15]
2011–2019: Позрели улоги и пофалби од критиката
[уреди | уреди извор]Во 2011 година, заедно со Фреди Хајмор глумела во романтичната комедија Уметноста на препуштањето (англ. The Art of Getting By).[16][17] Исто така, ја играла улогата на Џил Робертс во филмот „Врисок 4“.[18][19] Во 2012 година Ема Робертс глумела во филмот Селест и Џеси засекогаш. Робертс во едно интервју рекла дека нејзината улога во филмот ја искушувала да напише албум со песни користејќи го нејзиниот лик од филмот како алтер его.[20]
Робертс заедно со Џон Кјузак и Еван Питерс глумела во комедијата Светот на возрасните, (англ. Adult World) објавен на 18 април 2013 година. Робертс глумела штотуку дипломирана девојка која работи во секс-шоп за да врзе крај со крај. Следниот месец гостувала како Аманда Барингтон во анимираниот ситком Семеен човек, во епизодата „No Country Club for Old Men“.[21] Робертс потоа глумела во комедијата Ние сме Милерови (англ. We're the Millers), во кој глумеле и Џенифер Анистон и Џејсон Судеикис. Филмот добил мешани критики од критичарите, но бил успешен на кино-благајните, заработувајќи над 269 милиони долари наспроти буџет од 37 милиони долари.[22] Робертс ја имала главната улога во режисерското деби од Џиа Копола, Пало Алто, базиран на истоимената збирка раскази од Џејмс Франко. Филмот бил објавен на 29 август 2013 година и добил претежно позитивни критики, а особено била пофалена изведбата на Робертс.[23][24]
Робертс имала главна улога во третата сезона од антологиската хорор серија, Американска хорор приказна. Робертс глумела една проститутка по име Медисон Монтгомери, која исто така е телекинетичка вештерка.[25] Потоа ја глумела Меги Есмерелда, измамничка која се претставува како гатачка, во Американска хорор приказна: Изроди.[26] Во 2015 година, Робертс глумела заедно со колешката од Пало Алто, Нат Волф во филмот Ешби, (англ. Ashby).[27][28] Робертс потоа глумела во хорор-филмот Февруари (англ. The Blackcoat's Daughter) и заедно со Џејми Ли Кертис и Леа Мишел глумела еден од главните ликови во хумористичната хорор-серија Кралици на врисокот (англ. Scream Queens). Серијата била откажана по две сезони.[29][30]
Робертс, заедно со Дејв Франко, глумела во адаптацијата на романот за млади Храброст (англ. Nerve).[31] Филмот заработил 85 милиони долари наспроти буџетот од 19 милиони долари.[32][33] Во 2017 година, Робертс ја глумела Џес во драма-филмот „Кои сме сега“ (англ. Who We Are Now), премиерно прикажан на 9 септември 2017 година на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто.[34] Подоцна, Робертс се вратила во Американска хорор приказна, гостувајќи како репортерката Серена Белинда, во седмата сезона, „Култ “, во епизодата „11/9“. [35] Во март 2018 година, било објавено дека Робертс ќе глуми во „Духот на Ања“ (англ. Anya's Ghost), натприродна комедија заснован на истоимениот наградуван графички роман од Вера Бросгол објавен во 2011 година.[36] Од април до август 2018 година, Робертс глумела во три филма: Во врска, Клуб на момчиња-милијардери и Мала Италија (соодветно англ. In a Relationship, Billionaire Boys Club, Little Italy).[37][38][39]
Потоа се појавила во Американска хорор приказна: Апокалипса, каде што ја повторила нејзината улога на Медисон Монтгомери.[40] На 8 октомври 2018 година, било објавено дека Робертс е дел од актерската екипа на анимираниот музички филм UglyDolls, во кој ќе го позајми гласот на ликот Веџхед. Филмот бил објавен на 3 мај 2019 година.[41] Во 2019 година, Робертс глумела во филмот Парадајз Хилс, како Ума.[42] Филмот ја имал светската премиера на филмскиот фестивал Санденс на 26 јануари 2020 година.[43][44] Од септември до ноември 2019 година, Робертс глумела во деветтата сезона од Американска хорор приказна, со поднаслов 1984, во улогата на Брук Томпсон.
