Прејди на содржината

Патот на душите

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дизајн на корицата

Патот на душите е книга од македонската блогерка Виолетова, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]

Вистинското име на авторот е Снежана Штрковска, родена 1966 година. Книгата содржи раскази, патописи, размислувања на тема свесност и постоење, како и повеќе текстови кои се однесуваат на препорака на одредени наслови на книги.

„На терасата стоеше Тој. Насмеан. Имаше сиво-сина боја на кожата, имаше две очи, две уши, коса, уста, мал нос... врат, тело, две раце и две нозе. Имаше сè што треба да има човечко суштество од Земјата, само што Тој не беше од оваа планета. Се насмевна и ми испрати пријатни вибрации, а јас се израдував - конечно средба со вонземјанин. Не беше многу висок за машко.“ [2]

  1. Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогери промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
  2. Патот на душите, Скопје:2008; ISBN 978-608-4502-09-8


Книги од изданието Блог-записи

Археолошки дневник   Мртвите херои на нашата иднина   No friends no family   Авгански дневници   Последниот македонски хакер   Патот на душите   Светлата страна на готиката   Мисли на празно срце   Пуфлините коцкички   Не е сѐ како што изгледа   Од CABARET до OZ   Анти-блог за Филип Петровски   Мајмунска стапица   Кога нема ништо