Лопатница (бања)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Бања Лопатница)

Бањата Лопатница се наоѓа во селото Лопатница, оддалечено 26 км од Краљево во правец на Рашка, во Рашкиот округ, во Србија . Бањата е позната по своите извори на природна термо-минерална вода богата со магнезиум, која помага во лекувањето на многу болести.[1]

Селото Лопатница, свето дрво - липа во близина кај училиштето

Локација[уреди | уреди извор]

Селото се простира под шумовитите падини на планината Троглав, на брегот на истоимената река Лопатница. Се наоѓа на надморска височина од 339 м, во планинскао опкружување прошарано со пасишта. На половина пат помеѓу манастирите Жича и Студеница, во местото Богутовац, реката Лопатница се влева во Ибар . Тука започнува благо искачување по долината на реката, кон селото Лопатница и неговите селца. Со нешто повеќе од 200 жители, оваа рурално подрачје всушносте ретко населено, а месното население воглавно се занимава со полјоделство -обработка на земја и сточарство .

Историја[уреди | уреди извор]

За лековитите извори во Лопатница се знаело одамна. Уште во 1835 година, во тогашното Кнежевство Србија, била извршена хемиска анализа на оваа минерална вода, која по својот состав спаѓа во слабо сулфурни води и се одликува со специфичен мирис, што претставува показател дека е слабо базна.

Лековитост на бањата[уреди | уреди извор]

Лопатничка Бања поседува природна минерална вода, богата со магнезиум . Лопатничката термо-минерална помага во лекување на многу болести како што се: ревматизам, хронична мигрена, невралгија и невроза, болести на нервниот систем, мултиплекс склероза, невротични симптоми на болести на дигестивниот систем, кардиоваскуларниот систем ( тахикардија, болести на периферни крвни садови, висок крвен притисок) како и различни кожни заболувања.[2][3]

Во пречник од десетина километри од бањата Лопатница, се наоѓаат неколку извори на лековита термо-минерална вода, а најпознат е оној во Боготовачката бања .[4]

Туризам[уреди | уреди извор]

Во последнивте години дојде до развој на селскиот туризам во овие краеви. Во селото Лопатница се изградени објекти погодни за гости од земјата и странство, етно куќата „Оаза Мира“ и етно селото „Бисер Лопатнице“.

Локална гастрономија[уреди | уреди извор]

Гастрономски специјалитети кои се нудат во бањата Лопатница, се елементи на традиционална српска кујна: пастрмка во таландар, домашна скара, кисела зелка или грав во глинен лонец, врвен кајмак, сирење, домашен леб или проја од брашно мелено во блиската воденица поточара, полнети пиперки, подварок, ќофте, сарма, разни пити и гибаници со зелје и коприва, сирење и кајмак. Традиционален пијалак е ладна домашна ракија .[5]

Туристички одредишта во околината[уреди | уреди извор]

Во близина Лопатничка бања се наоѓаат: Боготувачка бања - оддалечена 6 километри, Матарушка бања- 20 км,Тврдината Маглич - 14 километри, манастирот Жича - 25 км, Манастирот Студеница - 50 км.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „BANJA LOPATNICA“. penzioneri.lopatnica.com. Архивирано од изворникот на 2020-08-11. Посетено на 6. 5. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Бања Лопатница“. banja.lopatnica.com. Посетено на 6. 5. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Banja Lopatnica“. seloturizam.com. Архивирано од изворникот на 2020-07-30. Посетено на 6. 5. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. „Selo Lopatnica“. banje-srbije.com. Посетено на 6. 5. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  5. 5,0 5,1 аутор, Sofija. „Etno selo Lopatnica“. ajmonegde.com. Посетено на 6. 5. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)