Бобан Стајиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бобан Стајиќ
[[File:
(Куманово - Гостивар) 05.05.2018
|295pxpx|Стајиќ во 2013 година со МЗТ против УНИКС Казањ]]
Стајиќ во 2013 година со МЗТ против УНИКС Казањ
ПозицијаРазигрувач
Висина1,85 м
Тежинакг
ЛигаПрва македонска кошаркарска лига
КлубКожув
Број4
Роден6 октомври 1993(1993-10-06)(30 г.)
Скопје, Македонија
Средно училиштеВасил Антевски Дрен
Проф. кариера2011–
Клубови
2011–2013Лирија
2013–2015МЗТ Аеродром
2013-2014Македонија Млади (позајмица)
2015–2017Фени Индустри
2017МЗТ Аеродром
2017-2018Куманово 2009
2018-2019Работнички
2019-2020Кожув
2020-Пелистер
Репрезентација
Инфо од: 24.05.2020.

Бобан Стајиќ (роден на 6 октомври 1993 во Скопје) — македонски професионален кошаркар кој настапува за Пелистер.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Младинска кариера[уреди | уреди извор]

Со МЗТ, Стајиќ станал првак со М-20 составот (генерација 1996/1997) во сезоната 2014/15.[1]

Професионална кариера[уреди | уреди извор]

Својата професионална кариера ја започнал во сезоната 2011/12 составот на Лирија.[2] Следната сезона продолжил во Лирија.[3] За сезоната 2013/14 Стајиќ потпишал за МЗТ Аеродром.[4][5] Таа сезона Стајиќ со МЗТ ја освоил Првата лига и Купот на Македонија 2014. Но паралелно, истата сезона, тој бил приклучен во т.н. Младинска репрезентација на Македонија, проект-екипа која се натпреварувала надвор од конкуренција во Првата лига.[6] Во МЗТ останал и за сезоната 2014/15 каде станал првак на Првенството. Во август 2015 година, тој и МЗТ Аеродром спогодбено го раскинале договорот.[7] Неколку дена подоцна, Стајиќ потпишал за Фени Индустри.[8] Таа сезона 2015/16 со Фени стигнал до полуфиналето во Првенството. Следната сезона останал во Фени, со кој станал вицепрвак во Купот на Македонија 2017. Во јули 2017 година, Стајиќ повторно потпишал за МЗТ Аеродром.[9] Во МЗТ не останал долго и во ноември истата година се преместил во Куманово 2009.[10][11] За сезоната 2018/19, Стајиќ се преселил во Работнички.[12] Со Работнички, Стајиќ го освоил Купот 2019, додека во Првенството бил вицепрвак. Бобан ја променил средината и потпишал за Кожув за сезоната 2019/20.[13][14] На крајот на мај 2020 година, Стајиќ потпишал за Пелистер.[15][16]

(Куманово - Блокотехна) 2017г.
(Куманово - Блокотехна) 02.05
(Куманово - Блокотехна) 02.05
(Куманово - Блокотехна) 02.05.2018
(Куманово - Гостивар)
(Куманово - Гостивар) 2017г.
(Куманово - Гостивар) 2017г.
(Куманово - Карпош Соколи) 26.01.2018
(Куманово - Пелистер) 02.12.2017

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Младинска репрезентација[уреди | уреди извор]

Стајиќ има настапувано за кошаркарската репрезентација на Македонија под 20 години.[4]

А репрезентација[уреди | уреди извор]

Во јануари 2020 година, селекторот на Македонија, Александар Тодоров го објавил поширокиот состав за февруарските квалификации за Евробаскетот 2021 во кој бил вклучен Стајиќ.[17] Но во февруари, по првиот филтер, тој отпаднал од составот.[18]

Успеси[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Македонија МЗТ Аеродром[уреди | уреди извор]

Македонија Работнички[уреди | уреди извор]

Признанија[уреди | уреди извор]