2019-сега: Нови улоги
[уреди | уреди извор]Во март 2019 година, било најавено дека Ема Робертс ќе глуми во романтичната комедија Holidate,[45] кој бил објавен на 28 октомври 2020 година.[46][47] Робертс глумела во контроверзниот трилер-филм од 2020 година „Лов“ (англ. The Hunt).[48][49][50][51] Во септември 2020 година, било објавено дека потпишала прв телевизиски договор со Hulu.[52] Во 2022 година, Робертс глумела во романтичната комедија За судбината, (англ. About Fate) во режија на Мариус Балчиунас-Вајсберг.[53][54] Истата година глумела и го продуцирала трилер-филмот Abandoned.[55] Во 2022 година била избрана да глуми во Мадам Веб (2024).[56] Во 2024 година глумела и била продуцент на филмот Вселенски кадет (англ. Space Cadet).
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Emma Roberts Biography: Film Actress, Singer, Television Actress (1991–)“. Biography.com (FYI / A&E Networks). Архивирано од изворникот на October 9, 2016. Посетено на October 9, 2016. Additional on October 9, 2016
- ↑ White, Peter (2020-09-01). „Emma Roberts Inks First-Look Deal At Hulu & Sets 'Tell Me Lies' Adaptation As First Project“. Deadline (англиски). Посетено на 2023-11-21.
- ↑ McNeil, Liz (July 31, 2010). „5 Things to Know About Chelsea's Wedding Town, Rhinebeck, N.Y.“. People. Архивирано од изворникот на March 4, 2016. Посетено на April 25, 2011.
Emma was born on February 10, 1991, in Northern Dutchess Hospital [in Rhinebeck].
- ↑ Smith, Stacy Jenel. „Roberts Rule: With Emma's Star on the Rise, They're a Dynasty“. Netscape Communications. Архивирано од изворникот на March 25, 2012. Посетено на September 24, 2005.
- ↑ „Greasepaint Genes“. Newsweek. Архивирано од изворникот на June 14, 2007. Посетено на September 25, 2005.
- ↑ Johnson, Aaron (April 7, 2011). „"SCRE4M": Who is Emma Roberts?“. Yahoo. Архивирано од изворникот на October 22, 2013. Посетено на July 2, 2013.
- ↑ „Awards for Emma Roberts“. IMDb. Архивирано од изворникот на January 22, 2017. Посетено на July 1, 2018.
- ↑ Keck, William (January 7, 2005). „She's not just another Roberts“. USA Today. Архивирано од изворникот на May 3, 2012. Посетено на September 24, 2005.
- ↑ Bricker, Tierney (2021-03-02). „See the Stars of Aquamarine, Then & Now“. E!. Архивирано од изворникот на 2021-03-02.
- ↑ „Aquamarine (2006)“. American Film Institute. Архивирано од изворникот на April 22, 2019. Посетено на April 22, 2019.
- ↑ „28th Annual Young Artist Awards: Winners and Nominees“. Архивирано од изворникот на June 27, 2014. Посетено на March 12, 2007.
- ↑ Fleming, Michael (May 1, 2007). „Roberts to star in 'Child'“. Variety. Архивирано од изворникот на May 4, 2007. Посетено на May 3, 2007.
- ↑ „The Flight Before Christmas (2008)“. Rotten Tomatoes. October 28, 2008. Архивирано од изворникот на August 1, 2021. Посетено на April 17, 2020.
- ↑ „DW readies 'Hotel' room for Roberts“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на September 27, 2007. Посетено на August 15, 2007.
- ↑ Sciretta, Peter (November 30, 2009). „Ryan Fleck's It's Kind of a Funny Story Begins Production“. Slash Film. Архивирано од изворникот на March 6, 2010. Посетено на June 12, 2010.
- ↑ Kilday, Gregg (May 12, 2010). „Emma Roberts, William Moseley in 'Education'“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на May 16, 2010. Посетено на June 12, 2010.
- ↑ Cox, Gordon (April 21, 2010). „Roberts, Highmore assigned 'Homework'“. Variety. Архивирано од изворникот на April 27, 2010. Посетено на April 24, 2010.
- ↑ „Latest Scream 4 Casting News“. Dread Central. May 27, 2010. Архивирано од изворникот на October 19, 2013. Посетено на May 15, 2013.
- ↑ „Emma Roberts Lands Starring Role in 'Scream 4'“. Bloody Disgusting. May 27, 2010. Архивирано од изворникот на November 12, 2021. Посетено на April 17, 2020.
