Википедија:Родов јаз 2022

Од Википедија — слободната енциклопедија
Уредувачка седмица „Родов јаз 2022“

 

од 15 до 21 декември 2022 година

 

Уредувачка седмица „Родов јаз 2022“ (целосен назив: Седмица на родов јаз 2022; Gender Gap 2022) — иницијатива на здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, која има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Родов јаз“ со особено внимание на пишување статии за познати и влијателни жени (особено од Македонија).

Седмицата започнува на 15 декември 2022 г. во 00:00 ч. и завршува на 21 декември 2022 г. во 23:59 ч. по македонско време.

Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија).

Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале.

Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаат прилика и значајно да дополнат постоечка статија (никулец).

Во натпреварот имаа можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик, а за најдобрите учесници се обезбедени награди.

Методи[уреди извор]

За време на уредувачката седмица, учесниците се очекува да:

  • создадат нови статии и да ги подобрат постоечките;
  • додадат веродостојни надворешни врски во статиите; и
  • додадат слики во статиите за да ги направат посликовити.

Упатство за учество[уреди извор]

Основни податоци[уреди извор]

  • Почеток: 15 декември 2021 г. во 00:00 (CEST).
  • Крај: 21 декември 2021 г. во 23:59 (CEST).
  • Место на одржување: секое место со пристап до интернет.
  • Тема: Жени (особено од Македонија)

Пријава[уреди извор]

  • Чекор 1: Создајте корисничка сметка тука или најавете се доколку веќе имате.
  • Чекор 2: Додека сте најавени, пријавете се со своето корисничко име на контролната табла на иницијативата. Ова овозможува преглед на сите уредувања направени за време на уредувачката седмица.

Организатори[уреди извор]

Координатор на локалната иницијатива е Ehrlich91.

Друштвени медиуми[уреди извор]

Споделувањето на уредувачката седмица на друштвените медиуми е препорачано да се врши првенствено со тарабната ознака #WikiGap.

Награди[уреди извор]

Награди ќе им бидат доделени на тројцата најплодоносни учесници, и тоа:

  • Прва награда: Ваучер за книги во износ од 3.000 денари;
  • Втора награда: Ваучер за книги во износ од 2.000 денари; и
  • Трета награда: Ваучер за книги во износ од 1.000 денари.

Важно: За да се освои било која награда, потребно било да се создадат или подобрат најмалку 15 статии!

Содржина за уредување статии[уреди извор]

Кратко видео-упатство за тоа како се користи алатката за превод на статии на Википедија (видеото е со македонски превод)

Во овој дел е направен преглед на корисни материјали за уредување, наведен е список со потребни статии, а прикажана е и табела за евиденција на придонесите. Додавањето нови содржини може да се врши преку превод на содржини од другите јазични изданија на Википедија, но особено се охрабрува дополнување со информации од други расположливи материјали. Препорака за новите и помалку искусни корисници е да ја користат алатката за превод на статии на Википедија (видео-упатство од десната страна).

Материјали за уредување[уреди извор]

Други јазични изданија на Википедија
Википодатоци
Печатени и електронски изданија

Се охрабруваат корисници и да користат и свои печатени и електронски изданија, а притоа е потребно изворите да бидат наведени.

Список на учесници[уреди извор]

Бр. Корисник Придонеси
1 Ivka20
2 Идеологист
3 Visem
4 mukaetova
  • (Н) — новосоздадена статија
  • (П) — подобрена статија

За да се запишете во списокот по двете точки запишете го вашето корисничко име, како и после големата црта. (пример: Корисник:Ehrlich91|Ehrlich91).

За да ги запишувате вашите статии во списокот служете во секоја заграда запишувајте ја статијата која сте ја уредиле и означувајте дали се работи за нова или подобрена статија (пример: Соња Мираковска (Н)).

Резултати[уреди извор]

Број Корисник Збирен резултат1
1 mukaetova 447.428
2 Ivka20 84.050
3 Visem 74.296
4 Dragecot 0
5 Идеологист 2

1 Збирниот резултат претставува вкупен број додадени бајти во уредените статии, кој е пресметан на контролната табла на иницијативата на којашто биле пријавени сите учесници. 2 Учесникот не се пријавил на контролната табла на иницијативата.