Прејди на содржината

Јанко Михајлоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јанко Михајлоски
Роден 1919 година
Кичево, Македонија под окупација на Кралство Југославија
Починал ноември, 1943 година
Мало Црско, Кичевско, Македонија
Ѕверски мачен па убиен од домашни предавници-бугаромани, кои работеле во служба на бугарскиот окупатор.
Националност Македонец

Јанко Костов Михајлоски прекар Јанчица ( 1919 во Кичево1943 во Мало Црско, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

По завршувањето на основното училиште, учел до трети клас занаетчиска школа. По занимање бил шивач. Поради тешкиот живот, работел во Белград уште пред војната. Во Белград бил активен член на УРС-овите синдикати. Учествувал во разни демонстрации поради што бил апсен од специјалната полиција и по два месеца проведени во затвор, бил пуштен. По окупацијата се вратил назад во Кичево, каде веднаш по доаѓањето, есентта 1941 година, станал ѝ член на Првиот местен комитет на КПМ за Кичево, а од пролетта 1942 година бил назначен за прв секретар на СКОЈ. Неговата партиска активност во организирањето на младите луѓе за борба против окупаторот била прекината поради тоа што паднал во рацете на италијанските власти заедно со групата кичевски комунисти. Во април 1942 година бил затворен во Кичево и по долги испитувања бил пренесен во Тиранскиот затвор во Албанија. Таму бил изведен пред суд и осуден на 10 години затвор како водач на комунистите од Кичево. По капитулацијата на фашистичка Италија, во почетокот на септември 1943 година, се вратил во Кичево и ја продолжил својата партиска активност. Како член на Срескиот комитет, заедно со својот другар Живко Туфекџиоски, заминале на теренот Карбуница - Кладник и Бржданска река на извршување партиска задача. На овој терен се сретнале со ранетиот партизан Блаже Трпески - Трифко од Мавровско и го земале со себе. Во октомври 1943 година, Јанко и неговите двајца другари биле фатени од контрачетникот (бугароман) Димо Брадата од село Белица кој ги однел кај бугарските фашисти во селото Цер. Таму по долги малтретирања се осудени и предадени на Димо Брадата да им суди. Враќајќи се од Цер, кај селото Мало Црско, Јанчица, Живко и Тривко се убиени на ѕверски начин во ноември 1943 година.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 86–87.