Прејди на содржината

Weezer

Од Википедија — слободната енциклопедија
Weezer
Weezer настапуваat на Музикфест во Витлеем, Пенсилванија во 2019 година. Од лево кон десно: Брајан Бел, Патрик Вилсон, Риверс Куомо и Скот Шрајнер.
Животописни податоци
Познат(а) и какоGoat Punishment (1998–2000, 2002, 2022)
ПотеклоЛос Анџелес, Калифорнија, САД
Жанрови
Период на активност1992–денес
(пауза: 1997–2000)
Издавачи
Мреж. местоweezer.com
Членови
  • Риверс Куомо
  • Патрик Вилсон
  • Брајан Бел
  • Скот Шрајнер
Поранешни членови
  • Џејсон Кропер
  • Мет Шарп
  • Мајки Велш

Weezer (транскрипција: Визер) ― американска рок-група основана во Лос Анџелес во 1992 година. Нивни најпознати синглови се: „Buddy Holly”, „Say It Ain't So” и „Island in the Sun”. Во 2009 година добиле Греми за најдобро музичко видео за „Pork and Beans“ и се повеќекратни добитници на MTV Video Music Awards. Продале преку 35 милиони албуми во светски рамки.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

Основање и почетоци (1992–1994)

[уреди | уреди извор]

Групата Weezer била основана на 14 февруари 1992 година од: Риверс Куомо, Патрик Вилсон, Мет Шарп (бас) и Џејсон Кропер (гитара).[2] На почетокот групата била инспирирана од различни музички стилови, вклучувајќи хеви-метал и моќен поп. Во 1993 година, групата потпишала договор со издавачката куќа Geffen Records и почнала да работи на нејзиниот прв албум.[3]

Први албуми, популарност и пауза (1994-2000)

[уреди | уреди извор]
Актуелниот гитарист на Weezer Брајан Бел, сликан во 2013 година, го заменил Џејсон Кропер додека се снимал албумот Blue.

Нивниот прв албум, познат како Weezer (The Blue Album), бил издаден во мај 1994 година.[4] Албумот кој бил комбинација на алтернативен рок и моќен поп, веднаш привлекол внимание со уникатниот стил и бил пофален од критиката.[5][6]

Првиот сингл од Визер, „Undone – The Sweater Song“, станал инстант-хит на МТV.[7] Вториот сингл, „Buddy Holly“ бил често емитуван на MTV [7] и подоцна освоил четири MTV Video Music Awards и две Billboard Music Video Awards.[8] Песната е вклучена во 500-те најдобри песни на сите времиња според списанието Ролинг Стоун.[9] Третиот сингл, „Say It Ain't So“, бил пофален од критичарите, а подоцна Pitchfork го ставил на 10-то место на списокот од „200 најдобри песни од 90-тите“.[10] Исто така, песната била вклучена на списокот од Ролинг Стоун за „100 најдобри песни за гитара на сите времиња“.[11]

Во 2020 година, Ролинг Стоун го рангирал албумот на 294-то место на списокот од 500 најдобри албуми на сите времиња.[12]

Риверс Куомо во 1997 година
Мет Шарп, сликан со Rentals во 2007 година, ко-основач на Weezer, ја напуштил групата по турнејата за промоција на албумот Pinkerton.[7][13]

Вториот албум на Weezer, Pinkerton, бил издаден на 24 септември 1996 година.[14][15] Албумот бил именуван по офицерот Б.Ф. Пинкертон од Мадам Батерфлај, кој се жени и потоа ја напушта Јапонката по име Батерфлај. [16] Од албумот биле објавени три сингла: „El Scorcho“, „The Good Life“ и „Pink Triangle“.[7]

Албумот, за разлика од позитивната енергија на нивниот деби албум, се карактеризирал со потемен и поабразивен звук.[14] Продажбата во споредба со Синиот албум била многу послаба[17] и добил мешани критики; во анкетата на читателите на Ролинг Стоун бил избран за „еден од најлошите албуми во 1996 година“.[7] Сепак, албумот со текот на времето стекнал култен статус и денес се смета за едно од најдобрите дела на Weezer;[14] [18] во 2002 година, читателите на Ролинг Стоун го изгласале <i id="mwAR4">Pinkerton</i> на 16-то место на списокот на најдобри албуми на сите времиња.[19] Во 2004 година, Ролинг Стоун му дал нова рецензија на албумот, доделувајќи му пет од пет ѕвезди и го додал во „Куќата на славните на Ролинг Стоун “.[20]

Weezer ја завршиле турнејата за промоција на Пинкертон кон средината на 1997 година и заминале на пауза.[21][22]

