Остроглава шарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Остроглава шарка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Потколено: ’Рбетници
Класа: Влекачи
Ред: Лушпари
Подред: Змии
Фамилија: Отровници
Потфамилија: Отровници
Род: Шарка
Вид: Остроглава шарка
Биномен назив
Vipera ursinii
(Bonaparte, 1835)
Синоними
  • Coluber foetidus
    Güldenstädt In Georgi, 1801
  • Pelias Ursinii Bonaparte, 1835
  • [P[elias]. berus] Var. Ursinii
    Cope, 1860
  • Pelias chersea vel Ursinii
    — Cope, 1860
  • Pelias Renardi Christoph, 1861
  • [Vipera berus] var. rákosiensis Méhelÿ, 1893
  • Vipera ursinii Boulenger, 1893
  • Vipera renardi — Boulenger, 1893
  • Vipera ursinii var. rakosiensis Méhely, 1894
  • Vipera ursinii — Boulenger, 1896
  • Vipera renardi — Boulenger, 1896
  • Vipera macrops Méhely, 1911
  • Vipera ursinii macrops
    Bolkay, 1924
  • Vipera (Pelias) ursinii forma trans. rudolphi A.F. Reuss, 1924
  • Acridophaga ursinii — A.F. Reuss, 1927
  • Vipera ursinii ursinii — L. Müller, 1927
  • Coluber ursinoides Nikolsky, 1927
  • Peilas berus var. uralensis
    A.F. Reuss, 1929 (nomen nudum)
  • Acridophaga uralensis
    — A.F. Reuss, 1929
  • Vipera berus var. rakosiensis
    — F. Werner, 1929
  • A[cridophaga]. (renardi) eriwanensis A.F. Reuss, 1933
  • Vipera ursinii renardi
    — Schwarz, 1936
  • Vipera ursinii macrops
    — Schwarz, 1936
  • Acridophaga ursini — F. Werner, 1938
  • Vipera berus var. renardi
    Başoğlu, 1947
  • Vipera ursinii rakosiensis
    — Knoepffler & Sochurek, 1955
  • Vipera ursinii ebneri
    Knoepffler & Sochurek, 1955
  • Vipera ursinii wettsteini
    Knoepffler & Sochurek, 1955
  • Vipera orsinii Ghidini, 1958
  • Vipera ursinii ursinii

Остроглава шарка или остроглава осојница (науч. Vipera ursinii) — широкораспространета змија од фамилијата на отровниците (Viperidae) од југоисточна Франција, па сè до Кина (Синџанг). Во Македонија, се среќава во северниот и североисточниот дел на земјата[2]. Засега нема признаени подвидови.[3]

Научен назив[уреди]

Научното име ursinii го носи во чест на италијанскиот природонаучник Антонио Орзини (1788–1870).[4]

Опис[уреди]

Возрасните единки се долги во просек 40–50 см, иако се најдени и примероци по 63–80 см.[5] Женките се поголеми од мажјаците. Остроглавата шарка е слична на италијанската (V. aspis) и обичната шарка (V. berus), но има забележителни разлики. Ова е најмала отровница во Европа, со дебело тело, тесна глава и груб изглед. Муцката не е извиена нагоре. На главата има неколку големи лушпи (плочки). На грбот има изразено засртени лушпи во само 19 реда, а меѓу нив честопати се забележува темна кожа. По боја змијата е сива, драп или жолтеникава со темна кривулеста пруга на грбот, обрабена со црно.[6]

Распространетост[уреди]

Распространетост на остроглавата шарка

Покрај Македонија, остроглавата шарка живее во југоисточна Франција, источна Австрија (изумрена), Унгарија, средна Италија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Романија, јужна Бугарија, Грција, Турција, северозападен Иран, Ерменија, Азербејџан, Грузија, Русија, Казахстан, Киргистан и степите на источен Узбекистан до (вклучувајќи го) Синџанг во Кина.

