Аспазија (поетеса)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Аспазија
Aspazija 3.jpg
Роден(а)16 март 1865(1865-03-16)
Залениекска парохија, Руска империја
Починал(а)5 ноември 1943(1943-11-05) (воз. 78 г.)
Јурмала, Остланд (денес Латвија)
ЗанимањеПоетеса, драматург, политичар
ПравецРомантизам
СопружникРајнис

Аспазија беше псевдонимот на Елза Јохана Емилија Лизете Плиекшане (родена Елза Розенберга; 16 март 1865 година – 5 ноември 1943), латвиска поетеса и драматург. Аспазија е латвиската транслитерација на Аспасија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Аспазија била родена и израсната во богато селско семејство во близина на Јелгава во 1865 година, каде што студирала и била активна во младинските организации. Таа ја напушти гимназијата во текот на последната година од студиите, а во 1886 година стапила во брак со Вилхелм Макс Валтер. Подоцна таа стана заинтересирана за литературата, главно од германски автори. Нејзината прва публикација беше во 1887 година во весникот Dienas Lapa. Во 1891 година таа се разведе од нејзиниот сопруг и до 1893 година работела како приватна учителка во Јаунсвирлаука. Во 1893 година таа се пресели во Рига и почна да работи како новинар. Во 1894 нејзините први игри Vaidelote и Zaudētās tiesības беа изведена во Рига.[1][2]

Во овој период таа се сретна со Јанис Плиекшане (подобро познат како Рајнис), уредник на весник, поет, адвокат и лидер на движењето Нова струја (Jaunā strāva). Под негово влијание Аспазија се приклучи на Нова струја. Тие стапиле во брак во 1897 година, кога се преселиле во Паневежис, Литванија, по распуштањето на Нова струја. Истата година Аспазија ја објави својата прва збирка на поезија. Поради неговите политички активности Рајнис бил затворен, а подоцна и осуден на пет години егзил во Русија од 1897 до 1903, а Аспазија отишла по него. Заедно тие ги превеле на латвиски многу од делата на Гете. Подоцна се вратиле во Латвија и продолжиле со пишувањето, а Рајнис истовремено учествувал и во социјалистичкото движење.[1][2]

Револуцијата од 1905 година започна со протести во Санкт Петербург во јануари. По неколку дена протестите се прошириле кон Рига и многу луѓе биле убиени на 13 јануари 1905 година. Претсавата на Аспазија - "Vaidelote" (Весталката) - беше објавена во јануари и беше толкувана како раскинување со империјалистичка Русија. (Рајнис исто така објави збирка на револуционерни песни, Vētras Sēja (Сеењето на бурата).) Царот нареди да бидат пронајдени востаниците, многу од кои биле уапсени и убиени во периодот од 1905-6. Поради ова, Рајнис и Аспазија побегнале во Швајцарија и живееле во егзил во Кастагнола од 1905 до 1920 година.[1][2]

По враќањето во независна Латвија после Првата светска војна Аспазија беше активна во женското движење. Таа исто така се приклучи и на Латвиската социјалдемократска работничка партија и беше избрана во уставното собрание. По смртта на Рајнис во 1929 година Аспазија живеела многу приватен живот во Рига или во својата викендичка во Дубулти. Таа почина на 5 ноември 1943 година во Дубулти и била погребана во рајниското гробиште во Рига, веднаш до нејзиниот сопруг.[1][2]

Летниот дом на Аспазија во Дубулти.

Литературни дела[уреди | уреди извор]

Првите дела на Аспазија биле реалистични, но повеќето од нејзиното творештво е нео-романтичарско. Некои песни претставуваат носталгичнен поглед кон минатото. На пример, играта Vaidelote (слугинка на боговите во литванската митологија), напишана во 1894, се одвива во 14-тиот век во Големото војводство Литванија. Претставите Едноставни права и Непостигнати цели предизвикале многу дискусии поради нивните протести против патријархалното општество. Играта Сребрен превез (Sidraba šķidrauts) се смета за нејзино најдобро дело. Во 1923 година, таа напиша игра со наслов Аспазија.[1][2]

Во збирката од поезијата Црвени цвеќиња, едноставните и обични нешта се прикажуваат во романтично светло. Истовремено нејзината поезија била полна со светлина, фантазија и бунтовни расположенија. Во Самракот на душата (1904 година) предоминираат песимистичките ставови.[1][2]

Додека живеела во странство, Аспазија ги напишала збирките на поезија Сончев агол и Раширени крила, кои имале помалку социјални аспекти и повеќе интимен текст, помалку бунт против општеството, а повеќе лични чувства.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Aspazija. uzdevumi.lv
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Aspazija. memorialiemuzeji.lv

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Stahnke, Astrida B. Aspazija: her life and her drama. Lanham, MD.: Univ. Press of America, 1984. ; .
  • Meskova, Sandra (2003). Two mothers of Latvian literature : Aspazija and Anna Brigadere. Journal of Baltic studies. 34.3, 276–297.
  • Nesaule, Agate (1992). What happened to Aspazija? In search of feminism in Latvia. Hecate. 18.2, 112–125. ISSN 0311-4198 ;