- ↑ Bueno, Antoinette (January 23, 2012). „Emma and Elijah on 'Painful Breakups'“. The Insider. Архивирано од изворникот на February 3, 2013. Посетено на August 15, 2012.
- ↑ „"Family Guy" No Country Club for Old Men (TV Episode 2013)“. IMDb. May 19, 2013. Архивирано од изворникот на February 11, 2017. Посетено на May 31, 2019.
- ↑ „We're the Millers (2013)“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот на September 10, 2013. Посетено на September 8, 2013.
- ↑ Tom Shone (May 8, 2014). „Palo Alto: 'Away from Emma Roberts, the film drifts' – first look review“. The Guardian. Архивирано од изворникот на March 1, 2021. Посетено на November 10, 2014.
- ↑ Ian Freer (November 2014). „Palo Alto“. Empire. Bauer Media (305): 64. Архивирано од изворникот на September 24, 2015. Посетено на March 4, 2015.
- ↑ Masters, Megan (May 22, 2013). „American Horror Story Exclusive: Emma Roberts Joins the FX Spookfest's Coven“. TVLine. Архивирано од изворникот на April 23, 2021. Посетено на May 22, 2013.
- ↑ Manders, Hayden (April 27, 2014). „Emma Roberts Can't Wait To Be A Freak“. Refinery29. Архивирано од изворникот на January 17, 2019. Посетено на January 17, 2019.
- ↑ „Paramount nabs Tribeca hit 'Ashby'“. www.screendaily.com. Архивирано од изворникот на March 27, 2019. Посетено на May 17, 2016.
- ↑ Sharf, Zack (August 20, 2015). „Mickey Rourke, Nat Wolff and Emma Roberts Unite in Exclusive 'Ashby' Poster“. Indiewire. Архивирано од изворникот на March 4, 2016. Посетено на May 17, 2016.
- ↑ Wagmeister, Elizabeth; Birnbaum, Debra (May 15, 2017). „'Scream Queens' Officially Canceled at Fox After Two Seasons“. Variety. Архивирано од изворникот на May 16, 2017. Посетено на May 15, 2017.
- ↑ Swift, Andy (May 15, 2017). „Scream Queens Cancelled at Fox“. TVLine. Архивирано од изворникот на May 16, 2017. Посетено на May 15, 2017.
- ↑ Kroll, Justin (January 27, 2015). „Dave Franco and Emma Roberts to Star in YA Thriller 'Nerve'“. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на May 26, 2016. Посетено на May 17, 2016.
- ↑ „'Nerve' premieres in New York City (NYC) – Photos“. United Press International. July 13, 2016. Архивирано од изворникот на July 17, 2016. Посетено на July 16, 2016.
- ↑ „Nerve (2016)“. Box Office Mojo. Архивирано од изворникот на March 3, 2017. Посетено на March 10, 2017.
- ↑ Hipes, Patrick (March 21, 2017). „Julianne Nicholson, Emma Roberts & Zachary Quinto To Star In New Matthew Newton Pic 'Who We Are Now'“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на April 11, 2019. Посетено на February 23, 2019.
- ↑ Wagmeister, Elizabeth (August 1, 2017). „Emma Roberts Returning to 'American Horror Story'“. Variety (англиски). Архивирано од изворникот на August 2, 2017. Посетено на August 2, 2017.
- ↑ Tartaglione, Nancy (March 9, 2018). „'Anya's Ghost': Emma Roberts To Star In Dan Mazer-Helmed Supernatural Comedy“. Deadline. Архивирано од изворникот на December 30, 2018. Посетено на February 10, 2019.
- ↑ Kit, Borys (March 20, 2017). „Emma Roberts, Michael Angarano to Star in Indie Rom-Com 'In a Relationship'“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на June 12, 2018. Посетено на May 30, 2018.
- ↑ McNary, Dave (November 5, 2015). „Emma Roberts Joins Ansel Elgort in 'Billionaire Boys Club'“. Variety. Архивирано од изворникот на December 9, 2015. Посетено на December 11, 2015.
- ↑ First Take Entertainment (July 6, 2017). „Emma Roberts and Hayden Christensen star in romantic comedy "Little Italy" directed by Donald Petrie“. PR Newswire. Cision. Архивирано од изворникот на July 18, 2018. Посетено на July 17, 2018.
- ↑ Ramos, Dino-Ray (June 17, 2018). „Emma Roberts Teases Return of 'American Horror Story's Madison Montgomery“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на November 14, 2020. Посетено на June 17, 2018.
