Алифатично соединение

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нециклично алифатично/нераоматично соединение (бутан)
Циклично aliphatic/нераоматично соединение (циклобутан)

Алифатично соединение или алифатско соединение (од старогрчки: ἄλειφαρ, алифар = „масло“) — неароматични соединенија сочинети од јаглерод и водород. Можат да бидат заситени како хексанот или незаситени како хексенот и хексинот. Отвореноланчените соедненија, било да се прави или разгранети[1], кои не содржат никакви прстени секогаш се алифатични. Цикличните соединенија можат да бидат алифатични ако не се ароматични.[2]

Структура[уреди | уреди извор]

Овие соединенија можат да бидат заситени, сврзани со единечни врски (алкани) или незаситени со двојни врски (алкени) или тројни врски (алкини). Доколку други елементи (хетероатоми) се сврзани во јаглеродниот ланец, од кои најчести се кислородот, азотот, сулфурот и хлорот, соединението повеќе не е јаглеводород, и затоа повеќе не е алифатично.

Најмалку сложеното алифатично соеединение е метанот (CH4).

Својства[уреди | уреди извор]

Највеќето алифатични соединенија се запаливи, овозможувајќи ја употребата на јаглеводороди какоas гориво, како метанот во Бунзенови пламеници и течен природен гас (ТПГ) и етин (ацетилен) во заварувањето.

Примери за алифатични соединенија[уреди | уреди извор]

Најважните алифатични соединенија се:

  • n-, изо- и циклоалкани (заситени јаглеводороди)
  • n-, изо- и циклоалкени и -алкини (незаситени јаглеводороди).

Вани примери за нискомолекуларни алифатични соединенија се наведени во списокто подолу (подредени по бројот на јаглеродни атоми):

Формула Назив Структурна формула Хемиска класа
CH
4
Метан алкан
C
2
H
2
Ацетилен алкин
C
2
H
4
Етилен алкен
C
2
H
6
Етан алкан
C
3
H
4
Пропин алкин
C
3
H
6
Пропен алкен
C
3
H
8
Пропан алкан
C
4
H
6
1,2-бутадиен диен
C
4
H
6
1-бутин алкин
C
4
H
8
1-бутен алкен
C
4
H
10
Бутан алкан
C
6
H
10
Циклохексен циклоалкен
C
5
H
12
n-пентан алкан
C
7
H
14
Циклохептан циклоалкан
C
7
H
14
Метилциклохексан циклохексан
C
8
H
8
Кубан призман, платонски јаглеводород
C
9
H
20
Нонан алкан
C
10
H
12
Дициклопентадиен диен, циклоалкен
C
10
H
16
Феландрен терпен, диен, циклоалкен
C
10
H
16
α-терпинен терпен, диен, циклоалкен
C
10
H
16
Лимонен терпен, диен, циклоалкен
C
11
H
24
Ундекан алкан
C
30
H
50
Сквален терпен, полиен
C
2n
H
4n
Полиетилен алкан

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „алифатични соединенија“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. IUPAC, Compendium of Chemical Terminology, 2. изд. (the "Gold Book") (1997). Семрежна поправена верзија: (1995) "aliphatic compounds". doi:10.1351/goldbook.A00217

Надворешни врски[уреди | уреди извор]