Прејди на содржината

Џо Кокер

Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Џо Кокер
Основни податоци
Родено имеЏон Роберт Кокер
Познат(а) и какоЏо Кокер
Роден(а)20 мај 1944
Обединето Кралство Шефилд, Јоркшир
Починал(а)22 декември 2014
САД Крофорд, Колорадо
Жанр(ови)Рок, Блуз, Соул, Поп
Занимање/њаПејач
Години на активност1961–2014
Мрежно местоcocker.com

Џон Роберт Џо Кокер (англиски: John Robert "Joe" Cocker) (20 мај 1944, Шефилд, Јоркшир, Обединето Кралство - 22 декември 2014, Крофорд, Колорадо, САД) бил британски блуз и рок пејач.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Џо Кокер е роден на 20 мај 1944 година, во Шефилд. Во 2007 година, Кокер бил одликуван со орден (OBE) - офицер на Британската Империја за неговиот придонес во музиката. По долго боледување од рак на белите дробови, Џо Кокер починал на 22 декември 2014 година, во својот дом во Крофорд, Колорадо.[1]

Музичка кариера

[уреди | уреди извор]

Музичката кариера ја започнал на 15 години во родниот Шефилд настапувајќи за бендот The Avenger под уметничкото име Венс Арнолд[2]. Потоа соработувал со бендовите Big blues и The Grease band. Во 1969 гостувал во емисијата шоуто на Ед Саливен. Бил препознатлив по својот моќен и рапав глас, спазматичните движења на телото на бината (што претставува еден вид диригирање) и по преработките на популарни песни.

Првиот голем хит од 1969 е With a Little Help from My Friends - преработка на песната од „Битлси“, каде што соло гитара свири Џими Пејџ. Истата година настапува и на фестивалот во Вудсток. Успешна е и преработката на She Came In Through the Bathroom Window исто од Битлси, а најголем хит од тој период е The Letter од албумот Mad Dogs and Englishmen.

Во текот на четиридецениската кариера, Кокер снимил 40 албуми. Неговата кариера била сериозно разнишана во текот на 1970-тите, поради проблемите со алкохолот и дрогата. На музичката сцена се вратил во 1982 година, кога го снимил дуетот со Џенифер Ворнс „Горе каде што припаѓаме (Up Where We Belong)“, која била дел од музиката за филмотОфицер и џентлмен“. Песната станала голем хит, а тие ја освоиле наградата „Греми“.[1]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • With A Little Help From My Friends (1969)
  • Joe Cocker! (1969)
  • Mad Dogs & Englishmen (1970)
  • Joe Cocker (1972)
  • I Can Stand A Little Rain (1974)
  • Jamaica Say You Will (1975)
  • Stingray (1976)
  • Greatest Hits (1977)
  • Luxury You Can Afford (1978)
  • Sheffield Steel (1982)
  • Civilized Man (1984)
  • Cocker (1986)
  • Unchain My Heart (1987)
  • One Night Of Sin (1989)
  • Joe Cocker Live (1990)
  • Night Calls (1992)
  • The Best Of Joe Cocker (1993)
  • Have A Little Faith (1994)
  • The Long Voyage Home (1995)
  • Organic (1996)
  • Across From Midnight (1997)
  • Greatest Hits (1998)
  • No Ordinary World (1999)
  • Respect Yourself (2002)
  • Heart & Soul (2004)
  • Hymn for My Soul (2007)
  • Hard Knocks (2010)
  • Fire It Up (2012)
  1. 1,0 1,1 Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2 јануари 2015, стр. 13.
  2. "The Story-Part One:On the runway to fame". Архивирано од изворникот на 2008-07-30.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]