Камбек и нови изданија (2000–2009)

[уреди | уреди извор]

Weezer повторно се обединиле во април 2000 година, кога ја прифатиле лукративната понуда да настапат на Фуџи рок фестивалот.[23] Во 2001 година го издале албумот Weezer (The Green Album). Албумот се карактеризирал со поп-пристап и поедноставени аранжмани. Сингловите „Hash Pipe“ и „Island in the Sun“[24] станале хитови,[25] а групата ја вратила својата претходна популарност. Во овој период, Џејсон Кропер бил заменет од гитаристот Брајан Бел, а на бас-гира дошол Скот Шринер по заминувањето на Велш.[26]

Четвртиот албум, Maladroit, бил издаден на 14 мај 2002 година.[27] Иако бил претежно фален од музичките критичари, албумот се продавал послабо во споредба со Green Album. Од албумот биле објавени два сингла.

Списанието Спин го оценил како 6-ти најдобар албум во 2002 година.[28] По анкета на читателите на Ролинг Стоун од истата година бил изгласан за 90-ти најдобар албум на сите времиња.[29]

Weezer на настап во 2005 година

На 10 мај 2005 година, Weezer го објавиле Make Believe, албум кој ги содржел хитовите „Beverly Hills“ и „Perfect Situation“.[30] Албумот дебитирал на второ место на Билборд 200.[31] И покрај комерцијалниот успех, Make Believe добил мешани критики и просечна оценка од 52 на Metacritic.[32] Првиот сингл од албумот, „Beverly Hills“,[33] станал еден од нивните најголеми хитови и бил номиниран за Греми.[34] „Beverly Hills“ станал прв сингл од Weezer кој се искачил на врвот на американската топ-листа за модерни рок-песни и нивен прв сингл кој се пласирал меѓу првите десет на Billboard Hot 100. Спотот за песната исто така бил номиниран за најдобро рок видео на MTV Video Music Awards 2005 година.[35] „Beverly Hills“ била втора најпреземана песна на iTunes за 2005 година, веднаш зад „Hollaback Girl“ од Гвен Стефани.[36]

По успехот со Make Believe, членовите на групата одлучиле да направат пауза. Куомо се вратил на Харвард каде што дипломирал во 2006 година.[37] Куомо, исто така, се оженил со Кјоко Ито на 18 јуни 2006 година, со која се запознал во март 1997 година.За време на паузата на групата, Патрик Вилсон и Брајан Бел глумеле во филмот од 2006 година Factory Girl каде ги имале улогите на Џон Кејл и Лу Рид соодветно и за филмот придонеле со преработка на песната „Heroin“ од Velvet Underground.[38]

Weezer (The Red Album) бил објавен во јуни 2008 година. Албумот бил опишан како „експериментален“[39] и содржел подолги и нетрадиционални песни, TR-808 тапани, синтисајзери, јужен рап и барокен контрапункт.[40] Водечкиот сингл „Pork and Beans“ станал хит, благодарение на популарното музичко видео кое прикажувало интернет мемиња. Музичкото видео освоило Греми за најдобро кратко музичко видео.[41] Во 2009 година, групата го издала Raditude, албум кој се карактеризирал со поп-звук и соработки со други артисти, вклучувајќи ја и раперката Лил Вејн на песната „Can't Stop Partying“.

Во декември 2009 година, било објавено дека групата повеќе не е со Geffen Records. По ова, групата потпишала со независната издавачка куќа Epitaph.[42]

Независен период и подоцнежни изданија (2010–денес)

[уреди | уреди извор]

Во 2010 година, Weezer го издале албумот Hurley, именуван по лик од телевизиската серија Изгубени. Хорхе Гарсија, глумецот кој го толкувал Харли, изјавил дека тоа што се појавил во насловот на албумот е „една од најголемите почести во [неговата] кариера“.[43][44] Во 2014 година, групата го издала албумот Everything Will Be Alright in the End, кој бил добро прифатен од критичарите и го означил нивното враќање кон рок-звукот од нивните рани години.[45]

Weezer (The White Album) бил официјално објавен на 1 април 2016 година и се искачил на 4-то место на Билборд 200.[46][47] Албумот се смета за концептуален албум и бил инспириран од калифорниската плажна култура и поп-музиката од 1960-тите.[48] Музички, албумот бил враќање на првите два албума од групата, Weezer (1994) и Pinkerton (1996), а исто така служел и како омаж за Beach Boys. Албумот бил номиниран за Греми за најдобар рок-албум на 59-тото доделување на Греми наградите.[49]

