Прејди на содржината

Археолошки дневник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дизајн на корицата

Археолошки дневник е книга од македонската блогерка Arwena, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]

Вистинско име на авторот е Василка Димитровска, дипломиран археолог. Во својата книга таа го оживува мртвиот свет на археологијата, давајќи прикази на пештерните цркви, Скопското Кале, Цоцев Камен, менхири, трилити, кромлеси и др.

„Почвата под нас може да ни даде многу информации. Затоа драги мои блогери, и попатни минувачи низ овој блог... треба да бидеме внимателни, зошто ние всушност постојано газиме врз нашите археолошки докази.“ - вели Димитровска.[2]

  1. Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогера промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
  2. Археолошки дневник, Скопје:2008; ISBN 978-608-4502-03-6


Книги од изданието Блог-записи

Археолошки дневник   Мртвите херои на нашата иднина   No friends no family   Авгански дневници   Последниот македонски хакер   Патот на душите   Светлата страна на готиката   Мисли на празно срце   Пуфлините коцкички   Не е сѐ како што изгледа   Од CABARET до OZ   Анти-блог за Филип Петровски   Мајмунска стапица   Кога нема ништо  

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]