Аспарагин
Изглед
| |||
Назнаки | |||
---|---|---|---|
70-47-3 | |||
3Д-модел (Jmol) | Слика | ||
PubChem | 236 | ||
| |||
Својства | |||
Хемиска формула | |||
Моларна маса | 0 g mol−1 | ||
Дополнителни податоци | |||
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |||
Наводи |
Аспарагинот (со ознаки Asn или N) е една од 20 најчести природни аминокиселини. Таа поседува карбоксамид како функционална група од својот страничен ланец. Аспарагинот не е есенцијална аминокиселина. Нејзините кодони се AAU и AAC.
Со хемиска реакција помеѓу аспарагинот и некој редуктивен шеќер или карбонилна група се добива акриламид (акрилски амид) во храната кога таа се загрева на доволно висока температура.
Структурна улога во белковините
[уреди | уреди извор]Бидејќи аспарагинскиот страничен ланец може да формира водородна врска со пептидниот молекуларен скелет, остатоците од аспарагин најчесто се среќаваат близу почетокот или крајот на алфа завојниците.
Аспарагинот во белковините е главно место за реакција со N-поврзаната гликозилација.
|