Анастасија Балтова

Од Википедија — слободната енциклопедија

Анастасија Христова Илиева Балтова — просветен деец, припадничка на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Родена е во 1872 година во Битола. Учи во женската гимназија на Бугарската егзархија во Солун. Откако ја завршува гимназијата во Солун во 1890 година, назначена е за учителка во училиштата на Егзархијата во Сер. Во 1892 година е преместена за учителка во прогимназијата на Егзархијата во Неврокоп. Анастасија се мажи за прилепчанецот Илија Балтов, припадник на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација. Анастасија е воведена во организацијата од Илија, при што работи како курирка. Анастасија со години работи и живее во Неврокоп. Членува во неврокопското женско просветно здружение „Ученољубивост“. Илија и Анастасија се преселуваат во Софија во 1922 година. По смртта на Илија во 1928 година, Анастасија се враќа во Неврокоп, каде продолжува да работи како учителка и каде починува во 1957 година, на околу 85-годишна возраст.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Цокова, Полина (2009). „Дейността на Неврокопската митрополия в периода на войните 1912–1919 година“. Исторически преглед 65 (1-2): 86.
  • Енциклопедия „Пирински край“. I. Благоевград. 1995. стр. 59.
  • Пелтеков, Александър (2014). Революционни дейци от Македония и Одринско (Второ допълнено издание. изд.). София: Орбел. стр. 41.