Подвидот Vipera ursini rakosiensis е матичен за Унгарија[7] но неговиот таксономски статус е спорен (вид. „Таксономија“)

Заштитен статус[уреди]

Оваа змија е заведена како ранлив вид на Црвениот список на МСЗП поради уништувањето на живеалиштата предизвикани од промените во земјоделството и климатските промени во планинските подрачја. Игра улога и нивното собирање во трговијата со миленици.[1]

Покрај тоа, остроглавата шарка е заведена во Прилог I од Конвенцијата за меѓународна трговија со загроезени видови како миленици (CITES) , што значи дека на змијата ѝ се заканува изумирање ако не престане трговијата,[8] and is a strictly protected species (Appendix II) на Бернската конвенција.[9]

Таксономија[уреди]

Единките покажуваат висок степен на генетска разновидност. Во современата стручна литература се среќаваат барем 6 подвида, иако може впрочем да се работи за повеќе видови:

  • V. u. ursinii (Bonaparte, 1835)
  • V. u. eriwanensis (A.F. Reuss, 1933)
  • V. u. graeca Nilson & Andrén, 1988
  • V. u. macrops Méhelÿ, 1911
  • V. u. moldavica Nilson, Andrén & Joger, 1993
  • V. u. rakosiensis Méhely, 1893
  • V. u. renardi Christoph, 1861

Golay et al. (1993) ги признава првите четири, додека пак Mallow et al. (2003) признава пет и ги наведува V. eriwanensis и V. renardi како исправни видови.[5] Меѓутоа, McDiarmid et al. (1999), а со тоа и Обединетиот таксономски информативен систем (ITIS) сметаат дека се потребни поточни податоци за да може да се одреди бројот на подвидови.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Joger, Ulrich; Crnobrnja Isailovic, Jelka; Vogrin, Milan; Corti, Claudia; Sterijovski, Bogoljub; Westerström, Alexander; Krecsák, László; Pérez Mellado, Valentin; Sá-Sousa, Paulo; Cheylan, Marc; Pleguezuelos, Juan M.; Sindaco, Roberto (2008). Vipera ursinii. „Црвен список на загрозени видвови на МСЗП, верзија 2011.1“. Меѓународен сојуз за заштита на природата. http://www.iucnredlist.org/apps/redlist/details/22997. конс. 5 јули 2011.  (англиски)
  2. Петковски, С.; В. Сидоровска и Г. Џукиќ (2000/1). „Биодиверзитетот на фауната на змиите (Reptilia: Serpentes) во Македонија“. „Екол. Зашт. Живот. Сред.“ (Скопје) 7 (1-2): 41-54. http://www.mes.org.mk/PDFs/Journal/Vol%2007/Petkovski%20et%20al.pdf. 
  3. Vipera ursinii. Обединет таксономски информативен систем. http://www.itis.gov/servlet/SingleRpt/SingleRpt?search_topic=TSN&search_value=635002. конс. 19 август 2006.  (англиски)
  4. Bonaparte, Carlo Luciano. 1835. Iconografia della fauna italica per le quattro classi degli animali vertebrati. Tomo 2. Amfibi. Rome: Salviucci. pages unnumbered. (Pelias Ursinii )
  5. 5,0 5,1 Mallow D, Ludwig D, Nilson G. 2003. True Vipers: Natural History and Toxinology of Old World Vipers. Malabar, Florida: Krieger Publishing Company. 359 pp. ISBN 0-89464-877-2.
  6. Arnold EN, Burton JA. 1978. A Field Guide to the Reptiles and Amphibians of Britain and Europe. London: Collins. 272 pp. ISBN 0-00-219318-3. (Vipera ursinii, pp. 215-217 + Plate 39 + Map 121.)
  7. Fertő-Hansag National Park of Hungary
  8. Vipera ursiniiCITES и Програма за животна средина на ООН / Светски центар за надзор на заштитата на природата конс. 8 октомври 2006
  9. Конвенција за зачувување на европската дива природа живеалишта, Прилог II at Совет на Европа конс. 9 октомври 2006

Надворешни врски[уреди]