- ↑ Wiseman, Andreas (October 8, 2018). „Emma Roberts Joins STX Animation 'UglyDolls' With Kelly Clarkson & Blake Shelton“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на August 13, 2020. Посетено на October 8, 2018.
- ↑ Radish, Christina (October 31, 2019). „Eiza González on 'Paradise Hills' and Playing the First Female Mexican Superhero in 'Bloodshot'“. Collider. Архивирано од изворникот на November 5, 2019. Посетено на November 2, 2019.
- ↑ Hopewell, John (November 1, 2017). „AFM: Emma Roberts, Danielle Macdonald Topline 'Paradise Hills' (EXCLUSIVE)“. Variety. Архивирано од изворникот на February 14, 2021. Посетено на November 29, 2018.
- ↑ Debruge, Peter (November 28, 2018). „Sundance Film Festival Unveils 2019 Features Lineup“. Variety. Архивирано од изворникот на November 29, 2018. Посетено на November 29, 2018.
- ↑ Kroll, Justin (March 1, 2019). „Emma Roberts to Star in Netflix Rom-Com 'Holidate'“. Variety. Архивирано од изворникот на March 1, 2019. Посетено на March 4, 2019.
- ↑ „New On Netflix November 2021, Plus What's Coming Next“. Decider (англиски). 2020-04-10. Архивирано од изворникот на November 9, 2021. Посетено на 2021-11-14.
- ↑ Brueggemann, Tom (2020-11-02). „Netflix's 'Holidate' and VOD 'After We Collided' Thrive as Romance Beats Horror Over Halloween“. IndieWire (англиски). Архивирано од изворникот на February 24, 2021. Посетено на 2021-11-14.
- ↑ N'Duka, Amanda (March 13, 2019). „Emma Roberts, 'This Is Us' Star Justin Hartley & Glenn Howerton Join Damon Lindelof's Thriller 'The Hunt'“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на April 4, 2019. Посетено на March 14, 2019.
- ↑ „Ads Pulled for Gory Universal Thriller 'The Hunt' in Wake of Mass Shootings (Exclusive)“. The Hollywood Reporter. August 6, 2019. Архивирано од изворникот на September 15, 2019. Посетено на August 8, 2019.
- ↑ „Universal Pictures cancels Hilary Swank film depicting Liberal voters hunting Trump supporters | National Post“. National Post (англиски). August 12, 2019. Посетено на August 13, 2019.
- ↑ Masters, Kim (February 11, 2020). „'The Hunt' Is Back On: Universal Sets Release for Controversial Elites vs. "Deplorables" Satire (Exclusive)“. The Hollywood Reporter. Архивирано од изворникот на February 12, 2020. Посетено на February 11, 2020.
- ↑ „Emma Roberts Inks First-Look Deal at Hulu, First Project 'Tell Me Lies'“. TheWrap (англиски). September 1, 2020. Архивирано од изворникот на September 1, 2020. Посетено на September 2, 2020.
- ↑ Kroll, Justin (April 8, 2021). „Emma Roberts Reunites With 'Holidate' Screenwriter For Rom-Com 'About Fate'“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на May 12, 2021. Посетено на May 12, 2021.
- ↑ Kroll, Justin (May 11, 2021). „'Mortal Kombat' Star Lewis Tan Joins Emma Roberts In 'About Fate'“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на May 12, 2021. Посетено на May 12, 2021.
- ↑ Grobar, Matt (26 October 2021). „Emma Roberts, John Gallagher Jr. & Michael Shannon To Topline Spencer Squire Thriller 'Abandoned'“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на October 27, 2021. Посетено на October 27, 2021.
- ↑ Kroll, Justin (June 27, 2022). „'Madame Web': Emma Roberts Joins Sony Marvel Pic“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на June 27, 2022. Посетено на June 27, 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Emma Roberts на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Ема Робертс на Rotten Tomatoes
- Emma Roberts — AllMovie (англиски)
- Emma Roberts at AllMusic
|
- Американски филмски глумици
- Американски гласовни глумици
- Американски телевизиски глумици
- Американски поп-пејачки
- Пејачи од Њујорк (држава)
- Американски пејачки од 21 век
- Американски пејачи и пејачки од 21 век
- Родени во 1991 година
- Американци со шведско потекло
- Американци со германско потекло
- Американци со ирско потекло
- Американци со шкотско потекло
- Американци со англиско потекло