Драган Ѓаконовски-Шпато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Драган Ѓаконовски - Шпато
Роден 11 март 1931
Скопје, Македонија
Починал 3 јануари 1987
Скопје, Македонија
Занимање композитор, џез-музичар, диригент, музички аранжер
Сопружник Катица Ѓаконовска
Деца Мартин Ѓаконовски

Драган Ѓаконовски-Шпато (Скопје, 11 март 1931Скопје, 3 јануари 1987) — истакнат македонски композитор, диригент и музички аранжер. Важи за зачетник на македонската забавна музика. Како автор на бројни забавни мелодии, на аранжмани за забавна музика и џез, почнувајќи од првите повоени години. Бројни генерации се сеќаваат на неговите популарни композиции, како и на првата македонска џез-композиција насловена „Тема I“, што ја создал во 1947 година. Тој бил извонредно надарен музички инструменталист кој формирал повеќе оркестри и групи.

Животопис[уреди | уреди извор]

Драган Ѓаконовски-Шпато бил оженет со џез-пејачката Катица Ѓаконовска. Нивниот син Мартин Ѓаконовски е џез-басист во Германија. Татко му, Васил Ѓаконовски, како и постариот брат, Хари, исто така, биле музичари.

Творештво[уреди | уреди извор]

Значење и влијание[уреди | уреди извор]

Во чест на Драган Ѓаконовски, една песна на македонскиот композитор Александар Џамбазов е насловена „Балада за Шпато“.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Музиката на Александар Џамбазов“, 62 фестивал Охридско лето, 19.8.2022.