Центар за лансирање Алкантара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Центарот за лансирање Алкантара (португалски: Centro de Lançamento de Alcântara) е бразилски космодром за лансирање на сателити лоциран во близина на градот Алкантара, во сојузната држава Маранјо, Бразил. Алкантара се наоѓа на северното крајбрежје на Атланскиот океан. Космодромот е управуван од страна на бразилските военовоздухопловни сили (Comando da Aeronáutica). Алкантара е најблискиот космодром за лансирање до екваторот, што дава голема предност при лансирањето на сателити во геосинхронта орбита, истата предност ја има и Гвајнскииот вселенски центар.

Конструирањето на базата започнало во 1982 година. Првото лансирање се одвило на 21 февруари 1990 година при која што била лансирана надзвучната ракета од типот Sonda 2 XV-53. Тука се лансирани и ракетите Онгорон I и Онгорон II од страна на француската влада во 1994 година

До сега, само ракетите од типот VLS-1 биле лансирани на овој космодром. На 22 август 2003 година, експлозијата на третата ракета VLS-1 убила 21 лице. Во план се и неколку лансирања на некои меѓународни ракети од оваа база. Во 2003 година е склучен договор со Украина за лансирање на ракетата Циклон-4 [1] како и со Израел за лансирање на ракетите Чави. Во план се и лансирања на руските ракети од типот „Протон“ и на кинеските ракети од типот Чанг џенг 4.

Сегашните планови на владата на Бразил се за конструирање на граѓански вселенски центар, раководен од Бразилската вселенска агенција.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. President of Ukraine signs Decree on measures to ensure realization of Ukrainian-Brazilian project of creating space rocket complex "Cyclone - 4"

Надворешни врски[уреди | уреди извор]