Статистички миграции

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Вовед[уреди]

Миграциите преставуваат движење или преселување на населението, од едно во друго место. Можат да бидат привремени,но можат да бидат и трајни.Привремените миграции ги означуваат дневните мигрирања на населението од своите домови кон местата каде што работат.Привремени се сметаат и оние миграции каде личноста го напушта своето место на живеење и се населува во ново заради деловни причини, меѓутоа по извесно време се враќа во своето старо место на живеење. Трајните миграции се лицето кога го напушта своето место на живеење перманентно и не се враќа назад. Според некои критериуми, привремените траат помалку од една година, а трајните повеќе од една година. Миграции истотака можат да бидат внатрешни и надворешни. Внатрешни миграции се оние миграции кои се случуваат во рамките на една држава. Тука спаѓаат и дневните мигрирања на населението до своите работни места. Овие миграции се обавуваат многу полесно од надворешните, бидејќи за нив не е потребна патничка документација како што се пасош и лична карта.Покрај пасош, лицето поминува и низ царина на државата во која се населува, и голем број други документации потребни според законот на самата држава. Најчести причини за мигрирање можат да бидат: демографски, политички, економски, социјални и слично.

Историска ретроспектива[уреди]

Миграциите се дел од животот на човекот уште од неговото настанување. Луѓето за прв пат почнале да го менуваат своето место на живеење уште од камено време. Во услови на живот, кога не знаеле да ја обработуваат земјата тие постојано мигрирале во нови места на живеење.Останувале на едно место додека целосно не ја експлотирале земјиштето, незнаејќи дека можат повторно да ја обработат земјата со засадување на нови растенија на истата површина. Значи, основита причина за тогашните миграции била постојаната потрага по нови места со подобри места за живот. Едни од највлијателните преселби кои оставиле белег во историјата се преселбата на Старите Словени, кои од зад Карпатите го населиле целиот Балкански Полуостров.

Pratatkovina.PNG

Со понатамошна еволуција настанале монархиите.Желбата на секој монарх била да ја прошири својата територија колку што може повеќе.Така настанале најпознатите историски војни.Низ тие освојувачки походи голем дел од населението било мобилизирано во војската на монархиите.Примери за вакви миграции во историјата има навистина многу.Од војните кои што настанале во Стара Грција помеѓу тогашните градови-држави,секако најзначајни биле Спарта и Атина.Сигурно најголеми походи биле во времето на најголемиот светски освојувач Александар III Македонски,кој го освоил во тоа време речиси целиот свет.Неговото кралство се протегало на до тогаш сите познати континенти.Тоа биле едни од најмасовните движења на луѓето низ историјата. Секако не смеат да се заборават ни Крстоносните војни,исто така едни од најмасовните мигрирања на човекот низ историјата на човештвото.Нешто подоцна за време на буржоаските револуции се појавиле масовни миграции во рамките на државите.Значи,во текот на оваа таканаречена преродба,која започнала со Француска револуција на Наполеон Бонапарт се случиле најголемите миграции на луѓе во рамките на една држава,што е пандан на денешниве привремени и трајни внатрешни миграции. Меѓутоа Бонапарт не за задоволил со дотогашните граници на Франција.Тој покажал тенденција да ја прошири својата држава.Еден од најпознатите походи бил тој на Бонапарт кон Руското царство.Но тогаш бил поразен и бил приморан да се врати назад во Франција. Во XX век се случиле и двете најцрни точки во еволуцијата на човештвото,Првата и Втората светска војна.За време на овие војни,се појавиле најмасовните миграции на светската популација,кои продолжиле и по војната. Важно е да се знае дека со миграциите со текот на времето се воспоставува рамнотежа меѓу побарувачката и понудата на работна сила. Луѓе мигрираат и денес.Миграциите биле,и ке бидат дел од нашето секојдневие постојано.Меѓутоа,да напоменеме уште еднаш,како што беше предходно наведено,миграциите не влијат на бројната структура на населението,тие вршат само негова дистрибуција.

Миграции село-град[уреди]

Постојат четири видови на внатрешни миграции од аспект на поделбата на населените места:село-село,село-град,град-село и град-град.Во денешни услови најчеста е миграцијата село-град. Повремени или дневни миграции се оние миграции кои луѓето ги прават секојдневно за да обават некоја работа или набават некој намирници и повторно се враќаат во своите домови.Постојат и трајни миграции.Во вакви случаи,селското население ги напушта своите домови во селата и се населува во ново живеалиште во градовите,со цел да остане тука постојано.Ваквите миграции настануваат како последица на незадоволство од животот во селата,можност за подобар живот и заработка во градовите,поради се поголемите техничко-технолошки иновации и модернизација на општеството.Значи,стопанскиот развој е главна причина за намалување на бројот на селското и зголемување на бројот на градското население.Со поделба на населението на селско и градско се доаѓа до голем број на анализи и заклучоци,како на пример:степенот на урбанизација во одделни земји како комплексен процес,степенот на индустријализацијата и културниот развој во одделни земји.Исто така,оваа поделба ни овозможува и одделни демографски истражувања,следење на состојбата во градовите и селата и различните услови за живот кои постојат во нив,како тие услови се одразуваат врз старосната структура на населението,фертилитетот,составот по пол,условите на живеење итн.

Класифицирање на селското и градското население[уреди]

Статистиката се судира со многу прашања и дилеми во врска со класификацијата на населението на селско и градско.Решенијата на овие проблеми се ражлични во одделни земји.Тешкотиите произлегуваат од фактот дека е тешко да се разграничи каде завршува селото,а каде започнува градот.Следствено на ова,тешко е да се одреди кои белези му припаѓаат на селото,а кои на градот.Тешкотија претставува и тоа што пописот на населението дава белези само за населението,а не и за населбите,така што при обработка на материјалот од пописот се наметнуваат шаблонски решенија.

Втор критериум за класификација на населението на селско и градско е неговата бројна состојба,односно бројот на населението.Како критериум може да се земе и големината на населбите.Јасно е дека станува збор за квантитативни критериуми.Населението е изразено со бројки,а поделбата се прави со одредени стандарди,кои за секоја држава можат да бидат различни.Како пример може да се земе дека секоја населба која содржи популација до 3000 луѓе се смета како селска населба,а оние што бројат повеќе од 3000 се сметаат како градски населби.Меѓутоа ниту оваа класификацијане може да даде задоволителни резултати,бидејки многу населби кои располагаат со голем број на жители имаат карактеристика на селски населби,затоа што поголем дел од населението се занимава со земјоделство.Критериум може да претставува и густината на населението по одделни населби,односно бројот на жители по km2,каде градските и селските населби се разграничуваат според одреден стандард.Меѓународниот статистички институт препорачал,како основа за класификација да се усвои административниот критериум,кој треба да се корегира,така што сите општини да се класифицираат во три категории:(1)селски општини со над 70% земјоделско население,(2)мешовити општини со 40-60% земјоделско население и (3)градски општини со помалку од 40 % земјоделско население.

Поврзано[уреди]