Кога нема ништо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дизајн на корицата

Кога нема ништо е книга од македонскиот блогер Бунка, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.[1]

Вистинското име на авторот е недостапно за пошироката јавност. Книгата е одлично структуирана. Има последователна мозаичност на философски мисли, политички критики, пародии, раскази, лирски слики, а сето тоа ја дава сликата на пишувачот. Искреноста, колку и да е сурова, секогаш е добра одлика кај еден писател.

„Крв на сите страни, летаат глави, раце, нозе и сето тоа на cartoon network. Јако сценарио, нема што, гомна да јаде Рамбо и компанија. Нинџа Килерот се бори против злото што извира на секој чекор, како да фатил некој пороен дожд што трае со месеци.
Страв ме фати од толку зли луѓе...
Заспав. На сон изненадно ми дојде Густав и ми вика:
`Го барам Д Килер, можеш да ми помогнеш да го најдам?`
А јас си викам во себе: `Види им нова тактика на цртаниве, сега у сон ми идат, бе!`
И ќути, среќа што се разбудив! Ако ме фатеше и мене ќе ме кркнеше новиов херој на цртаните филмови. Дај некој хорор ќе си гледам вечер, боље е, нели!“ [2]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогери промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
  2. Кога нема ништо, Скопје:2008; ISBN 978-9989-2398-8-5


Книги од изданието Блог-записи

Археолошки дневник  • Мртвите херои на нашата иднина  • No friends no family  • Авгански дневници  • Последниот македонски хакер  • Патот на душите  • Светлата страна на готиката  • Мисли на празно срце  • Пуфлините коцкички  • Не е сè како што изгледа  • Од CABARET до OZ  • Анти-блог за Филип Петровски  • Мајмунска стапица  • Кога нема ништо  •