Прејди на содржината

Пејзаново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пејзаново
Ασβεστοχώρι
Поглед на Пејзаново
Поглед на Пејзаново
Пејзаново is located in Грција
Пејзаново
Пејзаново
Местоположба во областа
Пејзаново во рамките на Капуџилар-Хортач
Пејзаново
Местоположба на Пејзаново во општината Капуџилар-Хортач и областа Централна Македонија
Координати: 40°38.5′N 23°1.5′E / 40.6417°N 23.0250°E / 40.6417; 23.0250
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаКапуџилар-Хортач
Општ. единицаПејзаново
Надм. вис.&10000000000000460000000460 м
Население (2021)[1]
  Вкупно6.453
Час. појасEET (UTC+2)
  Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.570 10
Повик. бр.+30-231x-xxx-xxx
Рег. таб.NAx-xxxx to NXx-xxxx
Жени од Пејзаново на почетокот на XX век

Пејзаново, Киречќој или Варово (грчки: Ασβεστοχώρι, Асвестохори) — гратче во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Капуџилар-Хортач на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Сместено е веднаш до градот Солун, а населението брои 6.453 жители (2021) кои до денес се исклучиво Македонци.[2]

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Гратчето се наоѓа на планината Хортач, во подножјето на врвот Свети Илија, 5 км источно над градот Солун, на надморска височина од 460 м.[2]

Се смета дека местото има многу здрава клима поради полупланинскиот карактер и претставува популарно излетничко место поради близината до Солун.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]
Женска носија од Пејзаново

Според Кузман Шапкарев, селото е основано од Османлиите откако завладеале со Солун и тука населиле Бугари со цел да бидат испостава, пазејќи го градот од „грчки смутови“.[3] Сè до првата половина на XIX век, населението уживало особени привилегии. Не плаќале никакви даноци и се нарекувале пајзани, т.е. „пазачи“, со традицонална задача да го пазат водоснабдувањето на Солун.[2]

Селото подоцна се нарекувало и Варово (на турски Киреч Ќој) поради тоа што населението специјализирало во производство на вар, потоа превезувајќи го за продажба нашироко, дури до Анадолија.[2]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Пејзаново како македонско село.[4][5] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Пејзаново Киречќој (Payzanovo Kiretchkeui) селото е заведено со 700 домаќинства со вкупно 3.158 жители, сите Македонци.[6][7]

На почетокот на 1870-тите рускиот козул во Солун сведочи дека селото има 700 македонски[8] и 15 влашки семејства. Во продолжение, конзулот вели дека Македонците се поделени на партии поради странските странски пропаганди, од кои посилна е онаа на патријаршијата (грчката).[9]

Во 1874 г. бугарските пропагандисти конечно успеале да отворат бугарско училиште,[10] покрај постоечкото големо грчко училиште со шест учители. Бугарското училиште работело сè до првата половина на 1880-тите, кога е затворено по силни залагања на солунскиот митрополит Јоаким (подоцна вселенски патријарх Јоаким III)[11]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Киречќој (Пејзаново) живееле 4.200 Македонци-христијани.[6][12]

По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Киречќој живеат Македонци[6] под врховенството на Цариградска патријаршија и во селото работи едно основно и едно средно грчко училиште.[13]

Боривое Милоевиќ вели дека пред Балканските војни Кречово (Киречкеј) се состоело од 1000 македонски куќи.[14]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 4.800 жители.[2] Сè до Првата светска војна Пејзаново било најголемото македонско село во Солунско. Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Ова се сменило поради страдањата во неа, така што во 1920 г. се заведени само 2.767 жители[2], а во 1928 г. населението понатмау опаднало на 2.705 жители.[2] Селото до денес останува сосем македонско благодарение на тоа што во него воопшто не се сместувале грчки доселенички семејства.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 2.732 2.519 2.618 2.592 2.602 3.326 4.702 6.393 6.453
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Гратчето припаѓа на општинската единица Хортач со седиште во Пејзаново, која припаѓа на поголемата општина Капуџилар-Хортач, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Пејзаново, каде спаѓа и новосоздаденото место Кранос, кое најчесто се смета за дел од него.

  1. „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 1 2 3 4 5 6 7 8 9 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 337.
  3. Шапкарев, Кузман. Руссаллии. Древен и твърде интересен българский обичай запазен и до днес в Южна Македония. Пловдив, 1884, с.27.
  4. нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската политика.
  5. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр.91.
  6. 1 2 3 Како што е општопознато, Македонците во отоманскиот период од различни автори, но особено во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  7. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.150-151.
  8. нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската политика
  9. Маркова, Зина. „Българската екзархия 1870-1879“. София, 1989, стр. 81.
  10. Апостоловски, Иван. Отварянето на първото българско училище в село Киречкьой (Солунско). - Македонски преглед, 1928, кн.3.
  11. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга втора, стр. 28.
  12. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 140
  13. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.218-219.
  14. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 36.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]