Кон крајот на 2016 година групата потпишала договор со Atlantic Records.[50] На 27 октомври 2017 година, Weezer го објавиле албумот Pacific Daydream.[51] На 17 август 2017 година бил објавен промотивниот сингл од албумот „Mexican Fender“.[52][53][54] Албумот бил номиниран за Греми за најдобар рок-албум на 61-то годишно доделување Греми наградите.[55]

Во 2019 година, Weezer го објавиле албумот Weezer (The Teal Album), албум со преработени песни, вклучувајќи ја и нивната верзија на „Africa“ од Toto, која во 2017 станала нивен неочекуван хит. Истата година, го издале и Weezer (The Black Album), кој имал експериментален пристап и содржел електронските елементи.[56]

Во 2021 година, Weezer издале два албума со целосно различни стилови. Van Weezer бил омаж кон хеви-метал и рок-музиката од 1980-тите и бил инспириран од групи како Van Halen. За разлика од него, OК Human бил поприватен и акустичен албум, придружен со оркестарски аранжмани. Синглот „All My Favorite Songs“ бил објавен на 21 јануари 2021 година.[57] Песната подоцна била номинирана за најдобра рок-песна на 64-те годишни Греми награди.[31][58]

Во јуни 2024 година, Weezer започнале турнеја во Обединетото Кралство и Ирска со Smashing Pumpkins.[59]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

[уреди | уреди извор]

 

