Арсакли
Арсакли Πανόραμα | |
---|---|
Вечерна глетка на Арасакли | |
Координати: 40°35.16′N 23°01.53′E / 40.58600°N 23.02550°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Капуџилар-Хортач |
Општ. единица | Арсакли |
Надм. вис. | 311 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 17.679 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 552 36 |
Повик. бр. | 231 |
Арсакли (грчки: Πανόραμα, до 1928 Αρσακλή, Арсакли[2]) — предградие на Солун, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот округ во областа Централна Македонија. Во 2021 г. населението броело 17.679 жители.
Географија
[уреди | уреди извор]Населбата се наоѓа во југоисточниот дел на Солун, во западното подножје на планината Хортач. Позната е како едно од местата со најскапите недвижности во северниот дел на државата. Поврзана е со селото Хортач и предградието Пејзаново на север и со предградието Капуџилар на југ.
Историја
[уреди | уреди извор]Византиско време
[уреди | уреди извор]Во маалото Платанаќа се најдени остатоци од осум воденици од византиско време поставени на стрмниот терен кои придвижувале производствени погони.
Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX и почетокот на XX век Арсакли било турско село во Солунската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Аксакли (Аксаклѫ) броело 205 жители, сите Турци.[3]
Во Грција
[уреди | уреди извор]За време на Балканските војни населението се иселило од Арсакли, па затоа во 1913 г. се води како напуштено.[4] Истата година влегло во составот на Грција. Според Боривое Милоевиќ, пред иселувањето Арсакли имало 15 турски куќи.[5] Во 1914 г. во него се доселиле првите грчки колонисти, дојдени од Пига во Мала Азија. На пописот од 1920 г. евидентирани се 133 жители.[4] Подоцна се доселени уште Грци, овојпат од Понт и Кавказ.[4] Во 1928 г. е преименувано во Панорама поради убавата глетка кон Солун. Истата година е заведено како дојденско село со 155 семејства сочинети од 549 жители.[6]
Во 1968 г. е завршена црквата „Св. Ѓорѓи“ која се градела уште од 1928 г.[7][8] Во 1957 г. на извесно растојание северно од Арсакли е основан манастирот „Успение на пресв. Богородица“. Значителниот пораст на населението се должи на приливот на жители во атарот на Арсакли во нови маала. Во 1961 г. тука никнале населбите Ампелон и Платанаќа кои набргу се споиле со селото и престанале да се водат како одделни.[4]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 789 | 831 | 992 | 1.560 | 4.193 | 10.275 | 14.552 | 17.679 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 141. ISBN 954430424X.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 310–311. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 36.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF) (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 60. Занемарен непознатиот параметар
|lang-hide=
(help) - ↑ „Ιστορικό“. Ι. Ναός Αγίου Γεωργίου Πανοράματος. Архивирано од изворникот на 20 октомври 2016. Посетено на 10 октомври 2016.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|