Азот моноксид
Азотен оксид или азотен моноксид е хемиско соединение со Хемиска формула NO. Овој гас е важен сигнал на молекулите во организмот на цицачите, вклучувајќи го и човекот и исклучително е важен во хемиската индустрија. Тој е исто така и токсичен продукт во воздухот, кој настанува како издувен гас на автомобилите и на фабриките.
NO е важен транспортер на информации во молекулите, кои вклучуваат многу физиолошки и патолошки процеси во организмот на цицачите, тој е и корисен и штетен. Соодветните нивоа на продукција на NO се важни во заштитата на органите од оштетување, на пр. заштита на црн дроб од хемијата. Меѓутоа одржувајќи ги нивоата на создавањето на NO високи се одразува дирекно како отров во ткивата и доведува до мускуларен колапс, придружен со септичен шок, сè додека хроничната форма на азотен моноксид е поврзана со различни карциноми во воспалителни состојби, вклучувајќи ги и почетните фази на дијабетес мелитус, мултиплекс склероза, артритис и цревен чир.
Азотниот моноксид не треба да се меша со диазотоксид (N2O), општ анестетик или со азотен диоксид (NO2), што е друг облик на загадувач на воздухот. Станува збор за молекула која е слободен радикал, што придонесува за разбирање на неговата голема активност. Во реакција со кислородот во воздухот, се препознва по црвеникаво-кафената боја.
И покрај тоа што во почетокот е обична молекула, NО е основната молекула за разбирање на бројни процеси во неврологијата, психологијата и имунологијата, а исто така бил именуван како „Молекула на годината“ во 1992 година.