Прејди на содржината

No friends no family

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дизајн на корицата

No friends no family е книга од македонската блогерка Бездомна, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]

Вистинско име на авторот е Александра Јурукоска, родена 1986 година, студент на Филолошки факултет. Авторката нè води низ светот на секојдневието, притоа правејќи зачудувачки пресврти при употреба на сликите и асоцијациите. Ова е книга на поетски текстови.

„Ѝ паднаа евергрините на Бајрон под маса.
По сѐ изгледа биле листопадни.
Есента веќе помина.
Зимата не наближуваше.
Ѝ беше мерак што еден човек што го почитуваше се ужаснуваше од зборот „беше“.
Никогаш не дозна зошто.“ [2]

  1. Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија Архивирано на 15 јуни 2008 г. - 14 македонски блогери промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
  2. No friends no family, Скопје:2008; ISBN 978-608-4502-04-3


Книги од изданието Блог-записи

Археолошки дневник   Мртвите херои на нашата иднина   No friends no family   Авгански дневници   Последниот македонски хакер   Патот на душите   Светлата страна на готиката   Мисли на празно срце   Пуфлините коцкички   Не е сѐ како што изгледа   Од CABARET до OZ   Анти-блог за Филип Петровски   Мајмунска стапица   Кога нема ништо  

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]