Восхит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Восхит — социјална емоција која се чувствува кон кадарни луѓе, кои поседуваат талент, вештина или особина кои го надминуваат просекот.[1] Восхитот го олеснува социјалното учење во групи.[2] Восхитот е мотив за сопствениот развој преку учење со угледување и копирање на одредени карактеристики на предметот на восхит.[3]

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Сара Алгое и Џонатан Хајдт[1] восхитот го категоризираат како пофална емоција кон други луѓе, заедно со стравопочитот, воздигнувањето и благодарноста. Тврдат дека восхит е емоцијата што ја чувствуваме кон извонредностa што не е поврзана со моралот (т.е. кон некого со одлична вештина), додека воздигнувањето е емоцијата што ја чувствуваме кон моралната извонредност (т.е. кон некого со прекумерна доблест). Други автори, и двете емоции ги нарекуваат восхит, притоа правејќи разлика меѓу восхит од вештина и восхит од доблест.[4] Ричард Смит [3] восхитувањето го групира во асимилативните емоции насочени кон други, што ги поттикнува луѓето да се стремат да бидат како (асимилирани) оние на кои им се восхитуваат. Според него восхитот е спротивен на зависта, наведувајќи дека зависта нè тера да се чувствуваме фрустрирано од кадарноста на другите, за разлика од восхитот кој мотивира.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Algoe, S. B., & Haidt, J. (2009). Witnessing excellence in action: The ‘other-praising’ emotions of elevation, gratitude, and admiration. The journal of positive psychology, 4(2), 105–127.
  2. Haidt, J., & Seder, P. (2009). Admiration and Awe. Oxford Companion to Affective Science (pp. 4–5). New York: Oxford University Press.
  3. 3,0 3,1 Smith, R. H. (2000). Assimilative and contrastive emotional reactions to upward and downward social comparisons. Handbook of social comparison: Theory and research, 173–200.
  4. Immordino-Yang, M. H., McColl, A., Damasio, H., & Damasio, A. (2009). Neural correlates of admiration and compassion. Proceedings of the National Academy of Sciences, 106(19), 8021.