Блог-записи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Четиринаесетте книги на промоцијата во библиотеката „Браќа Миладиновци“

Блог-записи претставува книжевно издание од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1] Авторите се некои од најпопуларните блогери кои ја користат македонската блог платформа „Блогерај“. Во книгите именувани според некои интересни фрази на авторите, се поместени најатрактивните текстови кои ги објавиле блогерите на интернет. [2]

Издадени книги[уреди | уреди извор]

Сите 14 книги се во Б6 формат, а нивната содржина се простира на 60-120 страници.[1]

Промоција[уреди | уреди извор]

Промоцијата на изданието е одржано на 28 март 2008 во просториите на библиотеката „Браќа Миладиновци“. [2] Настанот го отворил директорот на библиотеката Филип Петровски, додека свое видување за случувањето дале уредникот на „Блогерај“, Сашо Мацановски-Трендо и Дарко Булдиоски од Центарот за нови медиуми. Актерката Јелена Мијатовиќ прочитала избрани постови од сите 14 блогери, за публиката да се запознае со стилот кој го негува секој од нив. Постовите на блогерите се во форма на раскази, лични видувања на разни теми, патописи и прозни дела. [1]

Посетеноста на настанот била голема; биле изложени повеќе копии од книгите на блогерите, кои оттука можеле да се купат по цена од 100 денари.[1]

Критицизам[уреди | уреди извор]

Издавањето на печатените изданија на македонските блогери ја отворила кај медиумските проследувачи дамнешната дилема за доволноста на блогот сам по себе како начин на комуникација наспроти потребата од традиционално книшко издание како валоризација, сметајќи дека последното е апсурдно. [3]

„Не е новина да се објавува паралелно и на Интернет и на хартија, веројатно поради пого­лемата достапност. Потребата да се објават блог-записите во печатена форма е, мислам, само резултат на желбата за поголема до­стапност на тоа што го пишуваат блогерите. Интернетот, во принцип, нуди поголема достапност, но во Македонија, сепак, 70 отсто од населението не користи интернет од различни причини“ – вели Филип Стојановски од „Метаморфозис“, фондацијата за унапредување на информатичкото општество. Според него, дури и блиски пријатели и роднини на блогерите не можат да видат што пишуваат тие, бидејќи корисниците во основа преферираат хартија наместо компјутерски екран.[3]

Според Сашо Мацановски – Трендо, главен уредник на блог-платформата „Блогерај“, „Ова не е пораз ниту на блогот, ниту на хартијата. Мене ми се допадна идејата бидејќи сакам вакви богохулни мешања на работите. Убаво ќе биде да се види како функционираат овие текстови на хартија“.[2] Тој исто така додава: „Природата на блоговите е поинаква од онаа на книгите, тука постои можност за вмрежување на коментари, а силата на блоговите е токму во непосредноста на интеракцијата со публиката, со читателите. Вака, во печатена форма, тие се закостени, еднаш за секогаш дадени.“ [2]

Дневниот весник Нова Македонија во случајот согледува и предности и недостатоци. Предноста на е-издаваштвото е што текстот може да биде пребаруван, зазема малку простор, може да се чита на слабо светло, па и во тотален марк, брзо се копира, ниска е цената на дистрибуција, економски и еколошки е прифатливо бидејќи се смалува потрошувачката на хартија и мастило, а и не се троши со текот на времето. Главен недостаток е што многу корисници преферираат хартија наместо компјутерски екран. Предноста на печатената книга, пак, е што може да се чита на различни места, робусна е и издржлива, не бара извор на струја, има поголема колекционерска вредност (на пример први изданија, потпишани книги). [3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогера промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Кирилица - Блогот се запиша на хартија - Интересните текстови кои досега можевте да ги читате на интернет сега се отпечатени на хартија, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
  3. 3,0 3,1 3,2 Интернет издание на Нова Македонија - У(р)ааа за блог литература!, 14 мај 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]



Книги од изданието Блог-записи

Археолошки дневник  • Мртвите херои на нашата иднина  • No friends no family  • Авгански дневници  • Последниот македонски хакер  • Патот на душите  • Светлата страна на готиката  • Мисли на празно срце  • Пуфлините коцкички  • Не е сè како што изгледа  • Од CABARET до OZ  • Анти-блог за Филип Петровски  • Мајмунска стапица  • Кога нема ништо  •