  • Почесно споменување во сезоната 2016/17[19]
  • Почесно споменување во сезоната 2017/18[20]
  • Трета најдобра петорка на сезоната 2018/19[21]
  • Почесно споменување во сезоната 2019/20[22]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Развојна лига М-20 (Сезона 2014/15) Шампион: КК МЗТ Аеродром“. Македонска Кошаркарска Федерација. Архивирано од изворникот на 2015-10-15. Посетено на 15 август 2018.
  2. „KK Lirija - roster 2011-12“. eurobasket.com. Посетено на 6 февруари 2018.
  3. „KK Lirija - roster 2012-13“. eurobasket.com. Посетено на 6 февруари 2018.
  4. 4,0 4,1 „МЗТ мисли на иднината и го собира најдоброто од Македонија: Стајиќ нов член“. ekipa.mk. 25 ноември 2013. Архивирано од изворникот на 2020-09-28. Посетено на 6 февруари 2018.
  5. „Бобан Стајиќ нов играч на МЗТ Скопје Аеродром“. mztskopjeaerodrom.mk. Архивирано од изворникот на 2014-04-05. Посетено на 31 декември 2013.
  6. „KK Kumanovo - Mak Mladi 91:78“. Македонска Кошаркарска Федерација. 1 ноември 2013. Архивирано од изворникот на 2014-04-17. Посетено на 15 август 2018.
  7. „Бобан Стајиќ не е веќе дел од МЗТ“. mztskopjeaerodrom.mk. Архивирано од изворникот на 2016-10-13. Посетено на 15 август 2015.
  8. „Младиот Стајиќ експресно најде нов клуб – ќе игра за Фени индустри!“. sportmedia.mk. 19 август 2015. Посетено на 6 февруари 2018.
  9. „По две години Стајиќ се врати во екипата на МЗТ“. gol.mk. 3 јули 2017. Посетено на 6 февруари 2018.
  10. „Стајиќ ќе го засили Куманово“. vecer.press. 25 ноември 2017. Посетено на 6 февруари 2018.[мртва врска]
  11. „Бобан Стајиќ потпиша за Куманово“. ekipa.mk. 30 ноември 2017. Посетено на 6 февруари 2018.
  12. „Работнички го договори Бобан Стајиќ“. gol.mk. 18 јули 2018. Посетено на 21 јули 2018.
  13. „Кожув потпиша со четири македонски репрезентативци“. ekipa.mk преку web.archive.org. 26 јули 2019. Посетено на 26 јули 2019.
  14. „Кожув во еден ден купи нова петорка: Доведени четири репрезентативци и еден Американец“. gol.mk преку web.archive.org. 26 јули 2019. Архивирано од изворникот на 2019-07-26. Посетено на 26 јули 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  15. „„Бомби" во кошаркарска Битола: Трајковски и Стајиќ во Пелистер“. ekipa.mk преку web.archive.org. 22 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  16. „ОФИЦИЈАЛНО: Две големи засилувања за Пелистер, Трајковски и Стајиќ се селат во Битола“. gol.mk преку web.archive.org. 22 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-24. Посетено на 24 мај 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  17. „Тодоров го објави поширокиот список за Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 9 јануари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-01-14. Посетено на 14 јануари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  18. „Тодоров го скрати списокот, со млади сили против Естонија и Русија“. gol.mk преку web.archive.org. 11 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 2020-02-21. Посетено на 21 февруари 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  19. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2017“. eurobasket.com. 29 мај 2017. Посетено на 7 февруари 2018.
  20. „Prva Liga - season 2017-2018“. eurobasket.com. Посетено на 12 јуни 2018.
  21. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2019“. eurobasket.com преку web.archive.org. 18 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-06-22. Посетено на 22 јуни 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  22. „Eurobasket.com All-Macedonian League Awards 2020“. eurobasket.com преку web.archive.org. 24 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-27. Посетено на 2 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]