Од CABARET до OZ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дизајнот на корицата

Од CABARET до OZ е книга од македонскиот блогер Рибаро, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]

Вистинско име на авторот е Јане Ѓорѓиоски, бизнисмен во транзиција, кој живее и работи во Прилеп. Видено низ постмодернистичка призма, книгава може да ја сметаме за структурно разграден роман или новела, а интензитетот на приказните се зголемува прогресивно низ целата книга.

„Од карши нас, на највидната маса во кафаната, седеше еден пицикато дотеран млад господин со лептир машна, шешир и бастун. Нè погледна, се насмеа под мустаќ и со очите го повика меанџијата. Меанџијата почека да ја напушти господинот меаната, и ни се обрати:
- Од денес оваа маса секогаш ќе биде резервирана за вас.
Останавме подзинати, а меанџијата ни го разбра прашањето: - Господинот што пред малку замина се погрижи за сè.
- Кој е човеков?
- Тој се вика Петре Прличко, и е глумец.
... Има луѓе, помислив.“[2]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогера промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
  2. Од CABARET до OZ, Скопје:2008 ISBN 978-608-4502-06-7


Книги од изданието Блог-записи

Археолошки дневник  • Мртвите херои на нашата иднина  • No friends no family  • Авгански дневници  • Последниот македонски хакер  • Патот на душите  • Светлата страна на готиката  • Мисли на празно срце  • Пуфлините коцкички  • Не е сè како што изгледа  • Од CABARET до OZ  • Анти-блог за Филип Петровски  • Мајмунска стапица  • Кога нема ништо  •