Важно: Внимателно прочитајте ја статијата, доколку забележите дека има нешто што би можеле да го промените, променете го! Ако имате предлог за тоа каде треба да се подобри статијата, слободно искажете го! Гласот „За“ дадете го само ако утврдите дека статијата навистина ги исполнува критериумите за избрана статија.
Како да гласам за овој предлог?
Гласањето се одвива така што секој може да остави свој глас {{за}} ( ), {{против}} ( ) или {{воздржан}} ( ), како и свое мислење преку {{коментар}} ( ), користејќи ги за сето ова соодветните предлошки. Само гласовите од утврдените корисници ќе бидат земени предвид при сумирањето на резултатите. Гласањето завршува една недела по предлогот.
Понекогаш, некоја статија и со доволно гласови {{За}} може да не биде избрана доколку така одлучи заедницата (Видете: Википедија:Занемарете ги сите правила). Бидејќи предложените статии претставуваат нечиј труд, се замолува секој оној којшто сака да гласа {{Против}}, да го поткрепи својот глас со соодветни аргументи, кои ќе помогнат статијата да биде подобрена.
Статијата е предложена за дискусија во 00:17, 23 август 2009 (UTC).
Мислам дека оваа статија на одличен начин обработува една интересна тема. Сликовита, има доволно референци и надворешни врски, содржината е опфатна и мислам дека истата заслужува да биде избрана.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:17, 23 август 2009 (UTC)
Плодната Индо-гангска низија зазема голем дел од северна, средна и источна Индија, додека висорамнината Декан зазема поголем дел од јужна Индија. На западниот дел од земјата се наоѓа пустината Тар, која е во еден дел карпеста, а во друг песочна пустина, додека источната и североисточната граница ја чинат Хималаите. Со сигурност не може да се зборува за највисоката точка на Индија поради територијалниот спор со Пакистан. Според Индија, највисоката точка (сместен во спорната територија Кашмир) е врвот К2, висок 8.611 m. Највисоката точка на неспорна индиска територија е врвот Кангченѕунга, висок 8.598 м.
Не гледам ништо лошо, одлична е. Но, пред да гласам за, Кирил само кажи ми дали е потребно да се прочита уште еднаш и да се поправат печатни грешки или веќе тоа е завршено. --Макс(разговор) 12:26, 23 август 2009 (UTC)
Јас ја имам површно поминато статијата и поправив дел од грешките. Сепак, остави ми го тоа на мене. Јас ќе ја поминам оваа уште еднаш, а вие неколку фатете за другата статија. Има многу статии во инкубаторот кои може да бидат избрани, само им треба средување, па затоа добро ќе биде да се ангажираме околу тоа. И да не заборавиме дека, поголемиот број на избрани статии само ни оди во прилог, бидејќи во план ни е од 2010 да објавуваме различна избрана статија на Главната страница за пократок период (најпрвин 2 статии неделно, аподоцна и секој ден различна статија).--Kiril Simeonovski (разговор) 12:38, 23 август 2009 (UTC)
Статијата е рецензирана, повеќе нема печатни грешки и врските кои насочуваа до истоимени статии со друго значење се прилагодени. Мислам дека референците и надворешните врски се доволни и добро распоредени.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:19, 23 август 2009 (UTC)