  • Weezer (1994)
  • Pinkerton (1996)
  • Weezer (2001)
  • Maladroit (2002)
  • Make Believe (2005)
  • Weezer (2008)
  • Raditude (2009)
  • Hurley (2010)
  • Everything Will Be Alright in the End (2014)
  • Weezer (2016)
  • Pacific Daydream (2017)
  • Weezer (2019)
  • Weezer (2019)
  • OK Human (2021)
  • Van Weezer (2021)
  1. „Weezer Album Sales Statistics“. Statistic Brain. 2013-09-22. Архивирано од изворникот на September 25, 2013. Посетено на 2014-04-10.
  2. Празен навод (help)
  3. Hiatt, Brian (2019-08-28). „The Strange Birth and Near Death of Weezer“. Rolling Stone (англиски). Посетено на 2019-08-29.
  4. Heisel, Scott (May 9, 2014). „20 Facts You May Not Know About Weezer's Blue Album“. Alternative Press. Архивирано од изворникот на March 12, 2015. Посетено на February 10, 2016.
  5. Mapes, Jillian (February 26, 2017). „Weezer: Weezer (Blue Album)“. Pitchfork (англиски). Посетено на May 30, 2021.
  6. Thomas Erlewine, Stephen. „Weezer - Blue Album“. AllMusic. Посетено на January 11, 2022.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Luerssen 2004.
  8. LA Times Past Winners Database-VMA's 1995 at Theenvelope.latimes.com;retrieved on September 5, 2006
  9. Празен навод (help)
  10. „The Top 200 Tracks of the 1990s: 20-01 - Page 2“. Pitchfork (англиски). September 3, 2010. Посетено на 2022-11-06.
  11. Празен навод (help)
  12. Празен навод (help)
  13. „Former Weezer Bassist Matt Sharp Sues Band Over Royalties“. MTV. April 24, 2002. Архивирано од изворникот на October 3, 2003. Посетено на June 26, 2009.
  14. 14,0 14,1 14,2 Erlewine, Stephen Thomas. Pinkerton – Weezer“. AllMusic. Архивирано од изворникот на May 23, 2013. Посетено на January 11, 2022.
  15. Pinkerton Album Overview at AllMusic; retrieved on September 6, 2006
  16. Cuomo, Rivers (2011). The Pinkerton Diaries.
  17. Anticipated return has Weezer in the Green at Michigandaily.com; retrieved on September 18, 2006
  18. Donohue, Mark. „Nude as the News: Weezer: Pinkerton“. Nude as the News. Архивирано од изворникот на February 21, 2006. Посетено на January 11, 2022.
  19. Празен навод (help)
  20. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  21. Greene, Andy (March 6, 2014). „Flashback: Weezer Reunite In 2000 After Three-Year Hiatus“. Rollingstone. Архивирано од изворникот на March 16, 2018. Посетено на March 15, 2018.
  22. Thomas, Stephen. „Weezer – Biography“. AllMusic. Посетено на 2010-09-26.
  23. „Weezer / Pixies“. Посетено на March 15, 2018.
  24. Koch, Karl. „Weezer The Green Album – Island in the Sun“. Weezer.com. Архивирано од изворникот на March 23, 2003. Посетено на January 11, 2022.
  25. „Weezer“. Billboard (англиски). Посетено на 2022-11-07.
  26. Luerssen 2004, стр. 372.
  27. Erlewine, Stephen Thomas. „Maladroit – Weezer“. AllMusic. Посетено на January 15, 2011.
  28. „The 40 Best Albums of 2002“. Spin. December 31, 2002.
  29. „Rocklist.net....Rolling Stone Lists - Main Page“. www.rocklistmusic.co.uk. Архивирано од изворникот на May 1, 2023. Посетено на 2022-11-07.
  30. Erlewine, Stephen. „Make Believe: Review“. AMG. Посетено на May 30, 2007.
  31. 31,0 31,1 Празен навод (help)
  32. „Weezer: Make Believe“. metacritic. Архивирано од изворникот на September 27, 2007. Посетено на May 30, 2007.
  33. Dolan, Jon (March 4, 2019). „Review: Weezer's Latest Hunk of Cali-Rock Malaise, 'The Black Album'. Rolling Stone. Посетено на January 11, 2022.
  34. „The 51st Annual Grammy Awards Winners List“. National Academy of Recording Arts and Sciences. Архивирано од изворникот на July 4, 2010. Посетено на January 20, 2017.
  35. Ford, Tracey (July 25, 2005). „Green Day Top VMA Noms“. Rolling Stone. Посетено на January 10, 2022.
  36. Koch, Karl (January 18, 2006). „breadfan, take it all away, never give an inch“. Архивирано од изворникот на November 29, 2006. Посетено на November 3, 2006.
  37. „Rivers Cuomo's Harvard Graduation“. Spin. June 9, 2006.
  38. „Weezer Covers Velvet Underground For Biopic Soundtrack“. Spin. January 25, 2006.
  39. Scaggs, Austin. "Q & A: Rivers Cuomo." Rolling Stone Jun 26 2008: 26.
  40. „Pitchfork Feature: Interview: Rivers Cuomo“. Pitchforkmedia.com. January 28, 2008. Архивирано од изворникот на January 31, 2008. Посетено на September 26, 2010.
  41. „The 51st Annual Grammy Awards Winners List“. National Academy of Recording Arts and Sciences. Архивирано од изворникот на July 4, 2010. Посетено на January 20, 2017.
  42. „Weezer Signs To Epitaph, New Album in September“. Drivenfaroff.com. 2010-08-04. Архивирано од изворникот на August 26, 2010. Посетено на 2010-08-05.
  43. „Weezer Signs To Epitaph, New Album in September“. Drivenfaroff.com. август 4, 2010. Архивирано од изворникот на август 26, 2010. Посетено на август 5, 2010.
  44. „What Does 'Lost' 's Hurley Think Of Weezer's Hurley? We Asked Him! – Music, Celebrity, Artist News“. MTV. 2010-08-11. Архивирано од изворникот на August 14, 2010. Посетено на 2010-09-26.
  45. „Reviews for Everything Will Be Alright in the End by Weezer – Metacritic“. Metacritic. Посетено на October 8, 2014.
  46. Празен навод (help)
  47. Празен навод (help)
  48. „Weezer: Weezer (White Album)“. Pitchfork (англиски). Посетено на 2022-11-07.
  49. „Nominees And Winners“. 2012-02-01. Архивирано од изворникот на February 9, 2015. Посетено на 2022-11-07.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  50. „Weezer sign to Atlantic Records ahead of 10th studio album | White album coming in April“. Never Enough Notes. Архивирано од изворникот на February 26, 2016. Посетено на 25 February 2016.
  51. „Weezer's new album 'Pacific Daydream' is coming this year“. Nme.com. August 16, 2017. Посетено на August 16, 2017.
  52. Connick, Tom (August 16, 2017). „Weezer's new album 'Pacific Daydream' is coming this year“. NME.
  53. „Weezer – "Mexican Fender". Spin.com. August 17, 2017. Посетено на November 21, 2018.
  54. „Tracks: Wolf Alice, Dream Wife, Weezer and more“. DIY. August 18, 2017. Посетено на November 21, 2018.
  55. Lynch, Joe (2018-12-07). „Grammys 2019 Nominees: The Complete List“. Billboard (англиски). Посетено на 2022-11-07.
  56. Schatz, Lake (2019-09-10). „Weezer announce new album Van Weezer, share "The End of the Game": Stream“. Consequence (англиски). Посетено на 2022-11-10.
  57. Deville, Chris (January 18, 2021). „Weezer Announce New Album OK Human Out Next Week“. Stereogum. Посетено на January 18, 2021.
  58. Празен навод (help)
  59. Gittins, Ian (2024-06-10). „Smashing Pumpkins and Weezer review – mismatched 90s rockers bore and charm“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 2024-06-15.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]