Ѓуќуен (космодром)
Центар за лансирање на сателити „Ѓуќуен“ (кинески: 酒泉卫星发射中心) — космодром во пустината Гоби, Внатрешна Монголија, Кина на околу 1600 километри од Пекинг. Центарот е отворен во 1958 година, што го прави првиот од трите кинески космодроми. Најмногу лансирање на кинески ракети се направени токму од овој центар. Слично како и другите космодроми во Кина и тој е затворен за посетители странци. Именуван е според најблискиот градски центар Ѓуќуен, иако космодромот е многу блиску до покраината Гансу.
Од центарот се лансираат главно ракети во ниско и средно високи орбити со голем наклон на аголот, како и за тестирање на ракети со среден и голем опсег.
Центарот за лансирање на сателити „Ѓуќуен“ покрива територија од околу 2.800 км2 и може да прими околу 20.000 лица. Опремата е направена по советски образец и најверојатно СССР покажал поддршка спрема центарот „Ѓуќуен“ во почетокот на 1960-тите години на XX век. Од овој космодром се истрелани многу успешни кинески летови и мисии вклучувајќи го и првиот кинески вештачки сателит, Дун Фан Хун I во 1970 година и нивната прва пилотирана мисија Шонџу-5 на 15 октомври 2003 година.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Google Maps
- Информации за центарот Ѓуќуен — Global Security
|